Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол
2Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол
3Лишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријави
КултураСредба на Канческа-Милевска со кинескиот министер за култура Шуганг Министрите за култура на Македонија и на НР Кина Елизабета Канческа Милевска и Луо Шуганг денеска на средба во Софија се договориле во најкус можен рок да разменат нацрт-програма со конкретни содржини и активности преку кои македонската култура ќе биде претставена во НР Кина, но и кинеското творештво ќе се презентира пред македонската јавност.Билатералната средба на Канческа-Милевска со нејзиниот кинески колега е во рамки на Форумот за културна соработка меѓу Кина и државите од централна и од источна Европа, што се одржува во Софија, Република Бугарија. Министерството за култура соопшти дека на средбата на министрите за култура е истакната желба и волја за понатамошно продлабочување на релациите во областа на културата меѓу двете земји, кои и досега се на исклучително високо ниво, соопшти Министерството за култура. Министерот за култура на НР Кина, Шуганг, ја истакнал отвореноста и подготвеноста да помогне за уште поголема афирмација и промоција на македонската култура во оваа земја преку присуство на проекти и гостувања на македонски уметници на значајните манифестации во НР Кина, како и присуство на наши експерти на Форумот за креативни индустрии, на Конференцијата за недвижно културно наследство која во 2017 година ќе се одржи во кинеската држава, како и други активности. На средбата била истакната и важноста на одржувањето на Форумот за културна соработка меѓу НР Кина и државите од централна и од источна Европа во чии рамки наредниот период ќе се реализираат многубројни активности преку кои ќе се зацврсти соработката меѓу државите, меѓу кои: размена на менаџери на институции кои ќе имаат можност да се запознаат со управувањето на установите во Кина; проекти за размена на уметници од областа на музичко-сценската дејност, размена на композитори, ликовни автори; учество на уметници на летен камп за танц и многу други иницијативи. На средбата станало збор и за идејата за формирање центар за соработка меѓу Народна Република Кина и државите од централна и од источна Европа преку кој би биле координирани сите активности за продлабочување на односите меѓу овие држави. Министерката за култура Канческа-Милевска на средбата информирала дека кинеската култура е видливо присутна во Република Македонија преку многубројни содржини кои се реализираат во Институтот „Конфуциј“, во Кинеското катче кое е сместено во НУБ „Св. Климент Охридски“. Голем е и бројот на гостувањата кои наидоа на одличен прием кај македонската публика, како што се настапот на кинескиот Младински национален оркестар од Пекинг, изложбата на уникатни везени ракотворби од кинеската област Чианг, настапот на уметниците од Кинеската национална опера и Театарот за танцова драма и други активности. Исто така, и македонската култура видливо е присутна со голем број активности кои се презентираат во НР Кина, меѓу кои и реализацијата на манифестацијата „Денови на македонската култура во Кина“ преку која во 2011 година кинеската културна јавност имаше можност да се запознае со репрезентативното македонско фолклорно и уметничко творештво и наследство, потоа гостувањето на Битолскиот театар во Пекинг со претставата „Хенри Шести“ и многу други содржини. - Истакната е и отвореноста за поддршка на сите иницијативи и е изразено уверување дека пријателските односи и одличната соработка во областа на културата меѓу двете земји ќе продолжат да се засилуваат и да се продлабочуваат со уште понагласена динамика во наредниот период, се вели во соопштението. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохолВо рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.Вчера (03.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција во Куманово реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните и степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)Во дуелот со Шкотска кој донесе разочарување за македонските навивачи, куче кое влета на теренот и заради кое имаше прекин во првото полувреме, се чини стана голем хит.Моментот кога овој натрапник влета на теренот беше реристриран на видео снимките а дел од светските спортски портали и списанија буквално го врамија на насловните страници. Кучето кратко беше на теренот по што го напушти стадионот. Scotland lead against North Macedonia thanks to Kieron Bowie's goal, but one home supporter in particular was not happy about it... A dog invaded the pitch at the Toše Proeski Arena in Skopje shortly afterwards and took a liking to left-back Sebastian Herrera. https://t.co/mSLelPsqCl — The Athletic | Football (@TheAthleticFC) October 3, 2026 Тагови: куче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter