МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
1МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
2Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
3Контроверзниот Менди го продаде трофејот од Светското првенство: „Можам да правам со него што сакам“
БалканСредба на Началникот на Генералштабот на Србија и командант на КФОРНачалникот на Генералштабот на Србија и командант на КФОР за соработка поради „нестабилната ситуација“ во Косово.Поради нестабилната ситуација на Косово, неопходно е продолжување на соработката меѓу Војската на Србија и КФОР, оценија на средба на 7 август во Белград началникот на Генералштабот на Војската на Србија (ВС) и командатот на КФОР генерал мајорот Озкан Улуташ, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Министерството за одбрана на Србија, Мојсиловиќ и Улуташ разговарале за безбедносната состојба на Косово и заедничката соработка меѓу ВС и КФОР во Белград. -Имајќи предвид дека безбедносната состојба на Косово и Метохија е нестабилна и чувствителна, соговорниците се согласија дека е неопходно да се продолжи досегашната добра соработка и директна комуникација на сите нивоа, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана. Мојсиловиќ на состанокот кажа дека ВС, во согласност со Воено-техничкиот договор, го гледа КФОР како единствен легитимен безбедносен актер на Косово и Метохија, кој е „должен да дејствува професионално и непристрасно и да го штити српското население и наследство“. Средбата се одржа на денот кога Србите кои живеат во Северна Митровица одржаа протест против отворањето на мостот на Ибар што ја поврзува оваа општина со Јужна Митровица, каде живее мнозинско албанско население. Во повоениот период, овој мост беше симбол на конфликти и барикади што ги подигнаа косовските Срби за да се спротивстават на напорите на Косово да воспостави власт на северот. Мостот засега е отворен само за пешаци, иако е договорено како дел од дијалогот на Косово-Србија да се отвори и за сообраќај. Владата на косовскиот премиер Албин Курти во средината на јули објави дека има намера да го отвори главниот мост на Ибар во Митровица. Сепак, земјите на Квинтата - САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, соопштија на 2 август дека не поддржуваат отворање за сообраќај на мостот во овој момент. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЌерката на Том Круз официјално го промени своето презимеСури Круз (20), ќерката на познатиот американски актер Том Круз и актерката Кејти Холмс, официјално го променила своето презиме во Ноел – средното име на нејзината мајка. Ова го покажуваат јавните евиденции на регистрирани гласачи во Пенсилванија, каде што Сури моментално студира на Универзитетот „Карнеги Мелон“, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six). Таа се регистрирала во округот Алегени како Сури Ноел; медиумот напоменува дека, според законот, жителите мора да ги користат своите законски имиња при регистрацијата за гласање. Исто така, се наведува дека Сури – која наскоро ќе настапи во претстава по дело на Шекспир на универзитетот – не поднела барање за промена на името во округот Алегени. Ова сугерира дека таа можеби тоа го сторила во Њујорк, каде што живеела со мајка си пред да започне со студиите. Сури нема контакт со својот татко уште од разводот на нејзините родители во 2012 година; информациите за промената на нејзиното презиме првпат се појавија во 2024 година, за време на нејзиното матурирање, кога таа не го користела неговото презиме. Том Круз и Кејти Холмс се разведоа во 2012 година, по што Сури се пресели во Њујорк со својата мајка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ЗабаваХрватската мисица на изборот во Виетнам ќе носи спектакуларен фустан инспириран од Плитвице и Крка Мисицата, Ема Хелена Вичар, на 8 август заминува за Виетнам за да ја претставува Хрватска на 73-тиот избор за „Мис на светот“ (Miss World), еден од најпрестижните светски избори за убавина. Натпреварот се одржува од 9 август до 5 септември и ќе собере околу 130 натпреварувачки од целиот свет. Покрај самиот избор за убавина, во последните децении „Мис на светот“ се фокусира на хуманитарна работа, образование и општествена одговорност преку слоганот „Убавина со цел“ (Beauty With a Purpose). Токму во оваа категорија, убавата Ема ќе го претстави својот проект „Сина планета: Цел за живот“ (Blue Planet: A Purpose for Life), кој е посветен на заштитата на Јадранското Море и отстранувањето на отфрлените рибарски мрежи – сериозна закана за морските екосистеми. Ема ќе се натпреварува во седум категории. Како студентка на постдипломски студии по менаџмент на луксузни брендови во Монако и сопственичка на бренд за одржлива мода, Ема ќе се натпреварува во седум официјални категории, меѓу кои се талент, топ-модел, спорт и интервју. За категоријата „Топ-модел“, таа ќе носи спектакуларна креација на хрватската дизајнерка Марина Матиќ (LARIE), инспирирана од Плитвичките Езера и Националниот парк „Крка“. Фустанот е украсен со повеќе од 500.000 кристали „Сваровски“, монистра и камења.Тагови: Мис Универзум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ФудбалПСЖ преговара за трансфер на Феран Торес Европскиот и француски фудбалски шампион ПСЖ продолжува со директни разговори со претставниците на фудбалерот на Барселона, Феран Торес во врска со можен трансфер ова лето. Барселона не сака да го продаде шпанскиот напаѓач, а до договор би можело да дојде само доколку самиот Торес побара да го напушти клубот. ПСЖ размислува да ги ангажира и Торес и младиот белгиски крилен напаѓач Мика Годс. Парижаните бараат засилувања во нападот по заминувањата на Ли Канг-ин, Гонсало Рамос и Ибрахим Мбаје. Во исто време, Ливерпул силно инсистира на ангажман на Бредли Баркола од ПСЖ – потег што би можел да ги принуди француските шампиони да направат дополнителни промени во својата напаѓачка линија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook