Србиновски: Брзиот контранапад треба да биде стил на нашата репрезентација - Канал 5

Србиновски: Брзиот контранапад треба да биде стил на нашата репрезентација

Цврста одбрана, брзо отворање и контрите, можат да донесат резултати на Европското првенство кое од 5 до 20 септември ќе се одржи во Франција, Германија, Хрватска и Летонија.

Србиновски: Брзиот контранапад треба да биде стил на нашата репрезентација
Ова денеска го истакна селекторот на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија Марјан Србиновски на средба со новинарите на која информираше дека репрезентацијата е во одлична форма а за тоа, како што рече, допринесоа и трите победи над Израел (две) и Украина во Скопје и Охрид.

- Натпреварите ги изигравме квалитетно и со голема желба и залагање, а тоа е показател како треба да играме на европско. Посветуваме повеќе време на кондициониот тренинг за да бидеме спремни максимално да го дадеме она што треба, кога ќе биде најпотребно во Загреб, истакна Србиновски.

Засега, потенцира селекторот, потребно е да се поправи транзицијата од одбрана во напад. Мора повеќе да се користи примарниот контранапад, за што е потребно повеќе да се работи. Србиновски рече дека токму тоа треба да биде стил на нашата репрезентација.

Според претседателот на КФМ Петар Наумовски за успех на ЕП, акцентот треба да биде ставен на одбраната, односно, како што рече, максимална физичка подготовка.

- Според групата што ја имаме на ЕП, по секојдневните натпревари што ќе ги имаме, ќе биде потребна брзо опоравување од натпреварите и повторно 100 процентна поготвеност за следниот натпревар, потенцира Наумовски.

За Марко Симоновски добрата игра, во подготовките против Израел и Украина, се должи на цврстата одбрана и максималното вложување на сите репрезентативци.

Според Александар Костовски постигнатите резултати во подготовките ќе ја подигнат самодовербата кај сите членови на репрезентацијата.

По трите победи во контролните средби против Израел и Украина, Македонската кошаркарска репрезентација се искачи пет места на неофицијалната ФИБА ранг листа и сега сме на 14. место. На првото место и понатаму е Шпанија, пред Франција, а трета е Србија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белгија отвора голема фабрика за сателити: Европа има за цел да му конкурира на „Старлинк“ на Маск

Белгискиот крал Филип вчера свечено отвори фабрика која треба да стане најголемиот капацитет за производство на сателити во Европската Унија.

Белгија отвора голема фабрика за сателити: Европа има за цел да му конкурира на „Старлинк“ на Маск

Целта е да се задоволи растечката побарувачка за сателити и друга вселенска опрема во Европа, пренесува „Еуроњуз“.

Лоциран во градот Шарлроа, во јужна Белгија, погонот е управуван од белгиската компанија „Аероспејслаб“. Меѓу другото, таму ќе се произведуваат сателити за европскиот проект „ИРИС²“, кој има за цел да му конкурира на сателитската мрежа „Старлинк“ на Илон Маск.

„Растевме дури и побрзо отколку што планиравме“, изјави Беноа Депер, извршен директор на „Аероспејслаб“. Тој истакна дека неговата компанија еволуирала од мал стартап во 2018 година во голем деловен потфат, кој сега придонесува за вселенската независност на Европа.

Големиот комплекс во Шарлроа – град кој е попознат по аеродромот што го користат нискобуџетните авиокомпании и по напуштените фабрики од индустриското минато на Белгија – ќе може да произведува околу 500 сателити на годишно ниво.

Во септември, Депер и неговите партнери обезбедија договор вреден 2,4 милијарди евра за производство на 264 од вкупно 348 сателити планирани за проектот „ИРИС²“.

Производството сè уште не е започнато во големиот комплекс со овален облик, кој зафаќа површина од приближно 20.000 квадратни метри. Се очекува вработените да се вселат во фабриката во јануари, а почетокот на производството е предвиден до крајот на 2028 година.

Во последниве години, Европа се стреми да го зајакне својот вселенски сектор за да ги искористи растечките економски можности во вселената, истовремено намалувајќи ја зависноста од други нации – поттикната од загриженоста за доверливоста на Соединетите Држави како партнер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија - СДСМ бара оставка од Клековски

Со Клековски и Мицкоски здравството е хаос, нема лекови, луѓе умираат.

СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија - СДСМ бара оставка од Клековски

Повторно нема лекови на Онкологија - СДСМ бара оставка од Клековски

Со Клековски и Мицкоски здравството е хаос, нема лекови, луѓе умираат.

Онколошките пациенти повторно се без терапија - по кој знае кој пат откако е криминалната ВМРО-ОКГ на власт.

Го нема лекот „паклитаксел“. Пациентите повторно се враќаат дома, без потребната терапија и тоа со информација, дека лекот ќе го нема до Нова година.

До Нова Година онколошките пациенти ќе треба да чекаат и да бидат без потребната терапија што за нив живот значи.

Ова е загрозување на човечки животи за што директно одговорен е Клековски.

Пациентите кои веќе поминаа болни циклуси сега се ставени во ризик да им напредува болеста.

Наместо итно решение и обезбедување на лекот, пациентите добиваат порака дека треба да чекаат до Нова година.

Ова е целосен распад на здравствениот систем заради криминалните тендери, заради Мицкоски и Клековски.

Хаосот што го направи Клековски, го доведува во ризик и здравјето и животот на граѓаните.

Организираната криминална група ВМРО и здравјето на граѓаните го гледаат низ призма на тендери и профити врз грбот на народот.

Нема пари за лекови, за апарати, за вработувања, за повисоки плати - ама имаат за нивните партиски тендери.

Бараме оставка од Клековски. Бараме одговорност за сите кои дозволија животот на онколошките пацинети да биде доведен во ризик.

Бараме веднаш да се обезбеди лекот „паклитаксел“ за сите пациенти на кои им е потребен - без изговори, без префрлање на вина и без нови одложување.

За здравјето на луѓето се работи, и тоа не може да чека!

Изјава за медиуми, Елена Радеска – Комисија за здравство

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка

На денешната надзорна расправа за Алта банка, се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка

На денешната надзорна расправа за Алта банка, се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој посочи дека една од суштинските цели на надзорната расправа треба да биде разграничувањето на надлежностите и одговорностите на институциите во државата, особено имајќи ја предвид уставно загарантираната самостојност на Народната банка.

„Пред македонската јавност да разјасниме суштински прашања од уставен правен и институционален аспект. Сметам дека една од основните цели на оваа надзорна расправа треба да биде прецизното разграничување на надлежностите и одговорностите на секоја институција во државата. Вие покрај тоа што се претседателка на Републиката сте и долгогодишен професор по уставно право и поранешен пратеник во ова Собрание“, рече Мицевски кон претседателката Сиљановска Давкова.

Пратеникот Мицевски, во рамки на надзорната расправа, побара од претседателката на државата, Сиљановска Давкова, јасно и прецизно да ги образложи своите уставни и законски надлежности во однос на темата за која се одржува расправата, со акцент на случајот со Алта банка.

Притоа, тој потсети на членот 60 од Уставот, кој ја гарантира самостојноста на Народната банка, како и на членот 5 од Законот за Народната банка, кој ја утврдува нејзината независност.

„Која е вашата конкретна надлежност согласно Уставот и законите во однос на темата за која што денес ја одржуваме оваа надзорна расправа имајќи предвид дека членот 60 од Уставот ја гарантира самостојноста на Народна банка, а членот 5 од Законот за Народна банка ја гарантира нејзината независност. Дали претседателот на Републиката има какви било законски надлежности во постапката за издавање на банкарски дозволи, давање согласност за стекнување на квалификувано учество во банка, вршење на банкарска супервизија или воведување на привремена администрација. Дали во конкретниот случај со Алта банка вие или вашиот кабинет сте биле вклучени во која било од овие постапки“, праша Мицевски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер