Средба на градоначалникот на Кисела Вода Ѓорѓиевски со австрискиот амбасадор Памер - Канал 5

Средба на градоначалникот на Кисела Вода Ѓорѓиевски со австрискиот амбасадор Памер

Развојните насоки на Општина Кисела Вода, но и пошироката слика од локалната самоуправа и австриските искуства, биле во фокусот на средбата помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и амбасадорот на Република Австрија во Македонија, Мартин Памер.

Средба на градоначалникот на Кисела Вода Ѓорѓиевски со австрискиот амбасадор Памер

Како што соопштија од општината, средбата се одржала во пријателска атмосфера и била посветена на размена на идеи за унапредување на соработката и можностите за заедничко делување.

Градоначалникот Ѓорѓиевски го информирал амбасадорот за општите развојни насоки на Општина Кисела Вода, но и за пошироката слика од локалната самоуправа, зборувајќи од позиција на претседател на ЗЕЛС и пренесувајќи дел од искуствата и предизвиците со кои се соочуваат општините низ државата.

- Имав чест да остварам средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, со кој имавме искрен и продуктивен разговор за важноста на локалната власт како двигател на развојот. Споделивме размислувања за значењето на соработката меѓу општините и дипломатските претставништва, која може да донесе нови перспективи и поддршка во процесите на модернизација и ефикасно управување, истакна Ѓорѓиевски.

Тој го информирал за тековниот развоен импулс во Општина Кисела Вода, динамичните процеси на инфраструктурна обнова, унапредување на јавните услуги, инвестициите и потенцирал дека преку систематска работа, планирање и отвореност кон граѓаните, создале општина која постојано се менува на подобро.

- За мене, секоја соработка со напредни европски држави како Австрија е можност да учиме, да пренесуваме добри практики и да создаваме подобра иднина за сите наши граѓани. Затоа верувам дека и оваа средба претставува важен чекор кон воспоставување конкретна и корисна соработка која ќе донесе реални придобивки за локалната заедница, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски на средбата со австрискиот амбасадор Памер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барен Минхен се откажа од четири странци

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен повлеќе неочекуван потез кој предизвика огромна реакција од јавноста.

Барен Минхен се откажа од четири странци

Според „Билд“, Жоао Палиња, Саша Боеј, Брајан Сарагоса и Арминдо Зиб се отстранети од списокот на играчи од првиот тим на официјалната веб-страница на клубот.

Овој потег се толкува како јасна порака дека Баерн повеќе не смета на нив и дека тие би можеле да го напуштат клубот ова лето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ин мемориам: Почина Благоја Станоевски, поранешен претседател на Сојузот на младината на Македонија

Почина Благоја Станоевски, поранешен македонски општествено-политички функционер и претседател на тогашниот Сојуз на младината на Македонија, во поранешна Југославија.

Ин мемориам: Почина Благоја Станоевски, поранешен претседател на Сојузот на младината на Македонија

Во првата половина на седумдесеттите години беше претседател на Претседателството на Републичката конференција на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија.

По ангажманот во младинската организација, Станоевски продолжува да извршува одговорни функции во тогашните општествено-политички структури. Беше и член на Претседателството на Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија.

Во осумдесеттите години беше ангажиран во Сојузот на синдикатите на Македонија.

Благоја Станоевски останува запаметен како дел од генерацијата македонски општествени дејци кои во втората половина на 20 век учествувале во работата на младинските, политичките и синдикалните организации во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Тошковски глуми експерт за вода, граѓаните на Гостивар се трујат а ВМРО-ОКГ тера бизнис

Водата во Гостивар се уште е опасна, официјално се потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa.

СДСМ: Тошковски глуми експерт за вода, граѓаните на Гостивар се трујат а ВМРО-ОКГ тера бизнис

Над 50 населени места во земјава имаат загадена вода, тендер патриотите Мицкоски и Клековски ја отруја цела Македонија.

И наместо одговорност за овој тотален колапс на здравството, владата на Мицкоски продолжува со импровизации кои го загрозуваат здравјето на луѓето и бизнис зделки на грбот на народот.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавува „почести анализи“ на водата во Гостивар.

Од кога министер за полиција е надлежен за анализа на водата?

Нема место во светот каде министер за полиција, кој до вчера се занимаваше со хиперхлорирање, денес да глуми експерт за анализи на вода.

Каде е министерот за здравство Сашо Клековски? Дали и тој е на екскурзија како Мицкоски?

Најважното прашање е: што правеле досега?

Зошто анализи најавуваат дури сега, откако илјадници граѓани завршија по амбуланти и болници?

Со денови јавноста беше убедувана дека водата е „технички исправна“, но единствениот „доказ“ беше зборот на Мицкоски.

Нема официјален документ. Нема потпишан извештај. Нема институција што презема одговорност и потврдила дека може да се користи техничка вода.

Во меѓувреме, директор на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов јавно потврди дека во водата има бактерија.

И сега повторно се врши хиперхлорирање.

А кога се врши хиперхлорирање, тоа значи дека водата не е безбедна за употреба, ниту за капење.

Тотален хаос, тотален распад. Сето ова се прави само за да се спаси една лажна изјава на Мицкоски.

СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори постапка и да утврди кривична одговорност за свесното загрозување на здравјето на граѓаните.

Одговорност мора да има за Христијан Мицкоски, Сашо Клековски и Панче Тошковски.

И додека народот се труеше, Мицкоски и ВМРО-ОКГ имале други приоритети.

Бизнис зделка од 100.000 евра за вода во Гостивар без тендер, без јавен оглас.

Додека народот се труе, тендер-патриотите тераат бизнис.

Никој нема право да си игра со здравјето на граѓаните, а уште помалку да профитира додека народот се труе.

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер