Други спортовиСребро за Заборска и три бронзи од Европската Универзијада во Загреб.Денеска завршија натпреварите во Загреб во карате спортот кој беше составен дел од Европската Универзијада на која што се натпреваруваат вкупно 21 спорт од 41 држава. Македонските каратисти кои се студенти а воедно и стандардни и докажани сениорски репрезентативци на Македонија, имаа одличен настап и достојно ја афирмираа својата држава Македонија, универзитетскиот спорт и успеаја да освојат вкупно 4 (четири медали) . Симона Заборска од Кирил и Методиј ( Макпетрол), успеа да освои Сребрен медал таа влезе во финалето со претходно остварени три победи против Чешка 5:0. Босна и Херцеговина 3-0, Словачка 3-1, таа денеска во финалната борба иако поведе со 1-0, не успеа да го освои златниот медал затоа што нејзината противничка и добра познаничка Семеникова Викторија , после нерешениот резултат и завршување на борбата со 1-1, ја доби победата на судиско изјаснување. Сара Радичевска од Кирил и Методиј ( Макпетрол), освои Бронзен медал , таа во борбата за Бронзениот медал беше поуспешна од Германската преставничка која ја совлада со резултат 5-1, и не дозволи никакво изненадување. Мартин Несторовски ( Металург), исто така освои бронзен медал тој денеска победи со преставникот од Белорусија и го совлада со резултат 1-0. Семир Ќосович (Металург)за жал мораше да се задоволи со петтото место бидејќи загуби од Шпанскиот преставник со резултат 0-1. Ако кон ова се придодаде бронзениот медал освоен во дисциплината екипно борби за жени во состав: Симона Заборска, Наташа Стефановска, Сара Радичевска и Моника Стефановска, Македонскиот збирен медален лист е еден сребрен медал и три бронзени медали. Бошко Заборски селектор на Македонската универзитетска карате репрезентација изјави: - Многу сум задоволен од постигнатиот резултат, успеавме да ја продолжиме традицијата на успешни учества и освојување на медали од највисоко рангирани европски и светски натпревари. Сакам да истакнам дека карате спортот за прв пат учествува на европска универзијада и постигнавме извонредно голем резултатски успех , тоа што е најважно ние најдостојно и многу афирмативно ја преставивме нашата држава и универзитетскиот спорт и во голема конкуренција успеавме да ги освоиме и првите медали од учество на една европска универзијада. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНадал најави враќање на теренот! Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Шпанецот, Рафаел Надал би можел повторно да заигра на тенискиот терен, иако по завршувањето на својата професионална кариера призна дека не му недостига премногу тенисот.По повод десетгодишнината од неговата тениска академија на Мајорка, Шпанецот минатата сабота организираше ревијален турнир на кој учествуваа Енди Мареј, Карлос Моја, Доминик Тим, Марат Сафин, Давид Ферер, Ришар Гаске и Фабио Фоњини. Легендарниот Шпанец, освојувач на 14 титули на „Ролан Гарос“, повторно го зеде рекетот в раце по тој повод и навести дека би можел да се врати на теренот преку ревијални мечеви. „Во одреден момент повторно ќе играм ревијални мечеви, сакам да го сторам тоа. Подготовките бараат одреден напор, бидејќи телото треба да се доведе во соодветна состојба. Мислам дека е тоа нешто што треба да го пробам, но сакам да живеам ден за ден и да не размислувам премногу однапред“, изјави Надал, а пренесе „Л'Екип“. Иако неговото тело претрпе бројни повреди во текот на кариерата, Надал очигледно не ја затворил целосно вратата за враќање на теренот, па макар и на ревијални натпревари. „Сè уште чувствувам блага болка секој ден; исто така е точно дека имав операција и морав да вградам мала протеза во раката – тоа не е пријатно, но морав да го направам. Сепак, точно е и дека силната болка што долго време ме мачеше целосно исчезна, а тоа имаше многу позитивно влијание врз мојата ментална состојба. Психолошки се чувствувам подобро, имам помалку проблеми од порано и повеќе уживам во животот. Сето тоа е многу важно“, заклучи Надал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
СветСе урна таван во супермаркет во Јужна Кореја, десетици повредениНајмалку 38 лица се здобија со полесни повреди откако дел од гипсениот таван се урна во супермаркет во јужнокорејскиот град Даегу, соопштија денеска локалните противпожарни служби.Тие потврдија дека уште 66 лица биле евакуирани од објектот по уривањето, за кое било пријавено во 10:16 часот по локално време, пренесува „Јонхап“. „Девет лица се пренесени во болници на лекување. Иако постои можност бројот на повредени да се зголеми, итните служби на терен проценија дека е малку веројатно некој да се здобил со сериозни повреди“, изјави претставничката на противпожарната служба, Јун Џонг-ми. Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг соопшти дека на официјалните лица им било наложено да вложат максимални напори за спасување на луѓето и да обезбедат детален и брз одговор на оваа несреќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје10 октомври - светски ден на менталното здравјеСветскиот ден на менталното здравје се одбележува секоја година на 10 октомври, со цел да се подигне свеста за значењето на менталното здравје и да се поттикнат активности за подобра поддршка на луѓето ширум светот.Овој ден е можност отворено да се зборува за психичките тешкотии, предизвиците со кои се соочуваат луѓето и потребата од достапна, навремена и соодветна грижа. Менталното здравје е важен дел од целокупното здравје, но и понатаму многу луѓе се соочуваат со предрасуди, недоволно разбирање и тешкотии при барањето стручна помош. Светскиот ден на менталното здравје ги обединува здравствените работници, институциите, организациите и заедниците во настојувањето психолошката поддршка да стане подостапна за сите. Тоа е можност да се претстават досегашните активности, но и да се укаже на она што сè уште треба да се направи за секој човек да може да добие соодветна помош, без оглед на местото каде што живее или неговите финансиски можности. Стресот, анксиозноста, депресијата, осаменоста и емоционалното исцрпување можат да влијаат врз секојдневниот живот, односите со блиските и работната способност. Затоа е важно да се препознаат знаците дека некому му е потребна поддршка и да се создаде средина во која луѓето ќе можат слободно да зборуваат за своите чувства и проблеми, без страв од осуда. Грижата за менталното здравје не треба да биде ограничена само на еден ден во годината. Разговорот со блиска личност, доволниот одмор, одржувањето здрави односи и барањето стручна помош кога е потребна се важни чекори кон подобра психолошка благосостојба. Пораката на Светскиот ден на менталното здравје е дека никој не треба да се соочува сам со своите тешкотии. Подигнувањето на свеста, намалувањето на стигмата и обезбедувањето достапна здравствена заштита се клучни за општество во кое менталното здравје ќе се третира со исто внимание и разбирање како и физичкото здравје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook