МакедонијаСредба на градоначалничката на Кисела Вода со унгарскиот амбасадорГрадоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска - Трајкоска во просториите на локалната самоуправа, денеска оствари средба со амбасадорот на Унгарија во земјава, Андраш Клеин. Во рамките на разговорот, таа ја претстави својата визија за развој на општината, а посебно беше нагласена подготвеноста за унапредување на долгогодишната соработка меѓу Општината и Унгарија, соопштија попладнево од Општина Кисела Вода. - Соговорниците посебен акцент ставија на продолжувањето на традицијата на чествување на Шандор Петефи, чија биста е поставена во новиот парк во Драчево. И годинава ќе продолжат активностите поврзани со неговото одбележување, а најавен е и конкурс за учениците од основните училишта, посветен на теми од унгарската историја и државност, се додава во соопштението. Според Стаменкоска - Трајкоска, преку вакви проекти не само што се унапредува урбаниот и културниот живот во Кисела Вода, туку и се зајакнуваат врските меѓу македонскиот и унгарскиот народ. Градоначалничката во пишаната изјава истакнува дека соработката со Унгарија е пример за вистинско партнерство и верува дека и во иднина ќе реализираат уште многу заеднички иницијативи. - На средбата присуствуваше и претседателот на Здружението на Унгарците во Македонија-Теледом, Јожеф Шутуш, кој ја потврди долгогодишната соработка и одличните релации со Општина Кисела Вода, како основа за понатамошно зближување и заеднички развој, се додава во соопштението.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
СветФнидек во вонредна состојба по мигрантската кризаПо масовниот наплив на мигранти кон шпанската енклава Сеута, состојбата во соседниот марокански град Фнидек останува крајно напната. Властите воведоа засилени безбедносни мерки, додека стотици луѓе и натаму се обидуваат да стигнат до Европа. Плажите во Фнидек се обезбедени со жичени огради и засилено полициско и воено присуство, со цел да се спречат нови обиди за нелегално преминување на границата со Сеута. Мигрантите кои се вратија од шпанската енклава сведочат за тешки услови, недостиг на храна и насилство, додека многумина и понатаму не се откажуваат од обидите да стигнат до Европа. Експертите оценуваат дека мигрантскиот бран е последица на влошените односи меѓу шпанија и мароко, поврзани со спорот за западна Сахара. Според проценките, во обидот за влез во сеута учествувале повеќе од 50 илјади луѓе. Во меѓувреме, Европската унија подготвува итен состанок на министрите за внатрешни работи, на кој ќе се разгледуваат натамошните чекори за справување со мигрантската криза и зајакнување на соработката со Мароко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо Грција и натаму беснее опасна огнената стихијаВо Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика.Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика, каде еден од пожарите се доближи на само неколку километри од градот Мегара, кој е лоциран околу 50 километри западно од Атина. Градоначалникот ја оцени состојбата како хаотична, додека жителите на повеќе населени места добија предупредувачки пораки за евакуација. Во гаснењето на пожарите се ангажирани стотици припадници на службите за итни интервенции, меѓу кои и пожарникари од Романија и Франција. Само во областа Порто Гермено се распоредени речиси 500 пожарникари, а дополнителни околу 100 интервенираат на северот од Пелопонез. Според грчката противпожарна служба, низ земјата се регистрирани 73 шумски пожари, од кои 51 избувнале во еден ден. -Не знам. Пожарите се активни многу денови. Овде има црква, а изутринава видов на телевизија дека областа ја зафатила пожар. Пожарите се на 1 км далечина од овде. Фрустриран сум. Ми изгореа маслиновите дрва овде, а пожарот се уште е активен,- Тасос Ѕемпеликос - Локалец. Првичните проценки покажуваат дека од почетокот на пожарите во Грција изгореле повеќе од 10 илјади хектари шума, како и куќи, штали и земјоделски површини. Како можна причина за големиот пожар кај Мегара се посочуваат небрижност на локалното население а во врска со случајот приведени се две лица. -Пожарот е активен од вчера доцна вечерта. Очигледно е дека не може сегде да има пожарникари. Ние како локално население правиме се што можеме да помогнеме. Се мобилизиравме и на своите поседи го чиниме истото, да видиме дали е изгорено. Дали нешто е потребно да направиме до еден км од овде,- -Манолис Далас - Жител од регионот на Атика. Трагедијата дополнително ја засени операцијата за гаснење откако кај Псата, западно од Атина, се судрија два противпожарни хеликоптери од типот „Бел“. Во несреќата загинаа дански пилот и грчки координатор, додека британскиот пилот и неговиот грчки колега беа повредени. По налог на обвинителството, полицијата спроведува истрага за причините за судирот. Со ова, бројот на жртви поврзани со пожарите во Грција се искачи на пет, откако претходно животот го загубија и тројца пожарникари. Со големи пожари деновиве се соочува и поширокиот регион на јужна Европа. Високите температури, долготрајната суша и силните ветрови ја отежнуваат работата на пожарникарите во Франција и Шпанија, каде службите остануваат во состојба на висока подготвеност поради зголемениот ризик од нови огнени жаришта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОколу 50 тони небезбедна храна открила АХВ во првата половина од годинатаРечиси педесет тони небезбедна храна уништиле или вратиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство.Најчеста причина за заплена на небезбедната храна биле изминат рок на употреба, непознато потекло, нерегистрирани оператори.. Повеќе од Елизабета Дамјановска Спасеноска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook