БалканСредба Дачиќ-Лавров во Москва: Билатералните односи меѓу Србија и Русија на високо нивоСрпскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска во Москва на почетокот на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека односите меѓу двете земји и покрај бројните предизвици се на високо ниво. Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска во Москва на почетокот на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека односите меѓу двете земји и покрај бројните предизвици се на високо ниво, јави дописникот на МИА од Белград. Првиот дел од средбата беше отворен за јавноста, а за време на едночасовната средба опфатен е широк спектар на прашања од руско-српската политичка и економска соработка, а е разговарано за ситуацијата на Косово, настаните на Балканот, но и актуелните меѓународни проблеми. -Минатата година ја прославивме 185-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи. Тие се карактеризираат со традиционално пријателство, култура и се засноваат на меѓусебна доверба и стратешка соработка, рече Дачиќ и додаде дека посебна улога во развојот на соработката имаат и личните односи на двајцата претседатели Александар Вучиќ и Владимир Путин. „Сигурен сум дека со нашите заеднички напори ќе ги зачуваме билатералните односи. Српскиот претседател Александар Вучиќ испрати официјално писмо и честитка до Путин по повод неговата победа на изборите“, рече Дачиќ. Според него, економските односи со Русија се исклучително важни, особено во областа на енергетиката, а двете земји имаат договор кој на иницијатива на двајцата претседатели е со важност до 2025 година. -Ние сме многу благодарни на Русија за поддршката што ни ја дава кога станува збор за нашиот територијален интегритет. Тоа е од големо значење за нас и сакам лично да ви се заблагодарам за вашето големо разбирање и поддршка во секоја ситуација кога ви се обраќаме. Ќе разговараме за ситуацијата во Западен Балкан, а таа политика во однос на двојните стандарди доведе до нарушување на нашиот територијален интегритет, рече тој. Дачиќ изрази благодарност за барањето на Москва да се одржи седница на СБ на ОН за ситуацијата на Косово, по повод 25-годишнината од почетокот на НАТО агресијата врз Србија. Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, истакна дека Москва високо ги цени односите со Белград. -Многу сме задоволни од тоа како напредуваме кога станува збор за трговијата и инвестициите. Сметаме дека политизацијата на спортот е неприфатлива. Таа линија на Западот на чело со САД се рефлектира во сите меѓународни односи и таа е насочена на промените во економските меѓународни односи, пред се во ММФ, рече Лавров. Лавров оцени дека соработката на полето на ОН е особено вредна кога станува збор за ставови кои политичкиот Запад не сака да ги слушне. -Ние ја водиме потребната војна и ќе ја продолжиме врз основа на принципите на демократијата, а повеќето земји од меѓународната заедница го поддржуваат тоа. Очекуваме да имаме размена на мислења за билатералните односи, заинтересирани сме да ја слушнеме вашата оценка на ситуацијата на Балканот, рече Лавров. Министерот за надворешни работи на Србија е во Москва на покана на неговиот руски колега, а двајцата шефови на дипломатиите ќе присуствуваат на пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Русија и Србија во Москва.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Скандал во Реал: Мбапе и Вини одбиле да носат маици против „инвазијата“ на мигрантиПред синоќешниот натпревар од 5. коло на Ла Лига меѓу Елче и Реал Мадрид кој заврши со минимален триумф на гостите од 2–3, се случи инцидент што стана главна тема во Шпанија. Додека играчите од двата тима излегувале на терен носејќи над дресовите , маици за поддршка на Сеута, тројца фудбалери на Реал – Винисиус, Килијан Мбапе и Ибрахима Конате – одлучиле да не учествуваат во овој гест, пренесува „Марка“. Нивниот потег веднаш предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Винисиус му даде насоки на Мбапе што да прави со маицата. На интернет се појавија снимки од тунелот, а корисниците на платформата „Икс“ (X) забележуваа дека во видеото се гледа како Винисиус му дава насоки на Мбапе што да прави со маицата. 👉 Vinicius, Mbappé y Konaté no enseñan el mensaje de ánimo a Ceuta. 👉 Ambos futbolistas se colocaron mal la camiseta sin que se vea el 'Todos somos Caballas'. https://t.co/XkrhUDS8XQ — El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) September 15, 2026 На предната страна на маицата бил испишан слоганот „Сите сме скуши“ (прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија), додека на задната страна едноставно пишува „Сеута“. Иако ги земале маиците во тунелот пред да излезат на теренот, тројцата фудбалери на Реал не ги облекле маиците во целос. Всушност, Конате само ја држел маицата во раце, додека Мбапе и Винисиус ги облекле на таков начин што слоганот „Сите сме *skuše*“ (скуши/скумши) – прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија – бил едвај видлив. Додека се ракуваа со играчите на Елче, тројцата фудбалери на Реал целосно ги соблекле белите маици и носела замо дресови на Реал наменети за гостувања – потег што не им избега на камерите и на гледачите. Ова беше особено забележливо бидејќи сите останати фудбалери на Реал и на Елче продолжиле да ги носат маиците. Раководството на кралевите ја почитувало одлуката на тројцата ффудбалери. Според „Ел Мундо“, клубот изјавил дека ја почитува одлуката на своите играчи бидејќи во соблекувалната постојат „различни мислења, сензибилитети и гледишта за реалноста“. This was the moment Vinicius told Mbappé how to put on the t-shirt supporting Ceuta in such a way that the text “We are all Ceuta” wouldn’t be visible Vinicius, Mbappé & Konaté made it clear tonight that they don’t support Spain. They support the invaders https://t.co/QmE0rQXJsj — Visegrád 24 (@visegrad24) September 15, 2026 Инаку иницијативата за носење на маици за поддршка на Сеута била покрената од Елче и прифатена од Реал, иако клубот не сакаше да врши притисок врз играчите. Иронично, Сеута е родното место на Хозе Мартинез „Пири“, почесниот претседател на Реал Мадрид.Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВоздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите во близина на МекаВоздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите јужно од Мека пред да влезе во забранетиот воздушен простор над светиот град, изјави портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен.Дронот, кој беше пресретнат синоќа е втор обид на Хутите да ја таргетираат Мека по лансирањето балистичка ракета во јули 2017 година, а следува по една недела напади од Хутите кои се сојузници на Иран..Претставниците на Хутите негираа дека ја нападнале Мека. Нападите врз Саудиска Арабија ги шокираа глобалните енергетски пазари, потресени од шестмесечната војна меѓу САД и Иран, која го забави бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец. Хутите во последните денови ја презедоа контролата врз делови од брегот на Црвеното море на Јемен, кои се наоѓаат на Баб Ел-Мандеб, еден од најважните бродски теснеци во светот, заканувајќи се на извозот на нафта од Саудиска Арабија пренасочен од Ормутскиот теснец.Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман, минатата недела му телефонираше на американскиот претседател Доналд Трамп барајќи воена поддршка, која досега беше ограничена на разузнавачка помош.Тагови: дрон Саудиска Арабија Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСудот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВКСудот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВК, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.Американската амбасада во Приштина веќе издаде безбедносно предупредување поради очекуваните масовни протести во Косово. Вчера во Скопје беше одржан собир за поддршка на обвинетите. Настанот, се одржа на плоштадот „Скендербег“ и траеше околу половина час.на собирот покрај организаторите од албанскиот младински форум, се обрати и поранешниот командант на ОНА и поранешен пратеник во собранието Џезаир Шаќири – Хоџа. Присутните на настанот носеа маици со ликовите на поранешните водачи на ОВК и од настанот упатија порака дека очекуваат ослободителна пресуда за обвинетитеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook