Средба на Пратеничката група за соработка со Италија со амбасадорот Палминтери - Канал 5

Средба на Пратеничката група за соработка со Италија со амбасадорот Палминтери

Денеска, Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија оствари средба со италијанскиот амбасадор, Н.Е. Паоло Палминтери во земјава.

Средба на Пратеничката група за соработка со Италија со амбасадорот Палминтери

На сребата покрај претседателот на Пратеничката група, Елми Азири, беа присутни и членовите: Благица Ласовска, Димитар Ковачевски и Мевмед Џафери.

Претседателот Азири изрази благодарност за иницијативата за оваа средба, истакнувајќи дека билатералните односи меѓу двете земји се традиционално добри и пријателски, а економската соработка го одржува долгодишниот тред – Италија во повеќедецениски континуитет е меѓу десетте најзначајни економски и трговски партнери на Македонија.

На меѓупарламентарен план, беше истакнато дека повеќе од 2 децении се формираат пратенички групи за соработка со Италијанскиот парламент, а исто така и во Италијанскиот парламент е формирана мешовита група за пријателство со земјите од регионот. При што Азири ја исткана подготвеноста за поблиска соработка меѓу групите, како продолжение на севкупната билатерална соработка.

Во однос на процесот на нашата евроинтеграција, Азири посочи дека високо ја цениме безрезервната и пред сè, вокалната поддршка од Италија, што за нас претставува недвосмислена потврда на сите наши напори за да ја оствариме стратешката цел и желба на нашите граѓани - да бидеме дел од европското семејство на народи.

Притоа амбасадорот Палминтери посочи дека ова е важен момент за земјата, кога европските лидери се посветени на проширувањето на Унијата и овој момент треба да се искористи.

Соговорниците и амбасадорот Палминтери ја потенцираа огромната важност на нашата дијаспора во Италија, која е успешно интегрирана и добро етаблирана во италијанското општество, претставувајќи мост за унапредување на пријателството и соработката. Нашата држава очекува Италијанскиот парламент што поскоро да го ратификува Договорот за социјална сигурност, како би можеле нашите иселеници непречено да ги остваруваат своите пензиски и социјални права.

На крајот од средбата пристувните истакна дека Македонија останува отворена и за натамошна заемна поддршка и соработка меѓу нашите постојани делегации во останатите меѓународни парламентарни собранија - ПС на Советот на Европа, ПС на OБСЕ, ИПУ и ПС на Медитеранот, како и развивање и унапредување и на други сегменти на меѓудржавна соработка – покрај економијата, исто така и во културата, образованието, туризмот, здравството и слично.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вчера пред Белата куќа се слушна: „Мишел Обама е маж“ (ВИДЕО)

Џош Хокит се соочи со остри критики за невкусниот коментар.

Вчера пред Белата куќа се слушна: „Мишел Обама е маж“ (ВИДЕО)

УФЦ борецот Џош Хокит се соочи со остри критики за невкусниот коментар за поранешната прва дама Мишел Обама по победата во борбата одржана синоќа на јужниот тревник на Белата куќа, како дел од борбениот настан „UFC Freedom 250“, кој го промовираше самиот претседател Доналд Трамп. Хокит, покрај контроверзната изјава, по натпреварот на претседателот Трамп му подари златен ланец.

За време на разговорот со познатиот подкастер и коментатор на „UFC“ Џо Роган, Хокит го заврши своето интервју по борбата со насмевка и гледање директно во камерата велејќи: „И конечно...Мишел Обама е маж! Дали сум во право Америка?“

Оваа загатка е очигледна референца за теоријата на заговор за поранешната прва дама што се прошири на политичката десница во последните години, промовирана од некои конзервативни аналитичари.

Осуди од светот на спортот и политиката

Бројни личности од спортот, политиката и поп културата го осудија испадот на Хокит. "Џош Хокит ја добива најголемата борба во кариерата во Белата куќа и решава да го заврши интервјуто нарекувајќи ја Мишел Обама маж. Колку е срамота", напиша на социјалните мрежи поранешниот бек на НФЛ и спортски коментатор Роберт Грифин Трети. „Треба да си навистина мал маж за да го искористиш најголемиот момент за да нападнеш жена нарекувајќи ја маж.

Демократскиот национален комитет од своја страна објави портрет на Мишел Обама со порака дека таа „живее во нивните глави“.

Дејв Портној, основач на порталот „Barstool Sports“ и инаку поддржувач на претседателот, го повика Трамп да ја осуди изјавата на Хокит. „Тоа е УФЦ, тие се луди. Тие се идиоти. Но, кога тоа ќе се случи на тревникот во Белата куќа на настан што ќе го приредите... Не ми е гајле што мислите за Обама или нешто друго. Тоа мора веднаш да се осуди“, рече Портној.

Невиден спој на политика и спорт

Пратеникот Хоакин Кастро, демократ од Тексас, го повика медиумскиот гигант Парамаунт, кој го емитуваше настанот. „Па дали е ова ѓубре што можеме да го очекуваме од „CBS“ сега“, праша демократот.

Настанот во неделата ги спои политиката и спортот на невиден начин и послужи како најнов пример за блиските врски на Трамп со „UFC“ и нејзиниот извршен директор Ден Вајт.

Претседателот го прослави настанот во објава на „Truth Social“ неделата вечерта, нарекувајќи го „неверојатен“ и додаде: „Белата куќа никогаш не изгледала поубаво.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Ормускиот теснец целосно ќе биде отворен во петок

Американскиот претседател Доналд Трамп откри нови детали за договорот меѓу САД и Иран за време на разговор со новинарите на самитот на Г7 во францускиот град Евијан-ле-Бен.

Трамп: Ормускиот теснец целосно ќе биде отворен во петок

Трамп, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека стратешки важниот Ормуски Теснец веќе е делумно отворен, а целосно ќе биде отворен во петок, кога официјално ќе биде потпишан меморандумот за разбирање меѓу Вашингтон и Техеран во Женева.

Тој потврди и дека текстот на меморандумот ќе биде јавно објавен, најверојатно веднаш по официјалната церемонија на потпишување. Американскиот претседател навести и дека нема лично да присуствува на потпишувањето во Швајцарија. Наместо него, во Женева ќе отпатува потпретседателот Џеј Ди Венс, кој ќе ја претставува американската администрација на церемонијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарскиот парламент изгласа промена на уставот: Орбан повеќе не може да биде премиер

Унгарскиот парламент одобри уставен амандман што им овозможува на премиерите да служат максимум осум години, со што практично му се забранува на поранешниот премиер Виктор Орбан повторно да биде на таа функција.

Унгарскиот парламент изгласа промена на уставот: Орбан повеќе не може да биде премиер

Премиерот Петер Маѓар го собори Орбан на изборите во април по 16 години на власт, освојувајќи двотретинско мнозинство во парламентот што и овозможува на неговата партија да ги поништи или измени законите донесени од Фидес на Орбан, вклучително и уставот.

Ограничувања на мандатот

Амандманот вели дека секој што претходно бил премиер најмалку осум години не може да биде избран за премиер. Ова се однесува на премиерските мандати по 2 мај 1990 година.

Премиерите ќе мора да ја напуштат функцијата по вкупно осум години, или два мандати.

Уставниот амандман, исто така, го отвора патот за распуштање на Канцеларијата за заштита на суверенитетот, која беше формирана од владата на Орбан и ги стигматизираше опозициските личности и новинарите за „служење на странски интереси“.

Амандманот, исто така, ѝ ги враќа на државата основачките права на таканаречените фондации за управување со средства од јавен интерес. Владата на Орбан им префрли државен имот во вредност од стотици милијарди форинти на овие фондации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер