3ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори случај за молкот на Филипче за загадената вода во Гостивар додека беше министер
Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
1Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
МакедонијаСредба Божиновска со директорот на Енергетската заедница Лорковcки: Енергетската транзиција забрзува Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница, регионалната организација која го поврзува енергетскиот пазар на Европската Унија со земјите од Југоисточна Европа и го следи спроведувањето на европското енергетско законодавство. На средбата присуствуваа и Зоран Ѓоргиевски, управителот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – „МЕМО ДООЕЛ“, Скопје и Александар Пауноски, заменик на генерален директор на АД „МЕПСО“, при што се разговараше за клучните реформски чекори во енергетскиот сектор и за напредокот на Македонија во процесот на усогласување со европските енергетски политики. Во фокусот на разговорите беа: напредокот на државата во реформите во електроенергетскиот сектор, зајакнувањето на енергетската стабилност и сигурност на снабдувањето, интеграцијата на националниот пазар со регионалниот и европскиот енергетски пазар, забрзувањето на процесите на декарбонизација и зголемувањето на уделот на обновливите извори на енергија. На средбата, беше презентирана реализацијата на тековните енергетски проекти во одделни области, при што беше истакната посветеноста на земјата за забрзување на реформските процеси во енергетскиот сектор. Министерката Божиновска истакна дека енергетската транзиција и модернизацијата на системот се стратешки приоритети, при што Македонија активно работи на создавање стабилен, конкурентен и одржлив енергетски систем. „Нашата цел е јасна – енергетски систем кој обезбедува стабилност, сигурност и долгорочна одржливост. Реформите што ги спроведуваме не се само обврска кон европската агенда, туку инвестиција во енергетската независност и во економската иднина на државата“, нагласи министерката Божиновска. Од страна на директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Лорковски беше потенцирана важноста од продолжување на реформите и продлабочување на регионалната соработка, како клучни предуслови за целосна интеграција на земјите од регионот во европскиот енергетски пазар. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на обезбедување стабилност, развој и конкурентност во македонскиот енергетски сектор, со јасна насока кон поголема енергетска независност, стабилен систем и зелена транзиција, во согласност со европските стандарди и политики. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
ЗабаваФото: Девојка на светска фудбалска ѕвезда во проѕирно од главата до петицитеАтрактивната Ешлин Кастро објави провокативни фотографии во фустан од тантела и доби многубројни комплименти за својот изглед.Девојката на ѕвездата на Реал Мадрид и Англија, Џуд Белингем, манекенката и инфлуенсерка Ешлин Кастро – со која тој е во врска две години – позираше во провокативно издание на последната фотографија објавена на Инстаграм и предизвика бројни реакции, главно позитивни. „Во последно време – само тантела“, напиша атрактивната Американка, која на фотографијата носи црн фустан од тантела, целосно проѕирен, што ги истакнува нејзините атрибути – особено во неколкуте пози во кои таа се покажа вешто и заводливо. Фустанот имаше тенки прерамки, а таа го надополни изгледот со впечатлив накит и фризура со крената коса во пунџа; набрзо потоа, објавата беше преплавена со коментари за нејзиниот изглед. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалОдлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреваротНа сите други стадиони во шпанската фудбалска Ла Лига, на судиите ќе им биде дозволено да водат кратки разговори со новинарите.„Сантијаго Бернабеу“ ќе биде единствениот стадион во Ла Лига каде што судиите нема да можат да даваат изјави пред и по натпреварите оваа сезона, пренесува „Спорт“ (SPORT). Причина за ова се ограничувањата што Реал Мадрид ги наметна во врска со телевизиските преноси, а кои не се во согласност со новиот протокол за транспарентност на Судиската комисија. На сите други стадиони во Ла Лига, на судиите ќе им биде дозволено да даваат кратки телевизиски интервјуа пред и по натпреварите. Техничкиот комитет на судиите во Шпанија потврди историски промени за сезоната 2026/2027. Новото правило предвидува судиите јавно да ги образложуваат своите одлуки донесени на теренот пред телевизиските камери, а се планира и јавно објавување на аудиоснимките од разговорите во ВАР-собата. Целта на оваа иницијатива е да се зголемат довербата и транспарентноста по низата контроверзии во изминатите години. Сепак, Реал Мадрид – чиј клупски телевизиски канал постојано упатува остри критики кон судиите – практично ја блокираше примената на овој модел на својот стадион. Оваа одлука несомнено дополнително ќе ја вжешти и онака напнатата атмосфера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонка осудена во Австралија за убиство Судот во Австралија ја осуди 51-годишната Македонка Милена Богојевска на осум години затвор, од кои шест без можност за условен отпуст, поради смртта на нејзината 85-годишна сосетка Лолин Вајтхенд. Богојевска се изјаснила за виновна за убиство од небрежност. Случајот го потресе Мелбурн во јули 2024 година. Богојевска ја задушила старицата, по што го ставила телото во кеса и го фрлила во реката Марибирнонг. Два дена подоцна, телото било пронајдено од рибар. Но, случајот не завршил со смртта на 85-годишната жена. По нејзиното убиство, Богојевска од домот на соседката однела пари, накит, банкарски картички и лични документи. Со дел од украдените средства купувала лотариски тикети, ваучери, чевли и „ipad“ уреди, при што потрошила речиси 4.000 австралиски долари. Судијката Џасинта Форбс остро го оценила нејзиното однесување, опишувајќи го како „опортунистичко, пресметано и себично“. Судот ѝ изрекол осумгодишна затворска казна, од која шест години ќе ги помине без право на условен отпуст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook