Средба на министерката Петровска со командант на НАТО одбранбениот колеџ од Рим, генерал Нилсен

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска оствари средба со генерал потполковник Макс Нилсен, командант на НАТО одбранбениот колеџ (NDC) од Рим кој заедно со слушатели од 59 земји на сениорскиот курс се во студиска посета на Македонија. 

За време на средбата министерката Петровска ја истакна одличната 28 годишна соработка помеѓу министерството и НАТО одбранбениот колеџ и потенцира дека и е особено драго што денеска Македонија може да се претстави пред слушателите како НАТО земја членка.

Петровска рече дека во сите овие изминати години, офицери на македонската Армија и високи службеници од Министерството за одбрана имаа можност да се усовршуваат на овој колеџ, а денес и со наш претставник да сме дел од самата образовна институција.

„Ние уште како партнери на НАТО започнавме со поддршка на образовните програми на НАТО, најнапред преку Партнерство за мир на одбранбените академии и институтите за безбедносни студии, преку Програмата за зајакнување на образованието во одбраната (DEEP) и сега со национален претставник во вашиот тим“, рече Петровска.

Министерката Петровска кажа дека нашата држава има огромна почит кон NDC како центар за образование, проучување и истражување за трансатлантските безбедносни прашања. Исклучително е важно што ставува збор за платформа за издигнување во кариерата за многу цивили и офицери од високи позиции кои доаѓаат не само од земјите-членки на НАТО.

Генералот Нилсен изрази задоволство што го предводи тимот од НАТО одбранбениот колеџ во посета на Македонија и потенцираше дека на сите одржани средби можеле да се уверат во високиот човечки капацитет во институциите.

При денешната студиска посета, слушателите од земји членки на НАТО, од Партнерството за мир, Истанбулската декларација и глобални партнери надвор од евроатлантската област имаа средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со Комисијата за одбрана и безбедност, со претставници од Министерствата за надворешни работи и за внатрешни работи, како и од Министерството за одбрана и Армијата

На средбите на слушателите им беа презентирани одбранбените реформи и одбранбената внатрешна и надворешна политика, трансформацијата, мисиите и операциите на Армијата во НАТО контекст.

Слушателите на сениорскиот курс е предвидено во иднина да работат во НАТО штабот во Брисел, командите на НАТО, како претставници во националните институции кои во иднина ќе соработуваат со НАТО Алијансата, сопштија од МО.

Мајк Џејмс се расплака како мало дете по историскиот пораз (ВИДЕО)

Екипата на Монако претрпе пораз во петтиот натпревар пред своите гледачи по продолженијата против Фенербахче, а Мајк Џејмс не можеше да ги задржи солзите по мечот.

Војводите беа поразени со резултат 80:79, па по последниот судиски свиреж, првата ѕвезда на Монако беше видена како плаче додека го напушта теренот.

Несомнено е дека поразот тешко му падна како играч од кого се очекува најмногу.

Овој натпревар донесе нова страница во историјата, бидејќи ова е прва победа на гостинската екипа во петтиот натпревар од плејофот во Евролигата. Досега резултатот беше 0-19, но сега историјата се промени.

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

Бајден ќе воведе построги правила за добивање азил на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре, со цел намалување на илегалните преминувања, изјавија три извори запознаени со ова прашање.

Регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети во почетна фаза од проверката за азил за да се види дали треба да им биде одбиен азил и брзо да бидат депортирани, велат анонимните извори. Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за барање азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија два извори. Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој бара уште еден мандат, се соочи со рекорден број мигранти фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател за повлекување на порестриктивните политики што тој ги воведе за време на неговиот мандат.

притисни ентер