Средба на претседателот на СДСМ Заев со словачкиот амбасадор Безак

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево се сретна со амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Мартин Безак.

Тема на разговорот, како што соопштија од СДСМ, била потребата од деблокирање на демократските процеси, со коишто ќе се овозможи стабилност и развој на Република Македонија кон ЕУ и НАТО и квалитетен живот за граѓаните.

- Решение мора да има низ почитување на демократските принципи. Граѓаните на кредибилни избори се изјаснија за промени. Легитимно е формирано новото парламентарно мнозинство од 67 пратеници избрани од околу 700.000 граѓани. Продолжуваме кон избор на нов претседател на Собранието и нова Влада, според мнозинската волја, рекол Заев на средбата.

На неа било нагласено дека е неопходно сите институции, партии и поединци да овозможат мирен трансфер на власта. На состанокот се разговарало и за итните реформски приоритети што е подготвена да ги реализира новата Влада, која, како што посочуваат од партијата, ќе биде посветена на потребите на сите граѓани и на државните интереси преку развој на Република Македонија во демократска и современа земја со евро-атлантски перспективи.

Уште еден неуспех на Боинг- одложено е лансирање на ракета во орбитата, следен обид е на 10 мај

Комерцијалното вселенско летало Старлајнер на Боинг вечерва не полета во вселената, како што беше планирано и најавено.

Причина за уште едно одложување е проблемот со ракетата Atlas V, а се верува дека за ново лансирање нема да се размислува до 10 мај.

- Денешното лансирање на Старлајнер беше откажано затоа што тимовите процениле дека системот за ослободување кислород на сцената Кентаур на вселенското летало Атлас V. Нашите астронаути излегоа од Старлајнер и се вратија во своите простории - објави НАСА на Икс (Твитер).

Старлајнер на Боинг е комерцијално вселенско летало кое чека со години, но неговото завршување беше многупати одложувано, како и неговото прво лансирање. Досега беше лансиран, но без екипаж, во 2019 и 2022 година. Сепак, целта е да се натпреварува со вселенското летало на Илон Маск, SpaceX, кое моментално превезува астронаути до Меѓународната вселенска станица.

Леталото, со помош на ракетата Атлас V, треба да го има првото лансирање од Зеленортските Острови по Аполо 7 во 1968 година.

Патем, ракетата Atlas D е изградена како прва американска интерконтинентална балистичка ракета, но Atlas D беше модифицирана за да ги лансира првите американски астронаути во вселената. Се разбира, Atlas D и Atlas V се слични само по името. Модерната верзија е дизајнирана од компанијата Локид Мартин, а има руски мотор RD-180 во првата фаза од летот и за време на горната етапа на Кентаур. Воведена е во 2002 година и е најдолготрајната ракета во употреба, а се очекува наскоро да биде пензионирана, пишува CollectSpace.

Ужас во Намибија: Нилски коњ излезе од река и нападна туристи во чамец (ВИДЕО)

На интернет кружи грозоморно видео од Намибија, каде нилски коњ ги напаѓа туристите кои крстареле по реката Чобе.

И покрај напорите на капетанот да избегне „блиска средба“, водениот џин се приближил, ги покажал вилиците и го нападнал чамецот.

Сведоците велат дека пловилото полека се движело, додека љубопитните туристи гледале група нилски коњи од безбедно растојание.

Одеднаш, еден се упатил кон нив, а пропелерот на моторот се заглавил во плитката вода и немало време за бегство, пренесува The Sun.

На видеото се гледа како монструозното животно ги забива челустите во чамецот и го уништува надворешниот мотор. Унишен е и дел од коритото, а туристите седат преплашени.

„Не можев да верувам што се случува“, изјавила Џеки Бошоф подоцна.

Таа додава дека капетанот внимавал и ги исклучил моторите за да може чамецот тивко да се приближи до групата нилски коњи.

Сепак, еден од мажјаците решил да ги избрка „непоканетите гости“.

„Одеднаш нѐ нападна. Капетанот се обиде да маневрира, но се заглавивме во плитка вода. Дури подоцна сфативме дека покрај мажјакот има и младенче“, изјавила Бошоф.

Бајден: Луѓето заборавија на нападот на Хамас на 7 октомври

За време на неговиот говор за антисемитизмот и холокаустот во Салата за еманципација на Капитол, американскиот претседател Џо Бајден рече дека луѓето ширум светот веќе го заборавиле масакрот на Хамас на 7 октомври и земањето заложници Израелци.

„Тука сме, не 75 години подоцна, туку само седум месеци подоцна, а луѓето веќе забораваат дека Хамас го започна овој терор. Не заборавив, ниту вие. И нема да заборавиме“, рече американскиот претседател , пренесува Тајмс оф Израел.

Бајден оцени дека нападот на Хамас врз Израел, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а 252, главно цивили, беа киднапирани, е најсмртоносниот ден за Евреите по холокаустот.

„Оваа омраза кон Евреите продолжува да лежи длабоко во срцата на премногу луѓе во светот и бара наша постојана будност и отвореност“, рече Бајден.

притисни ентер