Средба на Заев со германскиот амбасадор Гербих: Германија останува наш силен сојузник, благодарност за Хесенската награда за мир

Претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ денеска се сретна со амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Томас Гербих.

На средбата беше разговарано за повеќе актуелни состојби како последната ратификација на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО од страна на Шпанија, процесот на реформи, но и ситуацијата со коронавирусот во државата и во Европа.

– Со ратификацијата во шпанскиот Сенат, заокружен е процесот на ратификување на Протоколот за пристапување во НАТО, со тоа, денеска Македонија станува 30 земја членка на НАТО Алијансата. Ова е остварување на децениските заложби на огромното мнозинство граѓани на нашата држава, истакна претседателот Заев.

Во однос на заканите од коронавирусот, претседателот Заев посочи дека сите институции на чело со Министерството за здравство презеле итни и навремени мерки против ширење на вирусот.Покажавме дека засега успешно се справуваме со заканите од коронавирусот, но мерките треба да продолжат уште позасилено. Затоа, неопходно е да воведување на вонредна состојба, која обезбедува механизми за поголема заштита на населението и спречување на ширење на заразата. Со воведување на вонредна состојба ќе се најдат механизми за навремена и ефикасна помош на стопанството и гранките кои се загрозени од вирусот. Вчера донесовме нов сет мерки, а веќе утре ќе следуваат конкретни мерки за помош на економијата, особено за оние кои се најпогодени од оваа состојба, потенцираше Заев.

Амбасадорот Гербих му честиташе на претседателот Заев за последната ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО, а меѓу другото оцени дека досега Македонија со голем успех се справува со коронавирусот кој е закана за цела Европа.

Германскиот амбасадор ја искористи приликата и на средбата на претседателот Заев лично му ја врачи Хесенската награда за мир (Hessian peace prize) од страна на Фондацијата Алберт Освалд од сојузната германска држава Хесе, чии добитници се претседателот на СДСМ Зоран Заев и поранешниот премиер на Грција и претседател на партијата Сириза, Алексис Ципрас.

Како што истакна амбасадорот Гербих оваа награда се доделува за достигнувањата што Заев и Ципрас заедно ги оствариле решавајќи долгогодишно отворено прашање со што испратија силен позитивен сигнал во регионот но и во Европа.

Претседателот Заев се заблагодари за наградата истакнувајќи го нејзиното значење и изрази уверување дека соработката со стратешкиот партнер и наш силен поддржувач Германија, ќе продолжи и во иднина.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер