Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
2Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
МакедонијаСредба на Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политикаСредба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политикаПретседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна средба со претставниците на Националната фондација за демократија (НФД), Тања Драмац Јириес, заменик-директорка за Европа, и Ардита Абази Имери, програмска директорка во Институтот за европска политика (ИЕП), со кои разговараше за стратешките приоритети за наредните години, со посебен фокус на отвореноста на институцијата кон граѓаните и дигитализацијата на Собранието. За време на средбата, претседателот на Собранието ја истакна својата визија за давање нова димензија на Собранието и негово трансформирање во транспарентна и отворена институција водена од демократските вредности и принципи. Во овој контекст, тој ги информираше за достигнувањата во областа на дигитализацијата, зголемувањето на институционалната транспарентност и поголемата вклученост на граѓанското општество во парламентарните процеси. Претседателот, исто така, стави посебен акцент на важноста на проектите што ја трансформираа интеракцијата на Собранието со јавноста, истакнувајќи ја дебатната анкета, која ја опиша како еден од најуспешните и најпрофесионалните проекти спроведени досега. Овој процес, спроведен во соработка со Институтот за европска политика, овозможи директно вклучување на граѓаните во дискусиите за прашањата од јавен интерес, зајакнувајќи го дијалогот меѓу Собранието и граѓаните. Претставниците на НФД и ИЕП го оценија напредокот постигнат кон модернизацијата и отвореноста на Собранието и ја изразија својата подготвеност да продолжат да ги поддржуваат иницијативите и проектите што ја зајакнуваат демократската култура, политичкиот дијалог и граѓанското учество во парламентарните процеси. Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаОЈО: Син осомничен за убиство на татко во СкопјеОсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош. Таткото починал на лице место. Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија со цел прецизно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот. Со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.Тагови: ОЈО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетничкиОЈО Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка.Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 13 март годинава тие повикале девојче кое тогаш имало 13 години да излезе од дома со нив и ја убедиле да влезе во запуштена просторија во близина на спортскиот центар ” Соколана”. Таму жртвата грубо ја навредувале и физички ја нападнале, удирајќи ја по лицето и телото и ја либеле за коса. Насилството го снимале со телефон, а на нападнатото девојче му се заканиле по живот доколку каже некому за настанот. Јавното обвинителство, веднаш по објавата на видеото на социјалните мрежи презеде дејствија за обезбедување докази, а за полнолетната осомничена достави и предлог за определување мерки на претпазливост до надлежниот суд – задолжително јавување во судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување и воспоставување контакти со жртвата. Тагови: ОЈО Куманово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУсловна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана ДимитровскаУсловна затворска казна од една година, ако стори кривично дело во следните три години, доби екс-претседателката на антикорупциска Татјана Димитровска, откако беше прогласена за виновна за оддавање на службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот како отежнителна околност го наведе тоа што делата ги сторила како претседателка на една од најважните институции за борба против корупцијата, а ја компромитирала и државната безбедност и го изиграла системот за да добие највисок безбедносен сертификат, по што, на крајот и изрече условна казна. Предметните обвинители, пак, се задоволни што е докажана вина, а по однос на казната, посочија дека очекувале ефективен затвор. Најавија дека дополнително ќе се произнесат дали ќе поднесат жалба до Апелација. И условната казна претставува неуспех, порача адвокатот на поранешната антикорупционерка – Владимир Туфекџиќ. Тој веќе најави жалба до апелацискиот суд, со цел, како што кажа, да се докаже невиноста на Димитровска. Второбвинетиот, ревизорот Миле Столевски, кој го полагал безбедносниот сертификат во име на Димитровска доби исто така условна затворска казна од шест месеци. Единствено, ослободителна пресуда доби Биљана Манева, обвинета во случајот дека му оддавала службени информации на Небојша Стојановиќ, поранешен директор на ТЕЦ Неготино и обвинет во предметот „Адитив“. Судот оцени дека Стојановиќ во тој период не можел да се смета за неповикано лице, бидејќи бил директор на институцијата. Што се однесува до Мантева – обвинителството децидно најави дека ќе се жали пред Апелација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55