Петрушевски: Филипче ја продолжува политиката на Заев, без услови ги прифаќа бугарските барања во трка по власт
2Петрушевски: Филипче ја продолжува политиката на Заев, без услови ги прифаќа бугарските барања во трка по власт
МакедонијаСредба Муцунски-Адад во ПаризНеопходно забрзување на процесот на евроинтеграција и тој треба да е заснован на мерит-систем. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево во Париз остварил средба со францускиот министер делегиран за Европа, Бенџамин Адад, на која разговарале за натамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката на владино ниво, со посебен фокус на економската соработка. -Попладнево, во рамки на работната посета на Франција, остварив средба со министерот делегиран за Европа, Бенџамин Адад. Нагласив дека европската интеграција е приоритет на Владата, која е силно посветена на спроведувањето на Реформската агенда. Воедно истакнав дека, заедно со Планот за раст, тие претставуваат клучни процеси за напредокот на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија, објави Муцунски на својот Фејсбук профил. Муцунски информира дека заедно со Адад се согласиле дека е неопходно забрзување на процесот на евроинтеграција и дека истиот треба да биде заснован на мерит-систем. -Ја нагласивме и нашата улога како фактор на безбедност и стабилност во регионот, а стана збор и за актуелни регионални, европски и глобални прашања, додава Муцунски во објавата на Фејсбук. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУкраинците го нападнаа Крим- прекината е продажбата на руска нафта (ВИДЕО)Четири лица загинаа, а 28 се повредени во напад со украински беспилотни летала врз Крим, кој е под руска контрола, изјави рускиот гувернер, додавајќи дека дистрибуцијата на гориво на бензинските пумпи на полуостровот е суспендирана.Одделно, локалните власти во рускиот регион Краснодар соопштија дека во напад со украински беспилотни летала е убиено едно лице на патнички ферибот и е запален нафтен терминал. Фериботската врска преку Керченскиот теснец, кој го дели Крим од регионот Краснодар, е привремено суспендирана. Massive Ukrainian drone attacks on occupied Crimea. Previously, the seaport of Kerch, the industrial zone, and the TPP terminal (a rail transshipment and storage terminal for petroleum products and liquefied natural gas) were hit. pic.twitter.com/WZ0k2WaTOx — Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) June 21, 2026 Дистрибуцијата на гориво е запрена Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската војска погодила складиште за нафта во Керч, град во Крим, и објект за транспорт на нафта во регионот Краснодар. Гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, изјави дека дистрибуцијата на гориво на бензинските пумпи во Крим е суспендирана. „Денес, 21 јуни, почнувајќи од 9:00 часот наутро (6:00 часот по Гринич), продажбата на гориво на бензинските пумпи на Крим е суспендирана за готовински и безготовински плаќања, како и за ваучери наменети за физички и правни лица“, објави Аксјонов. Last night, our long-range sanctions targeted the occupiers’ military logistics, oil industry, and air defense. All of this is a just response to Russia’s brutal attacks against our people. I thank the warriors of the Security Service of Ukraine, the Unmanned Systems Forces, the… pic.twitter.com/90APquETQT — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 21, 2026 „Горивото ќе се дистрибуира само до јавните служби кои го обезбедуваат виталното функционирање и безбедноста на Република Крим“, прецизираше тој. Украинската војска речиси секоја недела ги напаѓа рафинериите, цевководите и складиштата за нафта во Русија, во обид да ја лиши Москва од приходи од продажба, забележа агенцијата Франс Прес.Тагови: Кримм Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Филипче ја продолжува политиката на Заев, без услови ги прифаќа бугарските барања во трка по властВенко Филипче денес покажува дека не е ништо поразличен од Зоран Заев, туку само продолжение на истата политика која беше подготвена на секакви отстапки за да остане или да дојде на власт.Додека СДС беше на власт, Заев и неговите соработници прифаќаа договори и обврски без јасни гаранции за заштита на македонските национални интереси. Денес Филипче оди чекор понатаму и отворено ги релативизира бугарските барања, тврдејќи дека македонскиот идентитет не е загрозен. Во време кога од Бугарија доаѓаат пораки со кои се оспоруваат делови од македонската историја, јазик и културен идентитет, Филипче останува нем на тие позиции и безрезервно ги поддржува отстапките што се бараат од Македонија. Очигледно е дека за него поважно е да обезбеди политичка поддршка однадвор отколку да застане зад ставовите и чувствата на македонските граѓани. Македонија има потреба од достоинствен европски пат, но со јасни гаранции и без нови идентитетски условувања. Власта и државните интереси не смеат да бидат предмет на политичко пазарење. Граѓаните се тие што одлучуваат кој ќе ја води државата, а не странски центри на моќ. Затоа е потребно единство околу заштитата на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и историја. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи компромиси со националните интереси и нема враќање на политиките кои носеа поделби и отстапки на штета на Македонија, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче за 2 години Влада: 90% од ветувањата на Мицкоски не се исполнети!Две години Владата на Христијан Мицкоски, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска презентираше детална анализа од програмата „Платформа #1198“ .Две години Владата на Христијан Мицкоски, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска презентираше детална анализа од програмата „Платформа #1198“ која ги потврдува неиполнетите ветувања и покажува дека граѓаните не го добија ветениот подобар живот односно дека владата нема никаков резултат. „После две години граѓаните не добија ни повисок стандард, ни поквалитетен живот, ниту подобри услови за живот, ниту пак пофункционални институции. Не ги добија ветувањата на Мицкоски и ВМРО пред изборите. Едноставно, граѓаните се излажани“, порача Филипче. Тој нагласи дека анализата на СДСМ за реализацијата на програмата „Платформа #1198“ покажува поразителни резултати. „Имено после две години од мандатот на оваа влада реализирани се само околу 10% од ветувањата. 90% од ветувањата дадени пред две години не се исполнети. Практично ништо“, истакна Филипче. Најголемиот неуспех е токму во економијата и животниот стандард, кои беа клучни ветувања на Мицкоски пред изборите. „Денеска, наместо зголемен животен стандард, стандардот е намален во споредба од пред две години. Граѓаните живеат полошо и потешко, паричниците и фрижидерите се попразни“, рече Филипче. Тој додаде дека наместо повисоки плати и подобри услови за живот, граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, високи цени и намалени инвестиции. „Наместо зголемен стандард, работниците добија зголемена сиромаштија. Наместо зголемување на странските инвестиции, странските инвестиции се намалени за скоро две третини“, посочи Филипче. Филипче оцени дека по две години владеење, Владата на Мицкоски нема резултати во клучните области и дека граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од неисполнетите ветувања. „Остварените резултати се една голема нула. Во реформи, во животен стандард, во плати, во мерки за млади, поддршка за земјоделци, за наставници, за лекари, едноставно нула за европскиот пат“, порача претседателот на СДСМ, рече претседателот на СДСМ , Венко Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter