Средба на министерот Исмаили со директорот на Турскиот културен центар, Кула

Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во својот кабинет оствари средба со директор на Турскиот културен центар – Институт „Јунус Емре", Серхат Кула.

Како што соопшти Министерството за култура, на средбата министерот Исмаили и директорот Кула го изразија своето задоволство од досегашната соработка во делот на културата, а стана збор и за идните проекти со кои ќе се придонесе за развивање и продлабочување на пријателските односи и меѓукултурната соработка меѓу Македонија и Турција.

Во тој контекст директорот Кула информираше за реализацијата на повеќе проекти, културни активности и курсеви, кои придонесоа за афирмација и презентација на Турција, турската култура, уметност, историја и традиција, како и за подоброто запознавање на турскиот и македонскиот јазик, културата и религијата на двете земји.

Двајцата соговорници го изразија своето задоволство и од текот на активностите за заокружување на процедурата за отворање на Македонскиот културен центар во Истанбул, како и за процедурата околу објектот Куршумли ан, каде што ќе биде сместен Турскиот културен центар.

На средбата министерот Исмаили подвлече дека токму отворањето на Културно-информативните центри во Скопје и во Истанбул, е уште една можност, локалните култури да добијат глобални размери. /МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер