Средба на воени претставници на Косово и Албанија за унапредување на соработката - Канал 5

Средба на воени претставници на Косово и Албанија за унапредување на соработката

За време на дводневната посета беа разменети искуства и се разговараше за нови области на меѓусебна соработка меѓу двете армии.

Средба на воени претставници на Косово и Албанија за унапредување на соработката

Делегација на Вооружените сили на Косово (ФСК) престојуваше во дводневна посета на Албанија, каде со шефовите на Вооружените сили на Албанија (ФАРШ) разговарала за проширување на меѓусебната соработка во нови области, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на ФСК се вели дека делегацијата предводена од полковникот Ахмет Ајети на одвоени средби била примена од вршителот на должноста командант на Академијата на ФАРШ, полковник Бардил Нурединај и од директорот на Воениот научно истражувачки институт, полковник Улси Реџај и раководниот кадар на Институтот.

„За време на дводневната посета беа разменети искуства и се разговараше за нови области на меѓусебна соработка меѓу двете армии, со фокус на унапредување на професионалниот развој на војниците во центрите за обука на ФАРШ и ФСК“, се наведува во соопштението на ФСК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет лица се исчезнати во пожар во Швајцарија, осум повредени

Пет лица се исчезнати, а осум се повредени во пожарот што синоќа уништи станбена и деловна зграда во швајцарскиот град Тусис.

Пет лица се исчезнати во пожар во Швајцарија, осум повредени

Зградата, во која се наоѓале ресторан и станови, е целосно уништена, потврди полицијата во кантонот Граубинден, јавува Би-Би-Си.

Полицијата била повикана на пожарот кратко по полноќ, по што речиси 100 пожарникари излегле на местото на настанот. Интервенцијата била исклучително тешка бидејќи скалите на зградата се урнале, па пожарникарите морале да користат кран за да го пробијат покривот за да пристапат до внатрешноста. И покрај тешките услови, 14 лица биле спасени од запалената зграда.

Состојба на повредените и истрага

Од осумте повредени, двајца се здобиле со сериозни повреди, двајца умерено сериозни, додека четворица се здобиле со полесни повреди. Сите се однесени во болниците во Хур, Тусис, Иланц и Цирих. Првичните резултати од истрагата покажуваат дека пожарот започнал на вториот кат, но точната причина сè уште се утврдува. Истрагата ја спроведуваат заеднички полицијата и канцеларијата на државниот обвинител.

Тусис е град во алпскиот регион Граубинден, популарна туристичка дестинација во источна Швајцарија позната по своите зимски спортови и летни активности на отворено.

Фото: ФБ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Ислам Абази го заштити Венко за случајот со модуларната болница

Ислам Абази го заштити Венко за случајот со модуларната болница, Филипче и Заев го менуваат Законот за градење за да можат да ги изградат модуларните болници.

Лефков: Ислам Абази го заштити Венко за случајот со модуларната болница

Ислам Абази го заштити Венко Филипче за случајот со модуларната болница.

Ислам Абази аргатот на Филипче, Заев и Ахмети, во последните месеци од раководењето со ОЈО ГОКК ги заштити криминалците во државата.

Предметот фати прашина во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, за да сега по 5 години, да се затвори судскиот процес, без да има истрага.

Ова е тоа корумпирано и корозирано судство и обвинителство, кое работи под диригентските палки на СДС и ДУИ.

Зошто сметаме дека Филипче е директниот виновник во ово случај? Затоа што пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што загинуваат 14 наши сограѓани, наместо да се подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го промениле Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување одобрение ќе издава Министерството за здравство, односно тогашниот министер, Венко Филипче.

Овие болници не се запишани во катастар, немаат добиено одлука од владата за трајно користење и немаат одобрение за употреба по правилник за простор опрема и кадар.

За овие работи, има евиденција во проектната единица во Министерството за здравство и истата е предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал на ден 12.12.2023.

И по ова, Абази вели дека случајот треба да се затвори, затоа што не постои сомнение за злоупотреба на службена положба.

Поради вакви корумпирани поединци како Абази, Филипче наместо да одговара, тој ќе се смее од партиската говорница и ќе ужива на јахтата на Заев.

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога немал пари, тие му помогнале: Џорџ Клуни им возвратил со милиони

Со децении, името на холивудската ѕвезда, актерот Џорџ Клуни е синоним за големи филмски успеси и хонорари вредни милиони долари.

Кога немал пари, тие му помогнале: Џорџ Клуни им возвратил со милиони

Сепак, зад неговата блескава кариера и статусот на една од најголемите холивудски ѕвезди се крие приказна за еден неверојатен гест што тој го направил за луѓето кои биле покрај него многу пред да стане славен.

Во 2013 година, холивудскиот актер одлучил да ги награди своите 14 најблиски пријатели, подарувајќи му на секој од нив по еден милион долари во готовина. Тој поделил вкупно 14 милиони долари, а според неговиот пријател Ренд Гербер, отишол и чекор понатаму, покривајќи ги даноците за неговите пријатели навистина да можат да ја задржат целосната сума од еден милион долари. На 27 септември 2013 година, Клуни ги поканил своите пријатели – група мажи кои себеси се нарекуваат „Момците“ (The Boys) – на вечера.

Не ја открил причината за собирањето, а по нивното пристигнување, ги очекувало огромно изненадување. На секое место на масата ги чекала по една куфер-торба со еден милион долари во готовина.

Подоцна, во интервју за магазинот *GQ*, Клуни открил дека парите ги обезбедил од трезор во Лос Анџелес во кој се чувале големи количини готовина. За да не привлекува внимание, ги пренесол парите со старо комбе означено како возило за достава на цвеќе, а потоа ги спакувал во 14 торби.

Пред тоа, тој им покажа на своите пријатели мапа на светот и им раскажа за сите места што успеал да ги посети и за искуствата што ги стекнал во текот на животот.

Јасно им стави до знаење дека и тие имале удел во неговиот успех. Актерот нагласи дека не ги заборавил годините кога немал пари – време кога пријателите му помагале на разни начини: некои му позајмувале пари, додека други дури му дозволувале да спие на нивните каучи.

Во моментот кога одлучи на секој од нив да му подари по еден милион долари, Клуни веќе беше исклучително успешен.

„Без нив, немаше да го имам сево ова“, тврдеше тој. Ова се случи само неколку месеци откако Џорџ ја запозна адвокатката за човекови права Амал Аламудин, иако во тоа време сè уште не беа во врска. Таа го промени неговиот поглед кон бракот; откако се разведе од актерката Талија Балсам во 1993 година, тој се беше заколнал дека никогаш повеќе нема да стапи во брак. Амал беше жената што го освои, а во септември 2014 година, тој се ожени со неа.

Три години подоцна, тие добија близнаци – ќерката Ела и синот Александар. Двојката го чува својот семеен живот подалеку од очите на јавноста; во потрага по подобар квалитет на живот, тие се преселија во Франција бидејќи сакаа на своите деца да им овозможат помирно детство, далеку од Холивуд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер