Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби
1Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби
3СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!
КултураСредба на книжевните преведувачи во манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во ЛешокОколу 40 книжевни преведувачи од земјава и странство учествуваа на 44. меѓународната средба на книжевните преведувачи што денеска се одржа во манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во Лешок. Овогодинешната тема на симпозиумот е „Книжевниот превод – заеднички јазик на Европската Унија“.- Темата „Книжевниот превод – заеднички јазик на Европската Унија“ е инспирирана од програмата за култура на ЕУ каде во последините десеттина години е застапен и македонскиот јазик. Ова е уште еден показател дека за разлика од таканаречениот Мелтинг пот во Европа останува мноштвото јазици што моментално се зборуваат, а со оваа програма се прави обиди за нивна соодветна застапеност. Иако поради економската криза оваа програма беше доведена во прашање со извесни модификации таа продолжува да се реализира и со тоа продолжува меѓународната афирмација на македонскиот јазик и македонскиот книжевен превод, рече претседателот на Сојузот на литературни преведувачи и претседател на Советот на средбата на книжевните преведувачи Стефан Симовски. Воведно излагање на симпозиумот имаше преведувачот од Турска Република Северен Кипар Мехмет Кансу на кого ова му беше 13-ти пат по ред да учествува на оваа меѓународна преведувачка манифестација во Македонија. - Иако технологијата ја олесни комуникацијата меѓу луѓето преводот како таков не го изгуби значењето. Овие собири на кои преведувачите и писателите се собираат на едно место имаат свој придонес за подобро разбирањена луѓето во современиот свет. Луѓето може да се разберат само со меѓусебен разговор, а преводот освен преведувањето на значењето има за цел превод и на културните вредности од една во друга култура така што преку преводот се придонесува за подобро запознавање на културите а со тоа и за ширење на мирот во светот. Колку повеќе се запознаваме преку читање толу повеќе се шири мирот и меѓусебното разбирање на културите во светот, изјави Кансу. Пред почетокотна симпозиумот преведувачите му оддадоа почит на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ чиишто гроб се наоѓа во манастирскиот комплекс. На средбата традиционално беа промовирани и новопреведени книги, а втората сесија на симпозиумот опфати и читање нови објавени и необјавени препеви на македонски јазик што се одржа во манастирската црква Св. Богородица. Утре симпозиумот продолжува со работа во Скопје. Преведувачките награди за 2015 година согласно препораките на ФИТ (Светската федерација на преведувачите) и УНЕСКО ќе бидат врачени на свечен собир по повод Светскиот ден на преведувачот во Скопје на 30 септември годинава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЕвропаМелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за реална опасност по анонимните закани за напади врз околу 6.000 училишта низ земјата и предупреди на „стратегија насочена кон сеење хаос“.На средба со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, таа ги повика сите политички сили на обединување, додека наставата, по полициските проверки и евакуациите, денеска треба да продолжи вообичаено, пренесе „Анса“. Мелони ги повика лидерите на опозицијата да ги споделат достапните информации и да разгледаат низа предупредувања и извештаи од последните денови, вклучително и оние што се однесуваат на хакерски напади и сомнителни експлозивни направи во училиштата. Средбата траела речиси два часа, а на неа присуствувале замениците премиери Антонио Тајани и Матео Салвини, како и министрите Гвидо Крозето, Матео Пјантедози и Лука Чиријани и други високи функционери. Според извори од левиот центар, Мелони нагласила дека средбата не претставува замена за обраќање пред парламентот, откако некои опозициски политичари побараа пратениците да бидат информирани за заканите. Инцидентите исто така го отворија прашањето за можна хибридна војна, односно употреба на сајбер-напади и лажни дојави со цел да се предизвика несигурност и дезориентација. Според локалните власти, вчера околу 6.300 училишта низ Италија, како и повеќе од 700 во Шкотска и Северна Ирска, добиле закани за поставени бомби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Утре наместа ќе дува силен јуженСпоред УХМР утре под влијание на јужно воздушно струење наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината. Во Скопје, ќе дува умерен до засилен јужен ветер со температура значително над просекот за овој период од годината.Тагови: ветер УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКрај за Мајкл Керик на „Олд Трафорд“! Манчестер јунајтед му врачи отказАнглискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед повлече радикален потег и му врачи отказ на менаџерот Мајкл Керик! Англискиот стручњак повеќе не е тренер на „Црвените ѓаволи“, а одлуката на раководството на клубот уследи по катастрофалниот почеток на сезоната и резултатите што го доведоа гигантот од „Олд Трафорд“ во сериозни проблеми. Веста за заминувањето на Керик беше истовремено објавена од водечките британски медиуми, а набргу пристигна и официјална потврда од клубот. Раководството на Јунајтед процени дека е неопходна промена на тренерската клупа, откако тимот оствари само една победа во првите десет кола од Премиер лигата и се најде во зоната за испаѓање. Керик го презеде тимот на почетокот на годината, а по успешниот завршеток на минатата сезона, ја доби довербата на раководството во вид на постојан договор, потпишан во мај. Потоа, под негово водство, Јунајтед стигна до третото место, но продолжувањето на соработката не ги донесе очекуваните резултати. Како што пренесуваат медиумите, челниците на клубот, Омар Берада и Џејсон Вилкокс, разговарале со актуелниот тренер и го известиле за одлуката тој да си замине. Веќе се знае кој треба да седне на „жешкото столче“ во англискиот гигант. Маурисио Покетино постигнал начелен договор со Манчестер Јунајтед, но постои една важна пречка – аргентинскиот стручњак моментално ја предводи репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Покетино прво треба да ги заврши своите обврски кон националниот тим, па дури потоа да го преземе составот од „Олд Трафорд“. Затоа, сè уште не се знае кој ќе го предводи Јунајтед во големото дерби против Ливерпул, кое е на програмата веднаш по репрезентативната пауза. Раководството на клубот сега го очекува тешка задача: да пронајде привремено решение и да се обиде да го извлече тимот од резултатската криза, пред сезоната да добие уште подраматичен тек.Тагови: Мајкл Карик Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34