Србинот, Александар Станковиќ се врати во Интер! - Канал 5

Србинот, Александар Станковиќ се врати во Интер!

Српскиот играч од средниот ред Александар Станковиќ се враќа во Интер Милано по престојот во Клуб Бриж.

Србинот, Александар Станковиќ се врати во Интер!

Талентираниот фудбалер, роден во 2005 година, повторно ќе стане член на миланскиот гигант во трансфер што ќе се реализира на трајна основа, според италијанските медиуми.

Синот на легендарниот Дејан Станковиќ, 20 годишниот Александар, ќе потпише петгодишен договор со Интер, кој ќе го врзе за клубот до летото 2031 година.

Враќањето на младиот репрезентативец на Србија е потврда за довербата што Интер ја има во неговиот развој, откако претходниот период го помина стекнувајќи искуство во белгиското првенство.

Минатата сезона, Станковиќ постигна девет гола со пет асистенции на 55 натпревари за белгискиот тим, додека претходната сезона имаше три гола и две асистенции на 38 настапи.

Тој се враќа во Интер, каде што сè уште чека на своето деби за првиот тим, додека постигна околу 20 гола со околу 15 асистенции во помладите категории на „Неразура“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Трамп јава лав?!

Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно ја искористи својата социјална мрежа Truth Social за да објави „лудо“ видео, генерирано од вештачка интелигенција,.

Видео: Трамп јава лав?!

Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно ја искористи својата социјална мрежа Truth Social за да објави „лудо“ видео, генерирано од вештачка интелигенција, кое го прикажува во различни ситуации низ целиот свет, додека во позадина ечи песна чии текстови го уверуваат дека „сите го сакаат“.

Видеото со вештачка интелигенција се состои од монтажа на снимки од Трамп, меѓу другото, како скока со падобран и јава лав, додека глас во позадина ритмички скандира: „Трамп, Трамп, Трамп, Трамп, каде и да одам, сите го сакаат Доналд Трамп“.

Во еден особено впечатлив дел од видеото, Трамп јава камила низ пустината, додека песната во тој момент вели: „На Блискиот Исток го обожаваат Доналд Трамп“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?

Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?

Петрушевски: Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче?

Аферата со Богоев не е обична афера од 2.000 евра мито. Тоа е трагата која носи до многу поголем криминал.

Детето на Заев, несудениот негов наследник, Стефан Богоев заедно со Џемо од Прилеп ги искористиле своите влијанија и раководни позиции и си наместиле тендер од 18 милиони денари.

Јавноста преку медиумите дозна дека Богац бил подмитен со 2.000 евра од Џемо, а ние од свиркачи дознаваме дека тоа биле првите од илјадниците што требал да ги инкасира пуленот на СДС.

Го повикуваме ЈО да истражи дали е точна информацијата дека Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари или во превод 1,8 милиони денари?

Почитувани,

Богоев беше поставен од СДС. Џемо е човек од СДС. Тендерот е во државна институција. Затоа никој не смее да глуми дека ова е личен инцидент.

Ова е партиска шема, создадена од матрицата на СДС.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серија силни земјотреси во Грција: Граѓаните во паника

Серија силни земјотреси во Грција: Четири земјотреси за само четири минути- Граѓаните во паника.

Серија силни земјотреси во Грција: Граѓаните во паника

Четири земјотреси, за само четири минути, ја погодија Грција, во близина на Халкида. Најсилниот земјотрес имаше магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Првиот земјотрес бил во близина на Мантуди.

Иако првичните информации беа дека бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, EMSC подоцна објави дека бил со јачина од 4,8. За неколку минути, следеа уште потреси. Како што објави EMSC, земјотресите биле со јачина од 4,3 степени, а потоа со јачина од 5,2 и 5,0.

Како резултат на земјотресот е предизвикана материјална штета. Нема повредени, а противпожарните служби вршат патроли во поширокото подрачје и отстрануваат камења од патиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер