Србија со протестна нота до Хрватска поради палењето на куклата со ликот на Вучиќ (ВИДЕО) - Канал 5

Србија со протестна нота до Хрватска поради палењето на куклата со ликот на Вучиќ (ВИДЕО)

Официјална Србија збесна бидејќи на карневалот во Каштела беше изгорена кукла со ликот на српскиот претседател Александар Вучиќ, заедно со куклата на рускиот претседател Владимир Путин.

Србија со протестна нота до Хрватска поради палењето на куклата со ликот на Вучиќ (ВИДЕО)

Откако српските таблоиди го објавија палењето на куклата со ликот на Вучиќ, шефот на српската дипломатија денеска го осуди чинот и испрати протестна нота до хрватската амбасада во Белград, соопшти неговиот кабинет.

„Најостро го осудувам инцидентот што се случи на 13 февруари 2024 година, за време на традиционалната карневалска поворка, во селото Каштел Стари во Република Хрватска“, рече Дачиќ.

Според неговата оценка, палењето кукла со ликот на Вучиќ е апсолутно неприфатлив чин, што е во целосна спротивност со заеднички искажаната заложба за целосна нормализација на односите и подобрување на сеопфатната соработка меѓу двете држави.

„Овој скандалозен чин на ширење омраза испраќа порака која на ниту еден начин не придонесува за зајакнување на добрососедските односи, мирот и стабилноста во регионот и директно и сериозно ги нарушува односите меѓу двете земји.

@dalmatinskiportal Kaštelani spalili - Putina i Vučića! #krnje #maskare #krnjeval #maske #putin #vucic #dalmatinskiportal ♬ original sound - Dalmatinski portal

Самиот Вучиќ денеска проговори за запалување на куклата со неговиот лик.

„Го видов, ми го испратија пред да пристигнам во Ниш. Некој ќе рече дека е тажно што палите човечки кукли. Ќе бев љубоморен и завидлив да беше некој друг од Србија. Кога ни ги запалија куќите и црквите, што е кукла.Изгледа горењето е традиционално меѓу нив.Сигурен сум дека татко ми е горд што синот им е најголемиот проблем,а му ги убија татко му и дедо му.Да го направевме ние тоа цела Европа ќе ни беше на грбот“, рече Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Семејството на починатиот НБА-кошаркар ќе ја добие неговата последна годишна плата од 12,5 милиони долари

На семејството на покојниот кошаркар на „Мемфис Гризлис“, Брендон Кларк, ќе му биде исплатен преостанатиот дел од неговиот договор вреден 12,5 милиони долари, потврди извор од НБА.

Семејството на починатиот НБА-кошаркар ќе ја добие неговата последна годишна плата од 12,5 милиони долари

Брендон Кларк почина на 11 мај, на 29-годишна возраст.

Според извештајот од Лос Анџелес, неговата смрт е прогласена за несреќен случај, а причината била комбинираното дејство на хероин и кокаин.

За време на својата седумгодишна НБА-кариера, Кларк играше исклучиво за Мемфис.

Тој беше избран како 21-ви пик на драфтот во 2019 година од страна на Оклахома Сити Тандер, по што беше разменет во Гризлис. Уште во својата дебитантска сезона покажа голем потенцијал, а во 2020 година беше меѓу петте најдобри дебитанти во НБА.

Кариерата ја заврши со просек од 10,2 поени и 5,5 скока по натпревар, одигрувајќи вкупно 309 натпревари во регуларниот дел од сезоната.

По неговата контроверзна смрт во јавноста с епојавија неколку верзии за исплатата на последната година од неговиот договор.

Новите информации се во спротивност со претходните извештаи дека семејството на Кларк нема да добие пари од последната година од неговиот договор.

Според Кевин О'Конор, договорот на Кларк со „Мемфис Гризлис“ бил целосно осигуран во случај на негова смрт, што значи дека на неговото семејство треба да му се исплатат сите 12,5 милиони долари.

Претходно, „Front Office Sports“ објави дека семејството нема да ги добие парите, но изворите на О'Конор од НБА тврдат поинаку.

Како што беше објаснето, „Гризлис“ ги надоместуваа трошоците за животното осигурување што го покриваше играчот во случај на смрт. Овој вид договорна заштита е вообичаен во НБА и претставува еден од најсилните облици на финансиска сигурност за играчите.

Парите нема да бидат исплатени директно од „Мемфис“ како плата, туку преку осигурувањето.

Оваа структура може да понуди и даночни поволности за играчот, поради што животното осигурување често се користи за заштита на големи договори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предавство во УЕФА – Инфантино има нов најдобар пријател

Ситуацијата пред изборот за нов претседател на ФИФА полека се вжештува. Дали Џани Инфантино и понатаму ќе ја води светската фудбалска асоцијација ФИФА по неговите контроверзни одлуки во последниот период. 

Предавство во УЕФА – Инфантино има нов најдобар пријател

По низата погрешни потези на Џани Инфантино, се чини дека се зголемуваат шансите тој да биде сменет на гласањето во март.

Европските федерации, пак, не го послушаа Инфантино и застанаа на страната на УЕФА.

Сепак, една голема федерација – француската – би можела да ги изневери останатите и да застане зад Инфантино.

Филип Дијало, претседателот на FFF, досега јавно се воздржуваше од коментар за ова прашање и сè уште официјално не ја повлекол својата поддршка за Инфантино.

УЕФА стравува дека Франција ќе го изневери планираниот бојкот и дека Диало е „новиот најдобар пријател“ на Инфантино.

Во меѓувреме, француската територија Нова Каледонија, која главно гласа исто како Франција, објави соопштение во кое го поддржува Инфантино.

Новинарот Ромен Молина, во видеото насловено „Француско предавство“, истакнува дека Диало одлучува самостојно и дека останатите членови на Извршниот одбор на ФФФ не биле информирани. За да го замени актуелниот претседател на ФИФА, на УЕФА ќе ѝ бидат потребни 106 гласа против Инфантино од вкупно 211 членки. Европа има 55 членки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е зголемена за околу 9 000 денари

За две години просечната плата е зголемена за околу 9 000 денари, економските политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати.

ВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е зголемена за околу 9 000 денари

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски политики и стабилно управува со јавните финансии а мерките и политиките даваат конкретни резултати кои се мерливи а граѓаните ги чувствуваат во семејните буџети.

За само две години од владата на ВМРО-ДПМНЕ просечната нето-плата е зголемена од 40,496 денари на 48,779 денари, според податоците на Државниот завод за статистика. Тоа се околу 9 000 денари повеќе за работниците.

Номиналниот раст на платите во 2024та година изнесуваше 12,6%, а во 2025та година растот продолжи со 9,6%. Годинава се очекува дополнително зголемување поголемо од 8%.

За разлика од периодот на СДС кога имаше пад од 2,9 % во 2022 година, во 2024та година платите пораснаа за 8,8% а во 2025та година за дополнителни 5,3%.

Освен што растат платите, расте и реалната куповна моќ на граѓаните. Ова го потврдуваат и најновите податоци на Евростат каде мерено според куповната моќ потврдуваат дека вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули во 2026та година е повисока од сите земји на Западниот Балкан.

Ова се резултати што не може да ги анулира хистеријата на СДС со нивната реторика за наводни кризи и колапси. Сите релевантни институции потврдија дека платите во Македонија растат а кај граѓаните се слеваат повеќе пари за разлика од минатото.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на привлекување на нови странски инвестиции, создавање на стабилна економска клима, раст на платите, отворање на нови работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер