Средба на министерот Муцунски со заменик-премиерот на Луксембург, Гзавие Бетел - Канал 5

Средба на министерот Муцунски со заменик-премиерот на Луксембург, Гзавие Бетел

Средба на министерот Муцунски со заменик-премиерот и министер за надворешни и европски прашања на Луксембург, Гзавие Бетел

Средба на министерот Муцунски со заменик-премиерот на Луксембург, Гзавие Бетел

За време на работната посета на Луксембург, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, остварил средба со заменик-премиерот и министер за надворешни и европски прашања на Луксембург, Гзавие Бетел.

Од Министерството денеска соопштија дека оваа билатерална средба претставува потврда за силниот интерес на Луксембург за Западен Балкан, како и за стратешката определба на нашата држава за интеграција во европското семејство и придонесот кон регионалната стабилност, безбедност и мир.

- Двајцата министри ги поздравија одличните пријателски односи меѓу двете земји и изразија заедничка заложба за интензивирање на политичкиот дијалог во наредниот период. Разговараа и за потенцијалите за унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на економските и трговските односи, во насока на искористување на можностите за нови инвестиции, се додава во соопштението.

Министерот Муцунски упатил благодарност за поддршката од Европската Унија по трагедијата во Кочани, како и за континуираната и силна луксембуршка поддршка за европската перспектива на нашата земја, која се манифестира и преку поддршката на реформските процеси, техничката и експертската помош.

На средбата била потенциран и прогресот што државата го има постигнато во спроведувањето на реформите како и напорите државата да остане предводник во исполнување на реформската агенда. Министерот за надворешни и европски прашања, Гзавие Бетел, ја потврдил подготвеноста и поддршката на Луксембург за натамошно придвижување на процесот на интеграција на нашата држава во Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата секоја недела - додека граѓаните плаќаат сѐ поскапо

Владата на Мицкоски воспостави нов рекорд: државата се задолжува речиси секоја седмица.

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата секоја недела - додека граѓаните плаќаат сѐ поскапо

• На 14 јули – 7 милиони евра од државните претпријатија.

• На 29 јули – 25 милиони евра од Светска банка.

• На 5 август – нови 41 милион евра преку обврзници.

За само три недели - нов долг од над 70 милиони евра.

За две години над 2,5 милијарди евра ново задолжување.

Ова не е економска политика.

Ова е политика на постојано задолжување за покривање на тековни трошоци и тендери.

Во исто време:

• Инфлацијата ги јаде платите и пензиите.

• Цените на основните производи и горивата отидоа до плафон.

• Минималната плата остана замрзната.

• Потрошувачката кошница расте секој месец.

А на сѐ ова се додава и уште еден тежок удар:

Македонија изгуби над 60 милиони евра од ИПА фондовите за пругата кон Бугарија (Коридор 8) - затоа што Владата не избра изведувач.

Тие пари сега ќе мора да се надоместат со нов кредит.

Значи - повторно задолжување.

Граѓаните плаќаат сѐ поскапо за храна, струја, гориво и вода.

А Владата одговара со нови обврзници, нови кредити и изгубени европски пари.

Долгот расте.

Цените растат.

Животниот стандард паѓа.

Оваа Влада нема економска стратегија.

Има само стратегија за преживување преку задолжување - на грбот на граѓаните и на идните генерации.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија буквално врие: Црвена тревога за 27 градови, измерени се 75 степени

Италија продолжува да биде погодена од четвртиот топлотен бран од почетокот на годината, а Министерството за здравство на земјата издаде црвена тревога за четврток, 6 август за сите 27 градови што ги следи системот за следење на екстремната топлина.

Италија буквално врие: Црвена тревога за 27 градови, измерени се 75 степени

Црвената тревога означува највисоко ниво на предупредување и подразбира временски услови што можат сериозно да го загрозат здравјето на целото население, а не само на најчувствителните групи како што се постарите лица, малите деца и хронично болните лица, објави „Раи њуз“.

Денес, 25 градови се под црвена тревога, додека Месина и Реџо Калабрија се во портокалова тревога.

Според студијата на организацијата „Легамбиенте“, температурите на асфалтот во Италија достигнуваат просечно 52 степени Целзиусови, додека максималната измерена температура била 62,7 степени.

На гумените површини, температурите се уште повисоки - просечно 66 степени, а во Торино е забележана и до 75,6 степени Целзиусови.

Благо „ладење“ од петок

Метеоролозите очекуваат благо и привремено заладување од петок, првенствено на северот од земјата и во централните делови на јадранскиот брег, каде што дневните температури треба да паднат под 35 степени.

Во поголемиот дел од централна и јужна Италија, максималните температури сепак ќе бидат помеѓу 36 и 37 степени, додека се очекува понатамошен пад кон средината на август, но во најжешките области тие сепак ќе останат многу високи.

Италијанските медиуми јавуваат дека во последните денови се регистрирани најмалку три смртни случаи кои се поврзани со топлотниот бран, меѓу нив градежен работник во близина на Бреша, обезбедувач во Болоња и 20-годишна жена која се разболела додека работела на нивите. Сушата дополнително ја влошува ситуацијата.

Недостаток на вода во повеќе од 100 општини

Повеќе од 100 општини во Пиемонт и Ломбардија се соочуваат со недостиг на вода за пиење, поради што снабдувањето се одржува со цистерни, додека во некои градови се воведени ограничувања за потрошувачка на вода.

Земјоделците предупредуваат дека земјоделските култури, особено оризот во долината на реката По, се сериозно загрозени од недостаток на врнежи од дожд. Високите температури и сушата го зголемија ризикот од шумски пожари, а во поголемиот дел од Емилија-Ромања е во сила портокалова тревога.

Извор: Б92

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири мажи избодени со нож во центарот на Лондон, жена уапсена

Четири мажи беа избодени со нож во лондонската населба Ковент Гарден во среда, а полицијата уапси жена во нејзините 40-ти години.

Четири мажи избодени со нож во центарот на Лондон, жена уапсена

Жената е приведена под сомнение за напад и поседување оружје, објави Скај њуз.

Ковент Гарден е една од најпознатите туристички области во центарот на Лондон.

Повредените се однесени во болница

Службите за итни случаи им пружиле помош на повредените на местото на настанот, по што биле однесени во трауматски центар во близина на центарот на градот.

Тежината на нивните повреди сè уште не е објавена.

Лондонската полиција соопшти дека првичните информации сугерираат дека инцидентот е поврзан со менталната состојба на осомничената.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер