Срцев пејсмејкер по венски пат првпат во државава поставен кај петгодишно дете во „Аџибадем Систина" - Канал 5

Срцев пејсмејкер по венски пат првпат во државава поставен кај петгодишно дете во „Аџибадем Систина"

Тим доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина" првпат во државава, по венски пат поставија траен електростимулатор на срцето – пејсмејкер кај дете. 

Срцев пејсмејкер по венски пат првпат во државава поставен кај петгодишно дете во „Аџибадем Систина"

Овој начин на поставување е стандарден за возрасни пациенти, но сега македонските доктори го изведоа на петгодишно девојче, кое е во добра состојба и по интервенцијата е пуштено дома, соопштија од болницата.

На девојчето, како што информираат од болницата, еден месец по раѓањето му е дијагностициран проблем со срцето. Тогаш д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург, кај новороденчето поставил траен срцев електростимулатор, односно пејсмејкер во стомачето со електрода од надворешната страна на срцето. Со текот на времето, а поради честото прилагодување на пејсмејкерот се потрошила батеријата, па истиот требало да се замени.

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина", д-р Иван Трајков и д-р Дејан Ковачевиќ, електрофизиолози аритмолози, извршија замена на постојниот пејсмејкер со нов, но овој пат интравенозно. Анестезијата беше водена од страна на д-р Мирјана Крмзова и д-р Александар Радоешки. Процедурата, која траеше околу триесетина минути, е со поддршка од д-р Чадиковски, кој во истовреме го извадил стариот електростимулатор од стомачето на детето, наведуваат од болницата.

– По дадено контрастно средство во вена добивме комплетна слика на венскиот систем во десна потклавикуларна регија каде се наоѓа вената која е подобна за боцкање. Преку таа вена се постави жица и уводник – преку кој се воведе електродата. За позиционирање на електродата во десната комора се користеше минимално РТГ-зрачење. Потоа кај електродата дополнително се направи уште една кружна кривина, која би се одвиткала при растење на детето. Потоа се постави посебен, најмал по димензии срцев електростимулатор специјално наменет за детската популација, додаде д-р Трајков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението

Дваесет и четиригодишник од Центар што планинарел и најверојатно е каснат од инфициран комарец со западно нилска треска на повисоките предели е најмладиот пациент задржан на лекување на Инфективната клиника со воспаление на мозокот.

Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението

Дваесет и четиригодишник од Центар што планинарел и најверојатно е каснат од инфициран комарец со западно нилска треска на повисоките предели е најмладиот пациент задржан на лекување на Инфективната клиника со воспаление на мозокот предизвикан од вирус. Кај него нема посериозни компликации како што има кај петмината пациенти кои се повозрасни и имаат придружни болести, а се приклучени на апарати за дишење. Здравствените власти велат дека само во последната недела регистрирани се 12 нови случаи на западно нилска треска. Од регистрираните 38 случаи, од кои во моментов 2 се водат како веројатни, 28 се машки, а 10 се женски, во просек на 67 годишна возраст, засега нема регистрирано заразени деца.

Додека во општина Петровец и Гази Баба, поточно жаришта каде што е прогласена епидемија на жителите кои имаат над 60 години веќе им стигнуваат СМС пораки со насоки како да се заштитат, од здравство тврдат дека освен Студеничани, сите општини прскале против комарци. Најмногу и најрано е прскано во Илинден, каде што досега има три случаи, а во Студеничани каде дезинсекција годинава не се ни спровела има 2. Клековски не гледа проблем во ефективноста на сретствата што се употребуваат.

Додека водените површини како езерцето во парк и Смилковското деновиве се таргет на прскање против комарци, Клековски упати и апел до сите општини да ги проверат хидрантите и да внимаваат на површините каде што може да има задржување на вода што може да придонесе за размножување на комарците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшна несреќа во Бразил: Најмалку 22 мртви

Најмалку 22 лица загинаа во судир помеѓу минибус и камион на автопат во бразилската држава Парана, соопшти денес Федералната сообраќајна полиција.

Страшна несреќа во Бразил: Најмалку 22 мртви

Уште пет лица се повредени во несреќата, која се случи рано утрово, објави „CNN“. Повеќето од загинатите биле патници во минибус кој припаѓал на здравствената служба на општината Имбитува.

Возачот на камионот, исто така, починал. Повредените се однесени во болниците во Понта Гроса. Минибусот патувал од Имбитува до болниците во пошироката област Куритиба, додека камионот патувал од Карамбеј до Прудентополис.

На местото на несреќата интервенирале членови на Федералната сообраќајна полиција, цивилната полиција, брзата помош, противпожарната служба и екипи од концесионерот Виа Араукарија, кој управува со делницата.

Фото: X

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната

Иран ги предупреди земјите од заливот да не даваат никаква помош на американската војска, нагласувајќи дека тоа ќе го смета за поддршка на  воените операции на Вашингтон против Исламската република.

Иран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната

„Сакаме да предупредиме: секоја помош или соработка што и се дава на агресорската американска армија е еднаква на учество во воените операции на САД“, изјави началникот на генералштабот на иранските вооружени сили, Али Абдолахи.

Во меѓувреме, Иран ги негираше обвинувањата дека вчера вечерта испалил ракети врз Обединетите Арапски Емирати, опишувајќи ги како „целосно неосновани“, јави ДПА. Претходно, министерството за одбрана на емиратите објави дека биле пресретнати две балистички ракети лансирани од Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер