Средба на Џафери со делегација од Стопанската комора на Македонија – Турција

Претседателот на Собранието Талат Џафери и пратеничката група за соработка со Парламентот на Р. Турција  денеска остварија средба со делегација од Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО).

Претседателот на Собранието Талат Џафери и пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, во состав Енес Ибрахим, Амди Бајрам, Јусуф Хасани, Теута Биљали и Драган Цуклев, денеска остварија средба со делегација од Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО), предводена од претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски, во состав Есер Џевахир, Имер Селмани и Турхан Адеми и извршниот директор Шахпаз Молалиев.

На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, биле разменети мислења и предлози за подобрување на бизнисот и унапредување на економскиот развој на Република Македонија, при што било оценето дека интензивните и пријателски билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Турција отвораат простор за уште поинтензивна економска соработка меѓу двете земји.

Претседателот на Собранието Џафери, се вели во соопштението, на средбата изразил задоволство од воспоставувањето на комуникација и институционална соработка меѓу Собранието и МАТТО, истакнувајќи го значајниот придонес на трговската размена меѓу двете земји, ккао и на турските инвестиции во земјава кон економските текови и буџетот на државата. Истовремено, тој го подвлекол значењето на соработката на МАТТО со сите стопански комори во земјава.

Нагласувајќи дека во изминатиот период главниот придонес на економската соработка беше фокусиран во Скопје и во југоисточниот дел од земјата, тој се заложи за зголемување на соработка и инвестициите во западниот и југозападниот дел од Република Македонија. Претседателот на Собранието истакна дека меѓу пратениците од власта и опозицијата не постои разлика во врска со економските прашања, односно постои консензус за потребата за унапредување на економскиот развој и соработка.

Претседателот на МАТТО Ајдован Адемоски, се вели во соопштението, изразил задоволство што законодавниот дом е отворен кон бизнис-заедницата и информираше дека во МАТТО членуваат околу 100 еминентни компании од земјава и инвеститори од Република Турција, кои вработуваат речиси 10.000 граѓани на Република Македонија. Тој посочи дека турските инвестиции во земјава изнесуваат две милијарди УСД, а вкупната трговска размена меѓу Македонија и Турција повеќе од 521 милиони УСД, со заложба истата да се зголеми до една милијарда УСД.

Претставниците на МАТТО се заложиле за понатамошна либерализација на Договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Турција, со што во голема мера ќе се зголеми обемот на трговска размена и ќе се унапреди влезот на домашните компании на турскиот пазар.

На средбата било истакнато дека МАТТО спроведува активности во доменот на општествената одговорност, како што се стипендии за средношколци и студенти, при што Република Македонија би можела да стане „оаза на образованието", доколку се олесни влезот на идните странски студенти.

На крајот од средбата, претседателот Џафери истакнал дека Собранието останува отворено за соработка со бизнис-секторот и ги повика претставниците на МАТТО да се обратат до пратениците за сите отворени прашања, бидејќи преку институтот „пратенички прашања" може да се даде јавност на нивните деловни активности и да се поттикне Владата да ги адресира сите предизвици.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер