СРЦЕ ДОЛГО 4 км- “Трчаме со срце за секое дете“ - Канал 5

СРЦЕ ДОЛГО 4 км- “Трчаме со срце за секое дете“

По повод 25 години СОС Детско село Македонија, на 19 септември Градскиот парк во Скопје ќе се претвори во голема патека на солидарност - долга 4 километри и симболично исцртана во форма на срце.

СРЦЕ ДОЛГО 4 км- “Трчаме со срце за секое дете“

Традиционалната IT4Charity трка оваа година расте и се отвора за сите.

По повод 25 години СОС Детско село Македонија, на 19 септември Градскиот парк во Скопје ќе се претвори во голема патека на солидарност - долга 4 километри и симболично исцртана во форма на срце.

Досега ги обединуваше компаниите и луѓето од ИТ-заедницата, а оваа година, “срцето“ станува поголемо.

Под мотото „Трчаме со срце“, СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ги повикува сите - искусни тркачи, рекреативци, тимови, пријатели и семејства да трчаат за една заедничка цел: Ниту едно дете да не расте само.

И не е важно кој прв ќе стигне до целта. Важно е зошто трчаме.

Веќе 25 години СОС Детско село Македонија обезбедува грижа, сигурност и поддршка за децата и младите без родителска грижа и им помага на семејствата кои се соочуваат со сериозни животни предизвици. Во изминатите две и пол децении, преку програмите на организацијата беа променети повеќе од 6.090 животи на деца, млади, згрижувачи и семејства.

Токму затоа и патеката на 19 септември нема случајно да биде во форма на срце.

„За некого тоа ќе бидат само четири истрчани километри. За нас, секој од тие чекори носи многу поголемо значење. Зад нив стои поддршка на многу животни приказни кои чекаат можност за подобра иднина. Патеката е во форма на срце затоа што љубовта,грижата и чувството дека некој е покрај нас навистина можат многу да променат.“, велат од СОС Детско село Македонија.

Средствата собрани преку СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ќе бидат наменети за програмите преку кои организацијата обезбедува поддршка за деца и млади без родителска грижа, ги зајакнува семејствата во ризик и помага децата да растат во сигурна и грижлива семејна средина.

Затоа, на 19 септември не се трча само за медал, резултат или лично време. Се трча за ниту едно дете да не расте само.

Пријавувањето за СОС Хуманитарната трка е веќе отворено на:

https://sos.org.mk/sos-humanitarna-trka-2026/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Киву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против Милан

Предводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. 

Киву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против Милан

„Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време.

Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот.

– Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Техеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“

Официјален Техеран остро реагираше на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за економските последици од војната, додека Берлин повикува на дипломатско решение на конфликтот.

Техеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европската економија и потрошувачите веќе претрпеле многу дополнителни трошоци поради порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната.

Во објава на платформата „Икс“ (X), Аракчи потсети дека Мерц ги поздравил американско-израелските напади врз Иран минатата година, велејќи дека Израел ја врши „валканата работа за сите нас“.

„Сто милијарди евра се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи, додавајќи дека „црвените линии се минато“.

Слична порака упати и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, кој ги критикуваше европските влади поради нивната загриженост за економските последици од војната.

Мерц вчера, за време на неговата посета на Сеул, изјави дека повисоките цени на енергенсите, поврзани со конфликтот во изминатите осум месеци, ја чинеле Европа повеќе од 100 милијарди евра. Тој рече дека Германија ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот „не може да се реши со воени средства“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саторански се јави од болница: „Беше страшно“

Кошаркарот на Хапоел ТА, Томаш Саторански е добро по еден тежок пад.

Саторански се јави од болница: „Беше страшно“

Чешкиот кошаркар опасно ја удри главата при пад на натпреварот меѓу Дубаи и Хапоел во Евролигата, остана да лежи во болки и грчеви, што ги вознемири сите. Глетката беше крајно вознемирувачка.

Еден ден подоцна, Чех преку својот профил на Инстаграм ја сподели добрата вест.

„Здраво на сите, би сакал да одвојам момент за да му се заблагодарам на секој од вас за сите пораки, поддршка и интерес. Посебна благодарност до Кошаркарскиот клуб Дубаи, неговите играчи и стручниот штаб, за брзата реакција и помошта. Навистина сум благодарен. Исто така, голема благодарност до моите соиграчи, стручниот штаб и сите луѓе во Хапоел за сета поддршка и помош. Тоа секако беше застрашувачки момент, но сега се чувствувам многу подобро. Се надевам дека што поскоро ќе се вратам на теренот“, напиша Чех, објавувајќи фотографија од болничкиот кревет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер