Средба на министерот Серафимовски со шведскиот амбасадор Солстром - Канал 5

Средба на министерот Серафимовски со шведскиот амбасадор Солстром

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Ола Солстром.

Средба на министерот Серафимовски со шведскиот амбасадор Солстром

На средбата се разговараше за можностите за развој на билатералната соработка во земјоделството, шумарството и водостопанството, со посебен акцент на инвестиции и надворешна трговија на земјоделски производи.

„Насочени сме да користиме современи искуства што ќе ни помогнат за развој на земјоделскиот сектор и препознатливост на нашите земјоделски производи и македонското вино надвор од државата“, истакна министерот Серафимовски.

На средбата стана збор и за поврзување на надлежните државни институции, научната и стручната јавност и деловниот сектор од двете земји.

Беше истакната и значајната поддршка што Кралството Шведска ја обезбедува за Република Северна Македонија преку повеќе програми, особено во насока на поддршка на евроинтегративниот процес на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија

Хаос на улиците во Франција.

Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија

Околу 320 илјади демонстранти голем дел млади маскирани за денот на вештерките излегоа на протести низ земјата барајки мерки за намалување на трошоците за живот.

Судирите со полицијата ескалираа во повеќе градови, по што приведени се околу 300 лица.

Според француските власти во Париз протестирале 70 илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека биле речиси 200 илјади. Претежно мирните демонстрации подоцна прераснаа во насилство кога маскирани групи фрлаа предмети кон полицијата, како и запаливи предмети.

Безбедносните сили одговориле со солзавец и вклучување на специјалните единици. Немири и интервенции имаше во Париз, Лион, Марсеј и Бордо.

Француските власти за безбедноста ангажирале дури 70 илјади полицајци .

Немири и насилства имаше и на улиците во Германија.

Мирните собири на младите, во повеќе големи градови прераснаа во немири. Демонстранти ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа молотови коктели кон полицијата.

По интервенцијата на полицијата уапсени се повеќе од 200 лица и кај дел од нив било пронајдено и оружје.

Најсериозни инциденти се регистрирани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург. Во Берлин се повредени речиси 30 полицајци, а приведени се 56 демонстранти. Сепак најголемиот протест е во Хамбург, каде што на улиците излегоа околу 6.700 луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Дел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера.

Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

До вторник според Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи врнежливото време. 

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

Веќе од средината на идната недела ќе настапи постепена стабилизација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер