Брнабиќ за ТВ Прва изјави дека со воведувањето полициски час во текот на викендот, Србија се обидува да излезе од својата петта недела од борбата против вирусот, откако се покажа дека е проблемот за време на викендите, бидејќи луѓето се социјализираат и ги запоставуваат мерките за социјална оддалеченост.
„Сега е крајот на петтата недела, здравствениот систем е на нозе“, рече Брнабиќ, најавувајќи дека уште неколку болници во Србија ќе бидат трансформирани во т.н. ковид болници.
Таа рече дека експертите препорачуваат укинување на социјалните контакти за да се спречи пренесувањето на вирусот, но се прават напори да се избегне 24-часовен карантин и ограничувањето за време на викендот е „чекор помеѓу“.
Брнабиќ ја најави како опција изолацијата на градовите кои се во фокусот на епидемијата, како што се Белград, Ниш, Нови Пазар, Ваљево и Ќуприја и препорача затворање на големите компании за седум или 14 дена.
Според нејзината проценка, Србија е приближно до „почетокот на крајот“ на епидемијата, но тоа е можно само со „железна дисциплина“ и некои дополнителни рестриктивни мерки со цел да кулминира петтата и шестата недела и епидемијата да почнува да опаѓа.
Во изминатите 24 часа, во Србија има 219 нови случаи на заразени со коронавирус. Вкупно има 2.666 заразени, а 1726 лица се лекуваат во болници, од кои 112 се на респиратори.
Од избувнувањето на епидемијата на 6 март, умреле вкупно 65 пациенти со Ковид-19.