ЖивотСрбинка фотографирала плажа на Макарска во 7 наутро:„Дали ова ве фрустрира“?На Редит се појави фотографија од плажа во Макарска во 7 часот наутро, споделена од една Србинка, па ваквата глетка предизвика расправа. Имено, на фотографијата се гледа плажа покриена со крпи и реквизити од рано наутро, кои служат како еден вид „резервирано место“ за капачите. „Дали вам ова ви е бедно? Една жена ја фотографирала плажата во 7 часот наутро во Макарска. Се чини дека луѓето „резервираат“ место на плажата доцна навечер оставајќи крпи и камења. Да ги поместела, би летале пердуви кога ќе дојдат... Дали имате некакви искуства/мислења?“, напишала анонимната корисничка на Редит, која ги објавила фотографиите од плажата. „Доаѓаш и сè исфрлаш“ Нејзината објава предизвика бројни коментари, а многумина напишаа дека го осудуваат таквото однесување, а имаше и неколку интересни предлози. „Одиш по ред, собираш крпите и лежалките и ги носиш на бувјак“, „Јас би ги расфрлала тие крпи наоколу. Каква резервација на места, тоа е исто како јас да „резервирам“ клупа во парк. Јавен простор, ало!“ и „Ха ха, како би летале тие крпи од плажата, види го ти тоа, „резервирање место“, коментирале Србите. Се огласија и Хрватите И Хрватите исто така се огласија во коментарите, пишувајќи дека комуналните редари ги посетуваат плажите наутро и ги фотографираат. Оставеното го собираат, а враќањето на работите се наплаќа, исто како казна за неправилно паркирање. Сепак, некои додадоа дека оваа практика не се спроведува редовно, па затоа сè уште има хаос. „Овде минуваат комунални редари и го собираат тоа. За жал, поминуваат само еднаш, околу 6:00 часот, па тие што знаат, оставаат „резервации“ околу 6:30 часот“, напишал еден од корисниците, додека друг прашал: „Но, ако се будни во 6:30 часот за да остават крпи, зошто едноставно не останат на плажа?“, на што трет корисник одговорил: „Затоа што еден станува да постави пет крпи, а потоа се враќа да поспие малку подолго и да појадува.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаЛуис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во МексикоСедумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус. Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико. Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис. Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата. Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата. Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата. Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат. До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.Тагови: Луис Хамилтон Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. -Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter