Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе - Канал 5

Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

На маргините на Бледскиот стратешки форум 2026, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе.

Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

На средбата, министерот Муцунски ја потврди посветеноста кон принципите и обврските што произлегуваат од членството во Советот на Европа, Европската конвенција за човекови права и другите релевантни правни инструменти. Во тој контекст, ја нагласи важноста од почитувањето и спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Соговорниците разговараа и за реформската агенда и усогласувањето со европските стандарди, како и за актуелните геополитички предизвици, со посебен акцент на војната во Украина, поддршката и солидарноста со Украина и значајната улога на Советот на Европа во тој контекст.

На средбата беше изразено и очекување конструктивната соработка дополнително да се продлабочи во пресрет на шестмесечното претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дронови навлегоа во Естонија — војската прогласи воздушна тревога, НАТО подигна борбени авиони

Естонските одбранбени сили ноќеска издадоа предупредување за можна воздушна закана откако дронови влегле во воздушниот простор на земјата.

Дронови навлегоа во Естонија — војската прогласи воздушна тревога, НАТО подигна борбени авиони

Според естонската војска, неколку дронови се движеле долж источната граница меѓу Естонија и Латвија, а дел од нив влегле во естонскиот воздушен простор.

Турски борбени авиони, што учествуваат во мисијата на НАТО за патролирање на воздушниот простор на балтичките земји, биле подигнати во воздух за да ги пребаруваат дроновите.

Во реакцијата на потенцијалната воздушна закана биле вклучени и сојузничките сили на естонија, како дел од заедничката мисија на НАТО.

Околу 6 часот наутро, воздушната тревога во Естонија била укината. Војската не соопшти дополнителни информации за движењето на дроновите или за нивното потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан "бетон" Герасимовски сите одговори ќе ги добие ако се сети на моментот кога тој потпишувал дозвола

Горан „бетон“ Герасимовски, за сите прашања одговор може да најде ако се потсети што мислел во моментот кога за градбата која ја зборува, самиот дал дозвола. 

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан "бетон" Герасимовски сите одговори ќе ги добие ако се сети на моментот кога тој потпишувал дозвола

За одобренија кои тој ги издал, треба да се запраша себе си, што мислеше кога се потпишуваше и се расфрлаше со одобренија за градба?

Треба да се запраша Горан, зошто токму сега прави обиколки низ Центар, а до вчера удобно уживаше во градоначалничката фотелја под клима.

Треба да се запраша и како сè беше во ред додека издавал одобренија за градба, а сега не е.

Одговорот е јасен. Бидејќи му гори под нозе. Знае дека ова е последен мандат на СДС во Центар, а тој оди во политичка пензија.

Кога работите нема да му се одвиваат според замислениот план, Горан „бетон“ Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која ТОЈ лично ја спроведува.

На човекот со троцифрен број издадени одобренија за градба, сега опозицијата му е крива за тоа што ТОЈ, заедно со кадрите на Венко и Заев го спроведуваат цела деценија.

Деценија методи на притисоци кои смрдат на КОРУПЦИЈА. Деценија во која секоја неуспешна шема на СДС ја плаќаат центарци од сопствениот џеб во име на пенали. Нема да е прв пат, само што заврши исплаќањето кон "Пелагонија" вредно милиони.

Истите политики што сега ги спречуваме, во минатото ја чинеа Општина Центар 2,5 милиони евра отштета кон градежната компанија „Пелагонија“, обврска што општината ја исплаќаше со години.

Му препорачуваме на Горан да сврти малку поголем круг низ Центар, да си ги види стотиците згради кои тој лично ги одобрил. Или да продолжи да одмара под клима, бидејќи теренот очигледно не му оди од рака. Да си го доседи мандатот како што правеше и до сега, зошто граѓаните освен штета и расипништво, веќе ништо друго не очекуваат од него, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен шеф на банда прогласен за виновен за убиството на раперот Тупак Шакур во 1996

Поранешниот шеф на банда Двејн Кефе Ди Дејвис е прогласен за виновен за организирање на убиството на раперот Тупак Шакур, што е прва пресуда во случајот што беше нерасчистен речиси 30 години.

Поранешен шеф на банда прогласен за виновен за убиството на раперот Тупак Шакур во 1996

Поротата го прогласи шеесет и тригодишниот Дејвис за виновен по едно обвинение за убиство во врска со смртта на Шакур во пукотница во Лас Вегас на 7 септември 1996.

Обвинителите на судењето тврдеа дека иако поранешниот водач на уличната банда „Саут сајд Комптон крипс“ не пукал со пиштолот што го уби Шакур, тој го наредил убиството и го обезбедил оружјето што неговиот внук Орландо Андерсон го користел во пукањето.

Шакур имаше 25 години кога беше убиен на врвот на својата кариера, а убиството се случи во време на силното соперништво помеѓу рап сцената на источниот и западниот брег и среде вооружените пресметки помеѓу бандите „Бладс“ и „Крипс“, кои имаа длабоки корени во хип-хопот во тоа време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер