Србија: Одададена почит на 1.300 Македонци од Вардарскиот полк загинати во Првата светска војна - Канал 5

Србија: Одададена почит на 1.300 Македонци од Вардарскиот полк загинати во Првата светска војна

Во организација на здружението Кочо Рацин од Белград, Македонците во Србија, во Костолачка коса меѓу Костолац и Пожаревац им оддадоа почит на 1.295 загинати Македонци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна.

Србија: Одададена почит на 1.300 Македонци од Вардарскиот полк загинати во Првата светска војна

Во организација на здружението Кочо Рацин од Белград, Македонците во Србија, во Костолачка коса меѓу Костолац и Пожаревац им оддадоа почит на 1.295 загинати Македонци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна, барајќи воедно на постоечкиот споменик во црквата Св. Ѓорѓи да се постави нов на кој на македонски јазик, наместо „Вардарци“ ќе пишува дека се „Македонци“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Бараме споменик за паднатите Македонци, во село Петка каде има споменик, но не и за Македонците. Имаме идејно решение за споменик на кое на македонски и на српски јазик е напишано дека се Македонци. Минатата година поднесовме барање до претседателот Александар Вучиќ, до Ана Брнабиќ, до Министерството за култура на Србија и добивме одговор од Министерството за труд и боречки прашања-сектор за боречка заштита дека со задоволство ја поддржуваат иницијативата со која се негуваат сеќавањата за жртвите од Првата светска војна, но и дека немаат планирано средства за таа година, со надеж за следната година нашата иницијатива да се реализира, изјави Лидија Демниева, претседател на Македонското здружение Кочо Рацин од Белград.

Таа додаде дека и оваа година сè уште не можат да го реализираат барањето кое го поднесле лани и дека немаат никаков одговор од надлежните институции.

За време на Првата светска војна, Кралството Србија изврши мобилизација на Македонците во тогашна Јужна Србија, од кои е формиран Вардарскиот баталјон, со вкупно 1.300 Македонци. Од нив во борбите со австро-унгарската и германската војска, борејќи се во рамки на српската војска, загинат е речиси целиот баталјон или вкупно 1295 војници, од кои 473 во борбите за одбраната на Белград и Смедерево, 627 војници загинаа на Костолачка Коса, 60 македонски војници се загинати при повлекувањето на српската војска кон Албанија, каде загинуваат уште 60 војници, така да Првата светка војна ја преживеале само пет македонски војници.

-На ова место заедно се бореа Македонци и Срби во 1915 година против австро-унгарските напади и тука тие успеаја да се одбранат и да ја одбијат австро-унгарските војска. Од нивниот вкупен број само 5 Македонци успеале да стигнат до крајот со српската војска до Крф, истакна на историското потсетување д-р на историски науки, Гордан Бојковиќ од Пожаревац.

На одбележувањето на кое беше одржано историско потсетување за овие храбри Македонци, присуствуваа Македонците од Србија, делегација од општина Костолац, претставници на партијата Левица и Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тен Хаг: Испаѓањето на Манчестер Ј. од Премиер лигата не е невозможно сценарио

Испаѓањето на Манчестер Јунајтед од Премиер лигата не е невозможно сценарио, смета поранешниот тренер на англискиот гигант, Ерик тен Хаг.

Тен Хаг: Испаѓањето на Манчестер Ј. од Премиер лигата не е невозможно сценарио

Испаѓањето на Манчестер Јунајтед од Премиер лигата не е невозможно сценарио, смета поранешниот тренер на англискиот гигант, Ерик тен Хаг, кој предупредува дека кризата на „Олд Трафорд“ би можела да добие сериозни размери доколку тимот продолжи да бележи лоши резултати.

Холандскиот стручњак, кој помина две и пол години на клупата на Јунајтед, истакна дека квалитетот на клубовите во англиското првенство е толку изедначен, што ниту еден тим не е безбеден од борбата за опстанок.

– Во Премиер лигата тоа е секако можно, бидејќи сите тимови се едноставно многу силни. Имаат квалитетни состави и добри тренери. Ако еднаш завршите на погрешната страна и западнете во маѓепсан круг, ситуацијата може да стане навистина многу тешка – изјави Тен Хаг во интервју за „ESPN“.

Манчестер Јунајтед се наоѓа во сериозна резултатска криза и моментално е веднаш над зоната за испаѓање. Иако до крајот на сезоната има уште многу натпревари, позицијата на еден од најтрофејните англиски клубови предизвикува сè поголема загриженост.

„Црвените ѓаволи“ не испаднале од највисокото ниво на англискиот фудбал уште од 1974 година, но продолжувањето на слабите резултати би можело да ја загрози и таа традиција.

Сепак, Тен Хаг ја искористи можноста да се осврне на својот престој на „Олд Трафорд“, истакнувајќи дека неговиот тим постигнал многу добри резултати и покрај бројните проблеми.

– Сметам дека завршивме повеќе од добра работа со Јунајтед. Тешко дека можевме да направиме многу подобро. Пред нашето доаѓање, клубот немаше освоено трофеј шест години, а ние игравме на „Вембли“ шест пати, стигнавме до две финалиња во ФА Купот, освоивме два трофеја и завршивме на третото место. Тој призна дека за време на неговиот мандат имало и тешки периоди, но потсети на високите барања во Премиер лигата и конкуренцијата со која се соочува секој клуб. Тен Хаг доби отказ во октомври 2024 година, по што Манчестер Јунајтед продолжи со потрагата по стабилност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холандската полиција и Европол издадоа потерница по атрактивна Србинка поради учество во грабеж од 40 милиони евра

Холандската полиција распиша меѓународна потрага по Нинослава Јовиќ (41) од Ниш, која се сомничи дека учествувала во еден од најголемите грабежи на накит во Европа. 

Холандската полиција и Европол издадоа потерница по атрактивна Србинка поради учество во грабеж од 40 милиони евра

Станува збор за спектакуларна кражба на престижниот саем за уметност и антиквитети „TEFAF“ во холандскиот град Мастрихт, што се случила на 28 јуни 2022 година, при што бил украден накит во вредност од околу 40 милиони евра.

Нинослава Јовиќ се наоѓа на листата на најбарани бегалци во Европа, а нејзината фотографија и опис се објавени на веб-страниците на холандската полиција и на Европол.

Според истражителите, таа моментално живее во Србија, а последен пат е видена во Ниш. Сепак, полицијата не ја исклучува можноста таа да патува и во други земји.

За информации што би довеле до апсење на осомничените, обвинителството во холандската провинција Лимбург понуди награда од 20.000 евра.

Според холандската полиција, Јовиќ не е обвинет за директно учество во кршењето на излозите и одземањето на накитот, туку е осомничен дека имал помошна улога во грабежот.

Таа е еден од петмината државјани на Србија кои холандските власти ги бараат поради оваа кражба. Покрај неа, на потерниците се наоѓаат и Александар Цениќ (50), Александар Стојиљковиќ (50), Душко Димитријевиќ (50) и Братислав Стојановиќ (41).

Истражителите се сомневаат дека четворицата мажи се членови на криминалната група „Пинк Пантер“, позната по грабежи на луксузни продавници и вредни предмети ширум светот.

Холандската полиција исто така објави детален опис на Нинослава Јовиќ, со цел да се олесни нејзиното идентификување. Според достапните податоци, станува збор за 41-годишна жена, со српска националност, која има кафеави очи и коса што може да биде природно кафеава или обоена во руса боја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Како што најавивме СДСМ поднесе интерпелација за поранешниот вицепремиер, сега министер за локална самоуправа во владата на Мицкоски -  Иван Стоилковиќ.

СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Време е за политичка одговорност на еден од извршителите на Вучиќ, на кинеските и руски агенди, за ширењето омраза и величењето воени злосторници.

Основите на интерпелацијата се јасни: недозволиво и недолично однесување кон пратениците со што се руши достоинството на Собранието и политичко дејствување кое е спротивно на националните и стратешки интереси на Македонија.

Стоилковиќ не им служи на граѓаните на Македонија а за неговото останување во Владата директно е одговорен Христијан Мицкоски.

Неговата поврзаност со српски разузнавачки структури и неговите јавни настапи и активности поврзани со Русија отвораат сериозно прашање: чии интереси застапува како член на македонската Влада?

Македонија е членка на НАТО и земја со надворешна политика усогласена со надворешната политика на Европската Унија.

Промовирањето спротивни геополитички агенди ја поткопува довербата кај сојузниците и им нанесува штета на нашите национални интереси.

Го отвораме и прашањето за неговото патување во Кина и настапувањето со делегацијата на СНС и Вучиќ.

Интерпелацијата ги опфаќа и содржините со кои се велича Ратко Младиќ, осуден за геноцид.

Луѓе кои величаат осудени воени злосторници и релативизираат воени злосторства не треба и не смеат да извршуваат јавни функции.

Особено што во конкретниот случај постои и кривично дело согласно Кривичниот законик, што се однесуваат на одобрување или оправдување геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства.

Министер во земја членка на НАТО мора да ги почитува државните стратешки определби.

Не може функцијата да ја користи за промоција на политики што ги поткопуваат.

На ова се надоврзуваат пцуењето, навредите и заканите во Собранието кон пратениците од СДСМ, до Фатмир Битиќи и до мене лично, како и до пратеничката Арбана Пашоли.

Министер има обврска да одговара пред Собранието и да ја прифаќа парламентарната критика. Кога на поставени прашања и критики возвраќа со закани, тој го погазува достоинството на институцијата и покажува дека не е достоен за функцијата.

Стоилковиќ не беше повикан на одговорност ниту некогаш лично се извини.

Затоа политичката одговорност треба да се утврди пред Собранието.

Државната функција не е партиска пропусница. Македонија има свои институции, свои интереси и своја надворешна политика.

Стоилковиќ е дел од тој систем. Мицкоски го постави, го задржа и политички го штити.

Затоа оваа интерпелација е прашање на државно достоинство, суверенитет и политичка одговорност.

Со оваа интерпелација бараме политичка одговорност и јасен одговор од парламентарното мнозинство: дали ќе го заштитат достоинството на Собранието и државните интереси или ќе го заштитат Стоилковиќ?

Прес конференција на СДСМ - Митко Трајчулески, пратеник

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер