Србија воведува 75 проценти данок на имот , чие потекло не може да се докаже - Канал 5

Србија воведува 75 проценти данок на имот , чие потекло не може да се докаже

Србија воведува нов данок на имот , според кој се наплатува 75% данок на имот , за кој не може да се докаже од каде потекнува.

Србија воведува 75 проценти данок на имот , чие потекло не може да се докаже

Се дознава дека нацрт-законот е комплетен и треба да се донесе во втората половина на декември.

Српските влади го ветуваа овој закон уште од почетокот на милениумот, а скоро и да нема ниту една партија во Србија што, барем декларативно, не се залагаше за негово усвојување.

Имотите ќе бидат проверени од 1 јануари 2007 година наваму, а причината е што оттогаш постои електронска евиденција на податоци што овозможува сигурна верификација на имотот.

Доколку се докаже дека некој го стекнал имотот незаконски, тие ќе бидат одговорни пред полицијата и државното обвинителство.

Исто така, постои можност даночниот обврзник да може да се лиши од се што стекнал незаконски.

Покрај 60-те инспектори кои ќе поминат специјална обука поради овој закон, ќе се образуваат и судиите на тамошниот управен суд.

Поточно, ќе се врши вкрстување на имото со преглед на даночни пријави и биланси, финансиски извештаи и споредување на податоци во други службени записи, пишува Новости.рс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Казнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)

По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.

Казнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)

По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот.

По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?

За  неполн час треба да биде познато кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. 

Избор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?

Обвинителите галсаа денеска, а резултатите треба да бидат сумирани и објавени на јавна седница.

Пред Обвинителството е Михајло Видимлиски, Михајло кој од канидадтите има најголеми шанси да го наследи Абази?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите

Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите

Христијан Мицкоски изјави дека очекува добри односи со Србија и по победата на студентската листа.

Како?

Како да има добри односи со студентите што се бореа против неговиот шеф?

Против Александар Вучиќ, менторот, диригентот и газдата на македонската банда.

Студентите се побунија против корупцијата што доведе до смрт на 16 луѓе на железничката станица во Нови Сад. На Мицкоски му се случи Кочани поради корупција. Истата матрица.

Како да има добри односи со студентите кога е дел од балканскиот картел? Кога е дел од Вучиќевата криминална мрежа на Балканот? Кога е дел од Орбан-Вучиќевата мрежа што се распаѓа, делче по делче?

Како, кога ја донесе Вучиќевата банка во Македонија? Алта банка, што Европската централна банка ја запре, што има забрана во Црна Гора, што е под истрага за сомнително потекло на капитал и што врши трансфери кон Москва. Банка чиј сопственик, Давор Мацура, до пред неколку години сопственик на менувачница, има барање за американски санкции врз него. Банка за која се смета дека е поврзана со семејството Вучиќ.

Мицкоски ја пумпа касата преку јавните претпријатија и министерствата право во таа банка. Тоа не се добри односи. Тоа е врска.

Како, кога ја донесе Ало групацијата и Информер во Македонија? Вучиќевата пропагандна машинерија. Медиумите што го нарекуваа својот народ „усташи“ и „терористи“, што ја нарекуваа студентската листа „силувачко-секташка“, што со години ја хранеа омразата. Латас и Ивона Талевска се пандан на Вучиќевиќ и Митровиќ.

Истиот метод. Истиот газда.

Како, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите на студентите, а во тоа време Мицкоски со него пиеше вино?

Како, кога навивачи, хулигани и криминалци Вучиќ праќаше против тие исти деца, а Мицкоски го зеде Адамовиќ од таа група да му биде партнер за струја, броила и да биде конзул на нашата земја?

Како?

Како, кога организираше митинг против студентите во Куманово? Како, кога неговиот министер е дел од БИА групата што ги апсеше студентите? Како, кога праќаше луѓе во Белград на митинг на Вучиќ и со него издаваше српски пасоши?

Како кога студентите се бореа против корупцијата, а Мицкоски ја градеше како систем?

Кога народот во Србија ја враќа државата во свои раце, а Мицкоски ја држи сопствената држава како плен?

Добри односи со студентите не се градат така. Се градат со тоа што ќе одговара и Вучиќ и Мицкоски.

Падна Орбан. Падна Вучиќ. Следен е Мицкоски. Студентите победија. Народот ќе победи и тука, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер