Средба на Заев со стипендисти на германска економска програма

Стипендистите на програмата биле придружувани од претставничката од економскиот оддел на германската амбасада Марина Серафимовска.

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со учесници на стипендиската програма на Комитетот на германското стопанство за Источна Европа, на која стипендистите споделиле искуства од нивната работа во компании во Германија и мислења за применливи практики во нашата земја, во бизнис секторот, образованието, науката, со оглед дека тие денес живеат, учат и работат во државава.

Стипендистите на програмата биле придружувани од претставничката од економскиот оддел на германската амбасада Марина Серафимовска.

На средбата, како што информираат од владината прес-служба, заеднички е констатирано дека младите луѓе се една од важните движечки сили на општеството и дека е од исклучително значење мотивацијата на младите луѓе да придонесуваат во развојот на државава.

Тоа, заеднички било констатирано, е можно со отворање простор за работа, за реализација на нивните идеи, со поставување стручни кадри на соодветни позиции, со почитување на нивното знаење и иницијативност, како во државните институции, така и од страна на менаџментите на компаниите.

-Сојузна Република Германија е стратешки партнер на Република Северна Македонија и на политички и на економски план. Ги почитуваме заложбите на Република Германија, да ѝ помогне на нашата држава, како на планот на интеграциите, така и во развојот на економијата и оспособувањето млади луѓе, кои својата иднина ќе ја градат во родната земја. Владата е силно посветена да ги унапреди можностите за младите луѓе во Република Северна Македонија да ги гледаат перспективите за работа и образување. Тоа го правиме преку насоченоста кон отворањето нови работни места, можностите за инвестирање во старт ап претпријатија, преку фондовите за иновативни идеи, привлекувањето странски инвеститори и можностите за работа во познати големи светски компании, за чие што инвестирање во земјава се водат разговори. Посветеноста на НАТО и европските интеграции е пред се да ги мотивираме младите луѓе да сакаат да учат и работат во својата земја, изјави премиерот Заев.

На средбата, се вели во соопштението, било истакнато дека се гледа потенцијал кај младите луѓе во Република Северна Македонија, за што говори и бројката од 91-на добиена стипендија на млади луѓе од земјава од 2007 година до денес, во рамки на програмата предвидена за земјите од регионов.

Стипендиската програма на Комитетот на германското стопанство за Источна Европа, се реализира во соработка со Фондацијата Зоран Џинџиќ и е поддржана од германското Сојузно министерство за економска соработка и развој.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер