ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии
2ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии
3ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела
Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
БалканСрбија: Учениците се вратија во училишните клупи-полициски службеници ги дочекаа низ училиштатаПо пет дена од незапаметениот масакр, 1.800 училишта во Србија повторно ги отворија вратите за учениците. Во секое од нив има по најмалку еден полицаец, кој во соработка со училишниот персонал треба да ја зголеми безбедноста, да го намали стравот кај учениците и да го искорени врсничкото насилство. Главната цел е учениците час поскор да се навикнат на „новото нормално“ и да стекнат доверба во полицијата. -Моја обврска утринава беше да дојдам во 7.15 минути, да ја проверам околината, дворот, холот, катовите на училиштето и да разговарам со претставниците на училиштето дали има некои промени и случувања. , изјави училишен полицаец од Белград Затворено за настава денеска остана единствено „Владислав Рибникар“, училиштето каде 13-годишниот Кецмановиќ ја испиша најцрната страница во историјата на Србија. Училиштето со настава ќе почне во среда, а српските власти се соочуваат со предизвикот да спречат масовен егозодус на ученици, чии родители побарале нивните деца да ја сменат училишната средина. -Префрлањето на учениците во други училишта, не би било добро за децата, зашто децата повторно би поминувале низ истите приказни од страна на нивните врсници. Во тој случај, повторно би се навраќале на тоа како се случило, зошто се случило, како тоа изгледало. , изјави за „Танјуг“, Драган Филиповиќ, директор на училишната управа во Белград Во Србија денеска започна и мерката за доброволно предавање на нелегалното оружје. Граѓаните имаат точно еден месец да го предадат во полициска станица без да понесат никаква одговорност. Во противно, ќе се соочат со повеќегодишни затворски казни. -Ако ви се исплатува поради поседување три нелегални куршуми добиете 5, 10 или 15 години робија, нема проблем, направете го тоа. И нема да има изговори од типот „ми останаа од војната, ми останаа од тетка ми, ова мојот покоен татко го направи... “ , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија По двете трагедии во кои беа убиени 17 луѓе, за попладнево српската опозиција најави протест насловен „Србија против насилството“, на кој според најавите, по вчерашната оставка на министерот за образование Бранко Ружиќ, ќе се бара оставка и од министерот за внатрешни работи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Нарвал рок фест“ на 13 ноември во Скопје со настапи на три домашни музички составиЗдружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective) го најавува второто издание на музичкиот фестивал „Нарвал рок фест 2“, кој ќе се одржи на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во „Биртија паб“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје.На второто издание на фестивалот ќе настапат три домашни музички состави и изведувачи: „Ширшаја „Тантрум“ и „Флукс“, кои претставуваат различни музички жанрови, вклучувајќи готик-рок, панк-рок и современ рок. „Нарвал рок фест“ е музички настан посветен на промоцијата и поддршката на домашната независна музичка сцена, со посебен акцент на алтернативната и рок-музиката. Фестивалот има цел да обезбеди дополнителен простор за концертни настапи на домашните автори и изведувачи, да ја поттикне нивната видливост и да придонесе кон развојот на независната музичка продукција во Македонија. По одржувањето на првото издание, организаторите го продолжуваат фестивалскиот концепт со програмска содржина која обединува изведувачи од различни музички правци. Со ваквиот пристап, фестивалот настојува да ја претстави жанровската разновидност на домашната алтернативна сцена и да овозможи непосредна комуникација меѓу музичарите и публиката. Во рамките на фестивалската програма, групата „Ширшаја“ ќе настапи со својот препознатлив готик-рок звук, кој се карактеризира со меланхолична атмосфера и специфичен музички израз. Групата „Тантрум“ ќе настапи со современ рок-репертоар и сопствени авторски материјали, додека „Флукс“ ќе го претстави панк-рок правецот, со динамичен и енергичен музички израз. Организатор на фестивалот е Здружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective), чија активност е насочена кон поддршка, промоција и афирмација на домашната независна музичка сцена. Преку организирање концертни настани и поврзување на изведувачи од различни музички жанрови, здружението настојува да придонесе кон создавање континуирани можности за јавна презентација на домашното авторско музичко творештво. Второто издание на „Нарвал рок фест“ ќе се одржи на 13 ноември, со почеток во 20:30 часот, во „Биртија паб“ во ГТЦ во Скопје. Цената на влезниците изнесува 400 денари во претпродажба, додека на денот на настанот, на влезот, ќе изнесува 500 денари. Влезинците во предпродажба може да се купат во Олд Скул рок кафе. Организаторите ги покануваат љубителите на рок и алтернативната музика да присуствуваат на фестивалот и да ја поддржат домашната независна музичка сцена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 220 кубни метри отпад од диви депонии. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 90 ученици од шестите одделенија во училиштето, а нашите најмлади сограѓани беа запознати на кој начин правилно да го одлагаат комуналниот отпад, како и за придобивките од неговата примарна селекција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од ВенецуелаЕдинствено во периодот на власт на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се ,,испраа“ пари дојдени од Венецуела.Според информациите во јавноста, првата транша од овие трансакции изнесувала 110 милиони евра, додека вкупниот износ на средствата што требало да бидат префрлени преку Еуростандард банка достигнувал неверојатни 1,6 милијарди евра. Дополнително, во рамки на оваа шема се споменува македонска фирма која за значителна сума купувала вештачко ѓубриво од компанија од Белорусија, земја каде што со години владее Лукашенко, прв другар на рускиот претседател Путин. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што потоа, по барање на обвинителството, биле замрзнати. Тоа се држави, чии олигарси кои во матичните земји се гонат за криминал, од Владата на СДС во Македонија добиваа пасоши, тендери, па дури и дупови се кроеја по нивна мерка. И, според фројдовската логика на актуелното раководство на СДС, тогашната власт на Заев и Филипче, биле директно вклучени во овие трансакции, по шема од Венецуела, преку Белорусија, Русија и Србија. Дополнително, остануваат отворени прашањата за кредитирањето на фирмите поврзани со семејството Заеви и нивните деловни партнери од страна на Еуростандард банка. Фирми како „Сара инженеринг“, поврзана со Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“ кои зеле милионски кредити од Еуростандард банка, а потоа не ги враќале. Овие примери доволно зборуваат дека изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се СДС, Венко Филипче и Зоран Заев. Македонија не смее да биде држава во која политичката моќ служи за заштита на сомнителни бизнис-интереси и кога тогаш, ќе одговараат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook