Србија освои олимписко злато во ватерполо и го сруши својот рекорд од Рио - Канал 5

Србија освои олимписко злато во ватерполо и го сруши својот рекорд од Рио

Ватерполистите на Србија го одбранија своето злато на Олимписките игри. Во финалето ја победија Грција со 13:10.

Србија освои олимписко злато во ватерполо и го сруши својот рекорд од Рио

На почетокот на последната четвртина, резултатот беше нерешен, а потоа Србија го реши прашањето за победникот со три голови и славеше против најголемото изненадување на натпреварувањето. Ова е деветта победа на Србија на 10 натпревари против Грција, репрезентација од која никогаш не загубила.

Двојните олимписки победници ги предводеа Душан Мандиќ, Никола Јакчиќ и Андрија Прлаиновиќ со по три гола, а по два гола постигнаа Душко Пијетловиќ и Филип Филиповиќ. Бранислав Митровиќ имал осум одбрани. Димитриос Скумпакис, Јоанис Фонтулис и Ангелос Влахопулос постигнале по два гола за Грците.

Во мечот за бронзениот медал, Унгарија ја победи Шпанија со 9-5.

Олимпискиот тим на Србија го сруши и својот рекорд по број на медали. Севкупно, ова е деветти медал за Србија на Игрите во Токио, и со тоа го надмина резултатот од Рио за еден медал.

Милица Мандиќ (таеквондо) и Јована Прековиќ (карате) освоија златни медали со ватерполистите, Дамир Микец (стрелаштво) освои сребро, додека со бронза ќе се вратат српските кошаркари и одбојкарките , Миленко Себиќ (стрелаштво), Тијана Богдановиќ (таеквондо) и Зураб Датунашвили (борење).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мила Кунис и Ештон Кучер го покажаа својот дом- нивната дневна соба ќе биде голем тренд во 2027.

Холивудскиот пар Мила Кунис и Ештон Кучер покажаа дека луксузните ентериери не мора да значат мермер, беспрекорно бели ѕидови и скап мебел. 

Мила Кунис и Ештон Кучер го покажаа својот дом- нивната дневна соба ќе биде голем тренд во 2027.

Нивниот дом ја комбинира естетиката на селска куќа со софистицирани детали, а резултатот е простор што зрачи со топлина, елеганција и автентичност, објави Хоум енд Гарден.

Нивната дневна соба е одличен пример за нов правец во дизајнот на ентериер што дизајнерите го најавуваат за 2027 година. Модерниот рустикален стил добива побогата, потопла и полуксузна димензија.

Модерниот стил на селска куќа беше исклучително популарен на почетокот на оваа деценија. Се карактеризираше со бели ѕидови, светло дрво и мат црни детали. Сепак, овој препознатлив изглед полека отстапува место на поприродни материјали, поизразени текстури и потопли нијанси.

Во дневната соба на познатата актерска двојка доминира дрвото, додека сивата софа, кристалниот лустер и декоративните перници во пригушени виолетови тонови создаваат интересен контраст со рустичната архитектура.

Желбата на Ештон Качер беше куќата да наликува на стара штала што по неколку децении беше трансформирана во модерен простор за живеење.

Тајната е во комбинирањето на навидум некомпатибилни елементи

Кристален лустер над рустикален мебел е одличен пример за тоа како два сосема различни стила можат да функционираат заедно.

Наместо да купувате комплетен мебел и декоративни комплети од истата колекција, обидете се да комбинирате предмети со различни карактери. Наследената дрвена маса може да изгледа исклучително елегантно со современа ламба, додека рачно изработената керамика ќе ја надополни едноставната полица.

Бои што ќе доминираат во ентериерите во 2027 година

За да се постигне сличен ефект, дизајнерите препорачуваат длабоки нијанси на зелена, теракота, топли кафеави и крем тонови. Посебно внимание треба да се посвети на комбинирање текстури, од памук и лен до плишан и природен дрвен материјал.

Ако имате неутрален тросед, доволно е да ги промените декоративните перници, да додадете мека навлака и да воведете неколку детали во земјени бои.

Изберете перници во различни големини и форми за да избегнете впечаток на претерано стилизиран простор.

Домот треба да се чувствува како место во кое всушност живеете

Она што ја прави дневната соба на Мила Кунис и Ештон Качер инспиративна не е само нејзината раскош, туку и фактот дека не се чувствува како изложбен салон.

Новиот правец во декорацијата на домот не бара да се откажете од минимализмот, но ве охрабрува да му дадете на вашиот простор повеќе карактер. Чувајте ги парчињата мебел што ги сакате, изложете предмети што имаат сентиментална вредност за вас и изберете материјали што убаво стареат.

Затоа што најголемиот луксуз во дизајнот на ентериер не е неговата цена, туку чувството дека, штом ќе ја затворите влезната врата, сте стигнале на место каде што припаѓате.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)

По одличната квалификациска сесија, Марк Маркез доживеа вистинска катастрофа на самиот почеток од спринтерската трка.

Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)

Шпанскиот мотоциклист и десеткратен светски шампион сакаше да ја започне Спринт трката во Валенсија, во својот последен викенд во шампионатот Мото ГП, но неговиот мотор се запали на самиот почеток и тој мораше да ја напушти трката.

Беше многу драматична сцена. Непосредно пред да се изгаснат стартните светла, возачите зад Маркез почнаа да мавтаат со рацете бидејќи видоа пожар. Потоа Маркез сфати дека нешто се случува, а чадот брзо се претвори во оган.

Шпанецот се обиде да го турне моторот во боксот, но пламенот веќе зафатил добар дел од моторот, а тој беше малку изгорен. На крајот, стјуардите излегоа со противпожарни апарати и го изгаснаа пожарот на моторот.

Марк Маркез ќе се збогува со шампионатот Мото ГП во недела во 13:00 часот, кога е закажана последната трка од сезоната во Валенсија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството отвори истрага за претепаната жена од Гостивар- притвор за сопругот

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство .

Обвинителството отвори истрага за претепаната жена од Гостивар- притвор за сопругот

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 27 ноември, при вршење на семејно насилство, осомничениот 52-годишник со умисла се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. При расправија во семејниот дом во селото Топлица, осомничениот употребил физичка сила и остар предмет со кој повеќепати ја удирал оштетената во главата, лицето и телото.

На жената и нанел повеќе тешки телесни повреди, убодни рани и скршеници на повеќе ребра од кои таа паднала во бесзонание. Настанот во полициска станица го пријавил таткото на осомничениот, а кога полициските службеници пристигнале на местото, ја пронашле жената без свест.

Ценејќи ги сите околности, тежината на стореното кривично дело, опасноста од бегство и влијание врз сведоци, како и можноста да го доврши делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер