Димитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционери
2Димитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционери
3Мигранти се обидоа илегално да влезат во Обединетото Кралство: Дури 230 луѓе го преминале Ламанш во еден чамец
БалканСрбија: Опозицијата го напушти разговорите во собранието за препораките на ОДИХР Опозицијата го напушти разговорите во собранието за препораките на ОДИХР за изборните услови.Без резултати заврши и третата средба меѓу српската власт и опозиција во собранието со која претседаваше Ана Брнабиќ за спроведување на препораките на ОДИХР за подобрување на изборните услови, а на која присуствуваа претставници на парламентарните партии и амбасадорите на САД и ЕУ, Кристофер Хил и Емануел Џофри, јави дописникот на МИА од Белгад. Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, на прес-конференцијата по средбата рече дека тие го напуштиле „т.н. состанок“. -Нешто што требаше да изгледа како продолжение на дијалогот, рече таа. Според нејзините зборови, средбата била „само шоу за гостите“. Мирослав Алексиќ од Народното движење на Србија пред крајот на средбата изјави дека и денеска власта не покажала желба да се договори со спојување на сите избори (и локални и оние за град Белград) и да се договори за медиумите. -Тие ја планираа средбата за да разговараме за некои работи кои се дел од препораките на ОДИХР, кои во суштина не менуваат ништо. Тоа се измени на тие пет закони, кажа Алексиќ и додаде дека не може да се симулираат разговори за изборни услови во текот на кампањата, а СНС веќе го доставила избирачкиот список и ја почна кампањата за изборите за град Белград. -Тоа е потврда дека власта не сака суштински да промени ништо, не ја сака опозицијата, не сака да се намалат политичките тензии во општеството, туку да манипулира и да продолжи да создава привид дека нешто се случува, истакна Алексиќ. Опозицијата на претходните средби изнесе три барања: формирање на комисија која ќе го проверува избирачкиот список, отворање на Радио телевизија на Србија за сите учесници на изборите и спојување на Белградските и сите локални избори. Властите ги прифатија првите две барања, а третото го одбија, по што опозицијата најави дека не сака да преговара за првите две додека не се прифатат сите три барања. Опозицијата упати писмо и до ОБСЕ со барање да се назначи специјален пратеник кој ќе посредува меѓу власта и опозицијата. На оваа трета средба на претставниците на опозицијата и власта, за разлика од претходните, присуствуваа и претставници на невладините организации - ЦРТА, ЦЕСИД и Транспарентност Србија. Присуствуваа и американскиот амбасадор Кристофер Хил и шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануеле Џофре, како и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Србија, Јан Брату.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
МакедонијаИван Анастасовски во „Вести плус“Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Иван Анастасовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Провокативната Нивес со интересни фотки и поракаХрватската, старлета, пејачка, водителка, писателка и инфлуенсерка Нивес Целзијус повторно го привлече вниманието на своите следбеници на социјалните мрежи, овојпат со фотографии од одмор што ја доловуваат летната атмосфера. Бујната Нивес сподели фотографии од одморот, а покрај објавата остави кратка, но впечатлива порака. „...кожата ми гори, срцето ми трепери...“, напиша Нивес. Стиховите што таа ги избра дополнително ја истакнаа атмосферата што сакаше да ја пренесе преку фотографиите, а објавата не остана незабележана од нејзините следбеници. Нивес често споделува моменти од своите патувања и одмори во текот на летните месеци, а нејзините објави редовно привлекуваат големо внимание кај јавноста. Тагови: нивес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
ЖивотБелгиски нуркач пронашол необично богатство во потонат брод Неверојатно откритие во близина на брегот на Довер го привлече вниманието и на експертите и на љубителите на историјата. Белгискиот нуркач и подводен фотограф Стеф Панис открил гајба со недопрени шишиња пиво и џин во остатоците од брод што потонал во 1864 година кај Довер, во југоисточна Велика Британија; едно шише со етикета „Guinness London“ привлече меѓународно внимание, а компанијата „Гинис“ изјави дека би сакала да го испита во својата лабораторија. Нуркачот го открил потонатиот брод „Миндоро“ на длабочина од 25 метри и внатре пронашол гајба со шишиња, меѓу кои и едно од познатиот бренд за пиво, пренесува фламанскиот радиодифузер VRT. „Ова шише ми го привлече вниманието бидејќи, исто како шише шампањ, имаше некаков вид капаче на врвот“, изјавил Панис. Тој истакнал дека на шишето со пиво, кое 162 години лежело на морското дно, стоела етикетата „Guinness London“ – што е особено интересен детал со оглед на тоа што пивото „Гинис“ се произведува во Ирска, а не во Лондон. Панис објасни дека од компанијата „Гинис“ дознал оти, во времето кога потонал бродот, вообичаена практика било пивото да се транспортира во буриња до разни локации – вклучително и Лондон – за таму да се флашира и дистрибуира. „Миндоро“, бродот во чија близина биле пронајдени шишињата со алкохол стари 162 години, бил дрвен едреник што превезувал колонијален товар на пат кон Ванкувер. Покрај остатоците од бродот, на морското дно биле пронајдени и прибор за јадење, чинии, бројни шишиња вино, пиво и џин, како и делови од пушки и воени ремени. „Таму [во Ванкувер] бил стациониран полк на британската армија, а бродот превезувал залихи за нив. Нуркањето до остатоците од бродот е како патување низ времето, така да се каже“, рече Панис.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook