Средба Божиновска - Лорковски во Баку

Приспособување на националните енергетски политики кон европските стандарди.

Нашата земја останува силно посветена на приспособување на националните енергетски политики кон европските стандарди, со цел да се поттикне економски раст и да се зачува природната средина за идните генерации. Ова го истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на денешната средба со претставници на Секретаријатот на Енергетската заедница, како и билатерална средба со директорот на Европскиот секретаријат за енергетика, Артур Лорковски, во рамките на климатскиот самит во Баку, Азербејџан.

- Ние остануваме активен партнер на Енергетската заедница и посветени сме на постигнување на заедничките цели во енергетската транзиција, нагласи Божиновска, подвлекувајќи дека нашата земја ги вложува сите напори за промените да бидат правовремени и ефективни.

Средбата беше фокусирана на теми од стратешко значење за регионот, меѓу кои напредокот на земјите во областа на енергетиката и заштитата на животната средина, интеграцијата на пазарите за природен гас, како и поддршката за транзиција кон зелена енергија.

Лорковски ја нагласи посветеноста на Енергетската заедница за унапредување на енергетската соработка и поддршка на регионот во спроведувањето на политики за поставување цена на емисиите на јаглерод, што претставува клучен чекор во насока на енергетска интеграција со Европската унија. Воедно, оваа иницијатива е значаен дел од Европскиот зелен договор, кој се имплементира со цел да се обезбеди долгорочна енергетска безбедност и одржливост во регионот.

Министерката Божиновска изрази поддршка за заедничките иницијативи.

Таа го информираше Лорковски дека Предлог-законот за енергетика е поставен на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и сите може да се запознаат со содржината на предлог текстот. Директорот Лорковски изрази задоволство и најави дека тој и неговиот тим ќе го разгледаат предлог законот и ќе дадат нивни предлози, а со цел законот да е усогласен со ЕУ легислативата.

- Претставниците на двете институции се согласија за важноста на инклузивноста и соработката меѓу сите засегнати страни во регионот за поуспешно и побрзо спроведување на клучните реформи во енергетиката, соопштуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Нехамер ја предлага Австрија за домаќин за мировни преговори за Украина

Австрискиот канцелар Карл Нехамер ја предложи Австрија за место за одржување на мировни преговори за Украина за време на денешната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз.

„Австрија е подготвена како неутрална земја да биде домаќин на мировни преговори во секое време“, напиша Нехамер на платформата „Икс“. Зеленски му се заблагодарил за поддршката и повикал Австрија да ја потпише заедничката изјава на Г7 за долгорочна поддршка на Украина.

Зеленски, на социјалната мрежа Икс нагласи дека е неопходно да се изврши притисок врз Русија за постигнување траен и праведен мир./МИА

Ретклиф: Манчестер стана просечен, клубот не е на елитното ниво

Џим Ретклиф проговори за уназадувањето на Манчестер јунајтед во последните години.

- Клубот долго време е во криза, околу десет години. Манчестер јунајтед стана просечен. Не е на елитно ниво, иако треба да биде еден од најдобрите клубови во светот. Така беше под водство на Алекс Фергусон. За да постигнеме елитен статус, мораме да направиме големи промени. Веќе почнаа огромни промени во овој клуб, изјави косопственикот на Манчестер јунајтед во интервју за „United We Stand“./МИА

Малолетник уапсен во БиХ, осомничен дека 43 пати лажно пријавил бомби во училиштата

Во Сараево е уапсен малолетник под сомнение дека испратил десетици пријави до училиштата за поставени експлозивни направи.

Откако беше уапсен од припадниците на МУП на КС, малолетникот за кој се сомничи дека од неговата електронска адреса 43 пати лажно пријавил дека во неколку средни и основни училишта биле поставени бомби, е предаден на Обвинителството.

Нему ќе му биде одредена мерка притвор од 24 часа и во тој законски рок надлежниот обвинител треба да одлучи за дополнителни мерки.

Малолетникот се сомничи дека сторил кривични дела загрозување на сигурноста и лажно пријавување.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер