3По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ
Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
КултураСредба на Канческа-Милевска со рускиот виолинист Максим Венгеров Највлијателната личност на музичката уметност, рускиот виолинист Максим Венгеров, кој на 19 август ќе го затвори музичкиот дел на програмата на 55.издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“ денеска беше примен од министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.Венгеров на концертот, што ќе го одржи во црквата „Св.Софија“, ќе настапи во придружба на ерменскиот пијанист Ваг Папиан. Билетите за концертот се распродадени. Министерката Канческа-Милевска по средбата изрази задоволство што има можност да се сретне со Максим Венгеров, кој, како што рече, е еден од најголемите виолинисти на денешницата и е прогласен за најголем музички уметник на 20 век. - Програмата на „Охридско лето“ е во завршен дел. Навистина ми е драго што имаше огромен интерес за целокупната програма на „Охридско лето“ и во делот на музичката и во делот на драмската програма. Секоја година програмата на „Охридско лето“ изобилува со огромен број светски имиња и во музичкиот и во драмскиот дел. Како Министерство и како Влада како и досега и во иднина ќе даваме силна поддршка и поголем фонд на средства кои ги издвојуваме за „Охридско лето“, рече Канческа - Милевска. Венгеров во рамки на својот концерт во црквата „Св.Софија“ ќе изведе дела од Бах, Прокофиев, Франк, Паганини, Росини... - Голем љубител сум на Максим Венгеров и ми е драго што е присутен во Македонија и во рамки на „Охридско лето“. Го информирав и за многу активности во делот на инвестициите кои ги реализираме во областа на културата, како и за новата концертна сала на Македонската филхармонија. Се надевам дека ќе го видиме повторно кога ќе се отвори новата концертна сала на Македонската филхамонија каде ќе може да изведе значајни дела со нашиот ансамбл, истакна Канческа-Милевска. Додаде дека Венгеров, комбинирајќи ги двете пасии кои ги поседува, изведување и диригирање, е постојан артист во Оксфордскиот оркестар и првиот уметник во класичната музика, кој е назначаен за интернационален амбасадор на добрата волја од страна на УНЕСКО. Венгеров изрази задоволство што ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Посочи дека за него е важно што ова е 55. издание на Фестивалот и што многу големи уметници досега настапувале. - Сум патувал низ цел свет и од сите страни слушав дека во Македонија се гради, се реконструираат старите градби. Тука има голема поддршка од Владата и од Министерството за убави работи, како што е уметноста, додаде Венгеров. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаОбновен е рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади краповиЕден тон подмладок од крап денеска е пуштен во водите на Преспанското Езеро, со што рибниот фонд е дополнет со околу 7.000 млади единки добиени од икра на матици од самото езеро.Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино, за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година. „Со денешното порибување ја поддржуваме обновата на локалната популација на крап. Ќе продолжиме и во иднина да вложуваме во рибниот фонд и да го штитиме, на тој начин исполнувајќи ја нашата обврска за зачувување на биодиверзитетот на Преспенското Езеро“, истакнува министерот Борче Серафимовски. Инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство го следеа порибувањето, вршејќи контрола на вкупната тежина на подмладокот и бројот на единките пуштени во езерото. „Ќе ги засилиме контролите на Преспанското Езеро и ќе ја продолжиме соработката со риболовните здруженија за заштита на рибниот фонд преку навремено откривање и спречување на незаконскиот риболов“, нагласува директорот на ДИЗ, Ивица Ангеловски, соопштуваат од МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаОбвинителката Искра Хаџи Василева ја презеде функцијата прв човек на ОЈО ГОККОбвинителката Искра Хаџи Василева ја презеде функцијата прв човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, институција од која јавноста очекува конкретни резултати во борбата против високата корупција.Новата шефица сепак ќе се соочи со старите предизвици. Најавува поефикасен кривичен прогон и фокус на предметите од јавен интерес, но и борба за повеќе ресурси и подобри услови за работа. Доаѓа на чело на обвинителството во време кога Европската комисија повторно констатира дека нема напредок во борбата против корупцијата. -Свесна сум за одговорноста која ја налага моменталниот контекст и она што е наш повик и задача. Ќе се обидуваме да испорачаме, како да речам, поефикасен, директен кривичен прогон онаму каде што најмногу значи, ако можам така да се изразам — во предмети и во однос на работи кои навистина го засегаат јавниот интерес и кои навистина се интерес на сите нас, на граѓаните и на ова општество,- изјави – Искра Хаџи Василева – Основен ЈО на ОЈО ГОКК. На прашањето дали како нова шефица ќе побара дополнителни информации за случајот со Алта банка и ќе иницира соработка со српското обвинителство, Хаџи Василева не даде конкретен одговор. Вели дека обвинителството ги следи случувањата, но за да преземе чекори мора да располага со конкретни материјали и докази. Потенцира дека кривичната одговорност не може да се темели само на сомнежи и информации што се објавуваат во јавноста. -Дали ќе превземеме нешто зависи од она со кое во процесна смисла би располагале за да одиме обвинителски. Сакам оваа прилика да ја искористам — свесна сум дека нашето општество очекува премногу од Јавното обвинителство, очекува премногу од решенија, ако можам така да се изразам, на многу состојби низ јавнообвинителски одговор, низ кривично-правен прогон. Меѓутоа мора да бидеме свесни дека тоа не е така секогаш, тоа не е така ниту кај нас ниту било каде во светот. Кривичната одговорност за било која работа е највисока одговорност и подразбира степен на сомневање кој може да го докажете за било кое прашање, како и за ова, вон разумно сомневање,- изјави – Искра Хаџи Василева – Основен ЈО на ОЈО ГОКК. На функцијата Хаџи Василева доаѓа по изборите од 28 октомври, кога со мнозинство гласови од обвинителите ја доби довербата за нова шефица на ОЈО ГОКК. Таа го наследува Ислам Абази кој не побара втор мандат и се враќа на својата претходна позиција во Вишото јавно обвинителство во Гостивар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ По кривичните пријави од Народна банка за функционери на СДСМ, од партијата поднесоа кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица во НБРМ за случајот со Алта банка.. Од СДСМ бараат Јавното обвинителство да определи мерки на претпазливост за Славески и сите инволвирани, како и привремена забрана за вршење должноста за да се спречело влијание врз сведоци и можно уништување на документација. -Трајко Славески и пријавените лица се теретат дека со своите дејствија на сторување и несторување, пропуштање должен надзор, во периодот од втората половина на 2025 година до октомври/ноември 2026 година. „Несовесно работење во службата“ по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353. Бараме да се утврди зошто не била проверена репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката?, изјави Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. Лидерот на СДСМ Венко Филипче на социјалните мрежи напиша дека опозицијата нема да дозволи Мицкоски и Славески да го сокријат скандалот и да избегаат од одговорноста.. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираат за наводите на Филипче и СДСМ дека Алта банка и нејзиниот сопственик имале некаква забрана за работа во ЕУ оценувајќи ги како лажни и манипулативни. Според владејачката партија македонскиот регулатор и институции, немале никаква можност да забранат Алта банка да влезе во Македонија, затоа што истата не само што не била забранета во ЕУ, туку била дел од сопственичките структури на банка токму во Унијата. -Се што кажа СДС за Алта банка е лага. Не само што Алта банка не била санкционирана од ЕЦБ, туку напротив до самиот чин на нејзино затворање таа имала удел во банка во ЕУ. Токму ова е извадок од официјалната страна на Адико банка од Виена, од кое се гледа дека токму Алта банка поседува 9,63% од акциите на Адико банка. Патем, овој удел Алта банка го поседува и ден денес и се уште е во сопственост на Алта банка Србија. Алта банка влегува во Македонија како банка која што има удели во банка во ЕУ, изјави Манасиевски. Се огласија и од ДУИ од каде бараат јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН за наводите дека Владата на СДСМ и ДУИ во 2023 година побарала од Државното правобранителство да стапи во деловни односи со Алта банка Србија. Во спротивно, велат, ДУИ ќе ги преземе сите правни чекори и ќе поднесе тужби против оние што клеветеле. Државниот јавен обвинител Ненад Савески на вчерашната надзорна расправа во Собранието изјави дека обвинителството постапува во секоја ситуација кога ќе утврди постоење на кривично-правен настан, но не каќа дека не моќе да открие дали во случајот со „Алта банка“ е отворена предистражна постапка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter