Средба на државниот секретар во МВР, Петрушевски со амбасадорката на Романија - Канал 5

Средба на државниот секретар во МВР, Петрушевски со амбасадорката на Романија

 Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски денеска остварил средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

Средба на државниот секретар во МВР, Петрушевски со амбасадорката на Романија

На средбата, како што објави Петрушевски на неговиот фејсбук профил, изразиле заедничко задоволство од развојот на политичкиот дијалог и билатералните односи меѓу нашите две земји.

- Ја истакнавме одличната соработка меѓу Владите и министерствата за внатрешни работи и ја потврдивме подготвеноста за нејзино натамошно интензивирање и продлабочување. Упатив благодарност за досегашната силна поддршка и квалитетната соработка со Романија, која е на високо ниво, напиша државниот секретар во МВР.

Петрушевски на средбата потенцирал и колку е важна континуираната регионална соработка и брзата размена на информации, особено во борбата против организираниот криминал, илегалната миграција, криумчарењето мигранти и тероризмот.

Амбасадорката Аксинте ја потврдила поддршката на Романија за нашето членство во Европската Унија и изрази подготвеност за помош во конкретни области од заеднички интерес.

- Разговаравме и за нашето заедничко учество во меѓународни и регионални иницијативи, организирањето обуки во претстојниот период и можностите за понатамошен развој на билатералната соработка, објави на фејсбук државниот секретар во МВР, Сашо Петрушевски.

Избувна пожар во куќата на британскиот премиер

Во домот на британскиот премиер Кир Стармер избувна пожар, по што полицијата започна истрага.

Избувна пожар во куќата на британскиот премиер

Пожарот на имотот на британскиот премиер Стармер избувнал рано утрово, објави Метро.

Влезот во куќата бил оштетен во пожаротот.

Полицијата извршила увид, и за среќа, никој не е повреден. Предизвикана е поголема материјална штета.

Муцунски се сретна со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергард

Во рамки на посетата на Стокхолм, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски оствари средба со својот домаќин, министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Мариа Малмер Стенергард.

Муцунски се сретна со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергард

На средбата се разговараше за повеќе теми, вклучително и билатералните односи и можностите за продлабочување на соработката во различни области, со акцент на трговската и економската соработка, евроинтегративниот процес на државата, како и за актуелни регионални, европски и глобални прашања. Министерот Муцунски го потврди силното партнерство и пријателските односи меѓу двете земји, изразувајќи благодарност што Шведска е силен политички и билатерален партнер. Тој упати искрена благодарност за поддршката во евроинтеграцискиот процес на државата, како и до државата и шведскиот народ за брзата и одлучна реакција по пожарот во Кочани, кога дел од пациентите беа лекувани во Стокхолм.

Тој информираше и за реформските процеси во земјата, со посебен акцент на Планот за раст, реформата на правосудниот систем и имплементацијата на европските стандарди. Од страна на министерката Стенергард беше потврдена поддршката за македонската интеграција и принципиелната определба на Шведска за континуитет во политиката на проширување.

Министрите разменија мислења и за актуелните геополитички состојби во Европа и регионот на Западен Балкан. Во оваа насока, министерот Муцунски нагласи дека Република Северна Македонија ќе продолжи да биде фактор што промовира добронамерен ангажман, стабилност, добрососедски односи, отворен дијалог и активна регионална соработка.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски оствари и средба со вториот заменик-претседател на шведскиот парламент – Риксдаг, Јулија Кронлиф. На средбата присуствуваше и Јусуф Ајдин, член на Комисијата за надворешни работи. Се разговараше за улогата на парламентарната дипломатија и беше изразено заедничко задоволство од од парламентарната соработка во повеќе области, како и од успешната реализација на проектот за демократски развој меѓу парламентите, кој веќе четири години придонесува за унапредување на соработката и размена на добри практики.

Министерот ги информираше соговорниците за најновите аспекти од евроинтегративниот процес и ја истакна важната улога на Шведска како принципиелен поддржувач на проширувањето на ЕУ. Се разговараше и за безбедносната ситуација во Европа, при што беше подвлечена потребата од понатамошна поддршка за Украина и напори за постигнување траен и праведен мир, соопштуваат од Министерството.

Кефалојани за законот за кампери и приколки: Она што важи во цела Европа, сега важи и во Грција

Можеш да застанеш да купиш нешто, да одиш на плажа, но не и да преноќиш каде што сакаш, ова е нешто што се подразбира, правилата што важат во цела Европа, сега важат и во Грција и велиме „не“ за злоупотребата на јавниот простор.

Кефалојани за законот за кампери и приколки: Она што важи во цела Европа, сега важи и во Грција

Можеш да застанеш да купиш нешто, да одиш на плажа, но не и да преноќиш каде што сакаш, ова е нешто што се подразбира, правилата што важат во цела Европа, сега важат и во Грција и велиме „не“ за злоупотребата на јавниот простор, истакна министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани во интервју за државната телевизија ЕРТ, говорејќи за измените во законот што се однесуваат на паркирање приколки, полуприколки и кампери, тема за која постоеја реакции во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Кефалојани објасни дека законот „што става крај на беззаконието“ беше изгласан во јануари, а не пред почетокот на туристичката сезона, нагласи дека имаше дискусија во Парламентот и доби зелено светло и од опозициските партии.

Паралелно посочи дека веќе 50 години во земјата постои рамка за тоа како функционира системот со камперите и приколките, објаснувајќи дека не беше направена некоја промена во однос на ова, туку беше разјаснето каде е дозволено паркирање на овие возила.

- Министерството со овој закон става крај на беззаконието, бидејќи не може на некои да им се дозволува опсада на јавниот простор. Не може државата да не се грижи, да не постои ограничување на слободата на жителите и посетителите, не може државата да не го штити јавниот интерес, јавниот простор, природното богатство на земјата, рече Кефалојани.

Додаде дека за паркирањето на камперите и камп приколките важи она што е предвидено со Законот за безбедност во сообраќајот, а се осврна и на туристите од странство, кои Грција ја посетуваат со приколки.

- Она што важи во нивните земји важи и тука. Не разбирам зошто во Грција некој би можел да оди на плажа, во шума или на археолошко наоѓалиште. Не сфаќам зошто некои треба да имаат поголеми права во однос на јавниот простор. Јавниот простор е за сите, посочи министерката.

Како што објави МИА пред десет дена, со конкретниот закон изгласан во јануари е забрането поставување шатори и паркирање приколки, полуприколки и кампери на археолошки локалитети, крајбрежни делови, плажи, на рабови на јавни шуми и општо на јавни површини, а за прекршувањето предвидена е казна затвор до три месеци или парична казна од 300 евра по лице или по шатор или по превозно средство.

Конкретната тема во Грција се актуализираше откако на Пелопонез тројца кампери добиле казната од 300 евра за непрописно паркирање на бесплатен јавен општински паркинг на кој, според медиумите, немало никаква ознака со која се забранува паркирање на кампери во оваа област.

Неколку дена подоцна следеше и реакција од Министерство за туризам на Грција, од каде што преку соопштение објаснија дека „граѓаните/посетителите со кампери можат да паркираат во организирани кампови, односно во бизниси кои работат легално и ги исполнуваат сите хигиенски и безбедносни стандарди за посетителите и, генерално, законските урбанистички и еколошки стандарди, со што се става крај на злоупотребувачкото окупирање на шумите, плажите, археолошките локалитети и, генерално, на просторите за јавна употреба од кампери и приколки“.

Објаснија дека паркирањето на кампер возилата и приколките е регулирано со Законот за безбедност во сообраќајот според кој во населени места, паркирањето на приколки, каравани и чамци е забрането повеќе од 24 последователни часа и дека „можат да се паркираат во соодветни оградени области одредени од надлежните општини или заедници“.

притисни ентер