КултураСребрен медал за 13-годишната балерина Стефанија ГаштарскаМинистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во просториите на Министерството ја прими младата балерина Стефанија Гаштарска, која во конкуренција од 200 учесници од целиот свет освои сребрен медал на Светскиот балетски натпревар во Романија, кој се одржа од 19 до 21 март.На средбата на која присуствуваа и директорот на Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски–Луј“, Јован Бицевски, и професорката Соња Здравкова-Џепароска, Канческа-Милевска ѝ го честиташе високото признание на Стефанија, соопшти Министерството за култура. Таа посочи дека учеството на Стефанија на балетскиот натпревар во Романија претставува не само нејзин личен успех, туку тоа е успех и за државата и за промоцијата на Република Македонија како земја на млади талентирани уметници. Таа ја подвлече важноста од поддршката за младите таленти и квалитетните кадри, кои во наредниот период од особено значање е да станат дел од институциите во културата. Директорот на Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски–Луј“, Јован Бицевски се заблагодари на поддршката која Министерството за култура во континуитет ја дава за афирмацијата на младите уметници и подвлече дека успехот на младата балерина е огромен, бидејќи на натпреварот во Романија златото не било воопшто доделено, така што Стефанија освоила најголем број бодови во својата категорија. По освоеното меѓународно признание, Гаштарска во јуни годинава, со поддршка на Министерството за култура, ќе настапи и на познат меѓународен балетски натпревар во Орландо во Соединетите Американски Држави каде ќе се претстави со кратка балетска точка за која музиката ја изработи Кирил Џајковски. Стефанија, која има 13 години и е ученичка во осмо одделение, појасни дека на натпреварот, освоила најголем број поени во својата натпреварувачка група за класичната варијација, по што учествувала и на натпреварот за наградата гран при, каде што партиципирале осум натпреварувачи од сите групи и категории кои имаат добиено најголем број поени. Младата балерина, како претставник на Република Македонија, се претставила и на завршниот гала-концерт, на кој, покрај наградените учесници на натпреварот, настапиле и неколку врвни светски балетски имиња. Меѓу учесниците од Јапонија, Кореја, Австралија, Велика Британија, Франција, Шпанија, Шведска, Полска, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, освен Стефанија, се натпреваруваа и две ученички од основното и една од средното балетско училиште „Илија Николовски-Луј“ од Скопје од класата на проф. Соња Здравкова-Џепароска. Натпреварот бил оценуван од референтна жири-комисија составена од реномирани балетски уметници и уметнички директори на балетски компании од Русија, Куба, САД, Порторико, Германија, Кореја, ЈАР, Србија, Хрватска и Романија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамАмериканците се воодушевени од малечкиот „Fiat“ што едвај достигнува 40 км/чЕлектричниот „Fiat Topolino“ привлече купувачи во американските туристички места.Малиот електричен модел на „Fiat, Topolino“, предизвика значителен интерес кај купувачите во САД, иако има максимална брзина од само 40 км/ч и е првенствено дизајниран за кратки градски патувања и затворени станбени комплекси. „Fiat“ испорача 300 примероци од моделот „Topolino“ до дилерите во САД, а повеќето од нив се веќе продадени. Ова претставува пилот-лансирање, кое ѝ овозможува на компанијата да процени дали во САД постои доволно голем пазар за електрични возила слични на возилата за голф. Ендрју Вотерхаус, директор на „Fiat“ за Северна Америка, потврди дека повеќето од 300-те испорачани возила веќе нашле купувачи, иако напомена дека продажбата се одвива постепено, бидејќи станува збор за експериментално воведување на пазарот. Интересно е што 60 отсто од купувачите се одлучиле за верзијата „Dolce Vita“ – која нема врати ниту покрив – и е дизајнирана за возење на отворено. Оваа конфигурација е особено погодна за туристички дестинации, одморалишта и затворени станбени комплекси. Достапни се и стандардна верзија со целосни врати, како и варијантата „Open Air“ која има платнен покрив што може да се отвора. Според Вотерхаус, затворената верзија е посоодветна за градските корисници кои сакаат да ги остават своите лични предмети во заклучено возило. Во САД, „Topolino“ спаѓа во категоријата возила со мала брзина (Low-Speed Vehicles – LSV). Тоа значи дека неговата брзина е ограничена на максимум 40 км/ч и е наменет за употреба на локални патишта со одредени ограничувања на брзината. Не може да се користи како конвенционален автомобил на автопатишта. Моделот за 2027 година има максимална брзина од 40 км/ч, батерија со капацитет од 5,4 kWh и електричен мотор со моќност од шест киловати. Наведениот досег изнесува приближно 74 километри, додека полнењето преку стандарден домашен штекер трае од четири до пет часа. Почетната цена изнесува 14.985 долари – нешто помалку од 15.000 долари – без дополнителните трошоци за опции за специјални бои. Понатаму, „Fiat“ нуди бесплатен пакет за надградба за моделите од 2026 година, со цел да се осигура дека тие ги исполнуваат новите барања. Извор: Б92Тагови: Fiat САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче“ во ИнџиковоУште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка.„Добар ден и од мене. Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка. Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сè за најмилите, за дечињата, и нема како човек да ја скрие емоцијата, бидејќи ова се навистина за мене прекрасни моменти. Би сакал да се заблагодарам и на министерот, и на градоначалникот, и на пратениците во македонското Собрание, на советниците, на вработените во Општина Гази Баба, на колегите од Владата, што овие проекти, коишто ги започнавме уште при самото формирање на Владата во јуни 2024, полека, но сигурно добиваат своја смисла, односно еден по еден се завршуваат, се пуштаат во употреба и веќе имаме корисници коишто го ползуваат сето тоа коешто го планиравме, а наша цел беше да го направиме животот поубав, поедноставен и да го подобриме, во суштина, квалитетот. Продолжуваме во оваа насока и во иднина и продолжуваме да испорачуваме проекти. Има уште многу проекти во периодот којшто следи, којшто ќе финишираат, ќе бидат завршени, ќе бидат пуштени во употреба, така да што, еве, ве повикувам вас, медиумите, да го проследиме сето она коешто значи како Македонија се гради, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНова неизвесност во Јунајтед: Фернандеш го одби договоротКапитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби втората понуда на клубот за продолжување на договорот, додека преговорите за неговата иднина на „Олд Трафорд“ се одвиваат во услови на нови промени на тренерската клупа .Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби втората понуда на клубот за продолжување на договорот, додека преговорите за неговата иднина на „Олд Трафорд“ се одвиваат во услови на нови промени на тренерската клупа и незадоволителни резултати на тимот. Актуелниот договор на Португалецот истекува на крајот од сезоната, сепак, Јунајтед има опција да активира клаузула за продолжување, со што тој би останал во клубот уште 12 месеци – со што договорот практично би се продолжил до 2028 година. Раководството на клубот сака да постигне согласност за нов договор со 32-годишниот капитен пред тој момент. Разговорите со неговите претставници траат веќе неколку месеци, но според извори на „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), втората понуда е одбиена. Не е сосема јасно кога точно Фернандеш ги одбил предложените услови, а моменталната нестабилна ситуација во клубот го отежнува предвидувањето кога би можеле да завршат преговорите. Доколку двете страни не успеат да се договорат за нов договор, речиси е сигурно дека Манчестер Јунајтед, пред 1 јануари, ќе ја искористи опцијата за продолжување на постоечкиот договор за уште една година. Со ова би се спречило Фернандеш да влезе во последните шест месеци од својот договор – период во кој тој би имал право да потпише преддоговор со странски клуб за трансфер, откако ќе заврши неговиот престој во Јунајтед. Активирањето на оваа клаузула би ѝ овозможило на управата повеќе време за преговори и за одлучување за иднината на еден од најважните играчи во тимот. Сепак, само по себе, ваквиот потег не би го решил прашањето за долгорочната иднина на португалскиот репрезентативец во клубот. Неизвесноста околу иднината на Фернандес се совпаѓа со уште една промена на клупата на Манчестер Јунајтед. Мајкл Керик доби отказ во четвртокот, по најлошиот старт на клубот во домашна натпреварувачка сезона во последните 40 години. Според „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), се очекува него да го наследи Маурисио Покетино, кој моментално е селектор на Соединетите Држави. Аргентинецот треба за првпат да го предводи Јунајтед на 22 ноември, на гостувањето против Ливерпул на „Енфилд“. Од клубот се надеваат дека доаѓањето на Покетино би можело да влијае врз одлуката на Фернандес и да го убеди да ја поврзе својата иднина со „Олд Трафорд“.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook