Средба Ѓоковиќ - Вучиќ - Канал 5

Средба Ѓоковиќ - Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, приреди прием за најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Средба Ѓоковиќ - Вучиќ

На лидерот во светскиот тенис пред две недели не му беше дозволено да настапи на првиот грен слем во 2022 година во Австралја.

Ѓоковиќ дури беше притворен во Мелбурн, а потоа и депортиран од Австралија. Во тие моменти тој неколку пати се слушнал телефонски со српскиот претседател Вучиќ.

-Кој и да дојде кај мене, најголемите државници на светот, сите сакаа да го видат Новак. Сето ова кажува колкава ѕвеза сте и што претставувате за граѓаните на Србија и што ќе правите во иднина. Со Новак зборувавме рано наутро, му реков „Врати се Новаче, што ќе правиш таму“. И тогаш видов колку човек е упорен и подготвен да се бори на спортски терен, не само за себе туку и за својата земја. Кога Медведев рече дека го убиле момчето во него, многумина се обидоа да убијат многу срца на многу момчиња, но неговото срце сега чука многу посилно - изјави Александар Вучиќ.

Потоа Новак им се заблогадарил на граѓаните на Србија за поддршката.

- Благодарам за добредојде. Денеска сакав да ве видам како граѓанин на Србија, за да ви се заблагодарам за поддршката, како и на сите институции за време на немилите настани во Австралија. Иако бев во притвор, не се чувствував осамен, имав поддршка од семејството, пријателите, целиот српски народ, многу добронамерни луѓе од целиот свет кои се обидоа да ми го олеснат и личен престојот во Австралија, што беше неочекувано. Немавте обврска да давате поддршка, но сакам да знаете дека чувствувам голема благодарност што застанавте за мене, се ставивте во компромитирачка ситуација. Тоа е ценето и почитувано, долго ќе го паметам и мојата врска и мојот однос кон српскиот народ од ден на ден се се посилни. Бидејќи не се огласив, ве молам бидете трпеливи, во следните седум до 10 дена подетално ќе се осврнам на се што се случуваше во Австралија, изјавил најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на средбата со српскиот претседател Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова средба на работната група за Изборниот законик, СДСМ не дојде на состанокот

По недели застој нов обид да се одглави изборниот законик. Партиите денеска седнаа на консултативна средба кај министерот за правда Јетон Шасивари, но без претставник на СДСМ. 

Нова средба на работната група за Изборниот законик, СДСМ не дојде на состанокот

Иако денешната средба не донесе договор Шасивари порача дека разликите не смеат да го блокираат унапредувањето на изборниот систем. И министерот и останатите претставници на партиите очекуваат на следната средба да се вклучи и најголемата опозициска партија, а Шасивари најави дека за ова ќе бара средба со претседателот на СДСМ Венко Филипче.

-Идејата за денешната средба е да се даде втора шанса на работната група за измени во изборното законодавство. Целта на оваа средба е да ги сослушаме сите аспекти гронолошки на овој процес кој се одвиваше четири месеци и е дел на рефрмската агенда. Отсуството на СДСМ како релевантна политичка партија во нашиот партиски и политички систем е хендикеп за овој процес,- изјави – Јетон Шасивари – Министер за правда .

ВМРО ДПМНЕ е подготвена да прифати една изборна единица, што е на иста линија со коалицискиот партнер ЗНАМ, но оставаат простор за договор по останатите прашања.

-По однос на предизборното финансирање ние сме спремни она што ќе го договорат ДУИ, СДСМ и Левица да го поддржиме како модел за користење на средствата за политичко рекламирање. Во однос на гласањето на дијаспората сметаме дека е уставна обврска на државата да овозможи гласање на секој државјанин без разлика на место. Треба да се олесни со посовремена методологија, без разлика дали ќе е електронско или по пошта,- изјави – Антонијо Милошоски – ВМРО ДПМНЕ.

-Бевме минатиот пат на чекор со консензус да ја донесеме таа една изборна единица. Наш предлог беше со праг од 2 до 3 проценти но за жал еден од субјектите, но за жал еден од субјектите инсистираше на поголем број на изборни единици и кога немате консензус не го ставивме во промените на законското решение,- изјави – Весна Бендевска – ЗНАМ.

За опозициската ДУИ на повидок е широк консензус за Изборниот законик. Левица пак останува на забелешките за финансирањето на изборната кампања.

-Сме отворени за дијалог. Мислем дека бевме и сме многу блиску до еден широк консензус би рекол што е можност да се исполнат и препораките на ЕУ. За нас како ДУИ е прифатливо една изборна единица но за жал има различни предложи но за жал остана претходното решение,- изјави – Блерим Беџети – ДУИ.

-Двете главни работи за кои се залагаме се една изборна единица и фер распределба на средствата за кампањи. Ние бевме против онлајн гласање затоа што не е тоа пракса во Европа, го има во неколку држави во неколку дури е укинувано. Глањето по пошта е пракса некаде но е прашање колку кај нас е тоа возможно ако знаме Македонски пошти како функционираат,- изјави – Борислав Крмов - Левица.

Од СДСМ иако не присуствуваа на средбата преку соопштение реагираат дека тие нема да седнат на маса со, како што велат, криминалци и нивни измислени сателити нив, и нема да дозволат изборен грабеж. -Нема да поддржиме закон во кој ќе има друг начин на заокружување на гласачкото ливче поради историјата на злоупотреба на изборите во 2016 година и да нема електронско гласање на дијаспората. Нема да дозволиме отворање врата за изборна кражба, велат од СДСМ.

Иако партиите останаа на разликите по некои од прашањата поврзани со Изборниот законик разговорите ќе продолжат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ќе им понуди на земјите-кандидатки за членство пристап до единствениот пазар

Европската Унија ќе го отвори економскиот пазар за земјите кандидатки, но под услов да ја следат политиката на Брисел против непријателските држави и индустриските соперници- ова е дел од нацрт предлогот на Европската Комисија.

ЕУ ќе им понуди на земјите-кандидатки за членство пристап до единствениот пазар

Европската Унија ќе го отвори економскиот пазар за земјите кандидатки, но под услов да ја следат политиката на Брисел против непријателските држави и индустриските соперници- ова е дел од нацрт предлогот на Европската Комисија чиишто нови детали ги објави Политико.

Реномираниот портал пишува дека на овие држави ќе им се понуди постепена интеграција во единствениот пазар, вклучително и непречена трговија корисна за бизнисите. И во денешниот обемен текст Политико ги посочува земјите кои наскоро ќе добијат т.е. патоказ за забрзување на евроинтеграциите.

На Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора ќе им бидат понудени „патокази“ дизајнирани да го забрзаат процесот на нивно пристапување во наредните години. За другите, како Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Турција, процесот се одолговлекува, при што расте загриженоста дека тие би можеле да го загубат интересот или да гравитираат поблиску до Русија или Кина.

Премиерот Мицкоски кој вчера и на претходните написи на Политико изрази скептичност дека Македонија ќе остане без патоказ, денеска само повтори дека се подготвени да дебатираат со шефицата на Европската Комисија во Скопје, а аргументите вели се веќе познати и непроменети. За критиките од лидерот на СДСМ Филипче дека Владата нема намера да ги продолжи евроинтеграциите, премиерот изјави:

„ Не знам дали понекогаш вреди да се коментира ставот на опозицијата којашто секој ден е, би рекол сѐ порадикален и личи како да се дојдени од некоја Али експрес испорака на некоја друга опозициска партија. Така што тој дел од опозицијата, не би сакал да го коментирам. А нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни, ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение. “Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Шефицата на Европската Комисија денеска ја започна турнејата во Албанија, утре ќе биде во Косово и Црна Гора, а в петок доаѓа во Скопје на средби со премиерот Мицкоски и претседателката Сиљановска Давкова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на споменикот „Макекедониум“ си поднесе неотповиклива оставка поради спотот на косовскиот рапер

„Секси Мама“ во Македониумот за 500 евра го платија со функција директорот и членовите на Управниот одбор на историскиот музеј Крушево. 

Директорот на споменикот „Макекедониум“ си поднесе неотповиклива оставка поради спотот на косовскиот рапер

Откако премиерот Мицкоски најави дека уште денеска од министерството за култура и туризам ќе побара нивно разрешување, директорот на институцијата Миха Оџаклиески експресно си поднесе неотпвиклива оставка, откако вчера пукна скандалот дека споменикот во кој се наоѓа и вечното почивалиште на Никола Карев, бил отстапен за снимање спот на косовски рапер без претходно одобрение од надлежната Управа за заштита на културното наследство.

-Oдлуката е личен, морален и етички чин и израз на одговорност кон институцијата и кон јавноста. , вели Оџаклиески.

Претходно, премиерот Мицкоски изјави дека недозволиво е културно историски споменици да бидат користени за такви намени.

-Навистина она што се случило таму е нешто што не требало да се случи. Ќе побарам од министерот за култура да биде разрешен директорот на оваа институција, заедно со Управниот одбор, зашто таков тип институции не треба да бидат изнајмувани и користени за такви намени. Им се извинувам на граѓаните поради пропустот што е направен и се случил. Ќе се трудиме во иднина такво нешто да не се повтори,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани пак, претходно оцени дека станува збор за чувствителен проблем и дека при изнајмувањето на објекти кои се културно историско наследство, директорите мора да се запознаени со содржината на програмите кои се одржуваат во нив. Тој посочи и дека во владата ќе се разговара за соодветни законски измени, со цел ваков случај да не се повтори во иднина.

-Законски си имаат право да изнајмуваат, но сепак директорите треба да припазат кога изјамнуваат објекти треба да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина. Така да нов е проблемот иако снимено е порано се уште немам јас детални информации, но сме во процес ќе видиме и со Владата ако треба ќе разговараме за овие процеси и ќе решиме како понатаму,- Седат Сулејмани – министер за култура и туризам.

Оџаклиески вчера и самиот призна дека е направен пропуст, но дека недоличните сцени биле снимени на друга локација.

Од Управата за заштита на културното наследство реагираа дека до нив никогаш не било доставено барање за одобрение за снимање, што е обврска во вакви случаи. Од таму објаснија дека дозвола за снимање и фотографирање во објект заштитен како културно наследство се добива ако снимањето е во согласност со промоција на македонската култура, уметност и наследство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер