Србија обвини маж за шпионажа во корист на Бугарија - Канал 5

Србија обвини маж за шпионажа во корист на Бугарија

Во српскиот град Босилеград е уапсено лице поради сомнение дека сторил кривично дело шпионажа, соопшти Вишото јавно обвинителство Врање.

Србија обвини маж за шпионажа во корист на Бугарија

„Тој е обвинет за соопштување тајни воени информации на членови на странска организација на Република Бугарија, што може да предизвика штетни последици за безбедноста, одбраната и воените интереси на земјата“, соопшти Обвинителството.

Осомничениот Љ.Г. (61) е од Босилеград и е уапсен по континуираната работа на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Воено-безбедносната агенција (ВБА), полицијата и обвинителството во Врање.

Се наведува дека уапсениот со кривична пријава е изведен кај надлежниот обвинител во Врање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По забелешката на нашиот Видиновски, Култура со брза реакција!

По видеото на новинарот Александар Видиновски, поставено е ново македонско знаме пред Министерството за култура и туризам.

По забелешката на нашиот Видиновски, Култура со брза реакција!

Брза реакција од Министерството за култура и туризам, по забелешката на новинарот на Канал 5, Александар Видиновски во врска со искинатото македонско знаме поставено пред оваа институција.

Сега пред Министерството се вее ново знаме на Македонија, онака како што доликува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе учествува на состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Њујорк

Премиерот Мицкоски и лидерите од регионот денеска на ручек со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, на маргините на Генерално собрание на ОН во Њујорк. 

Мицкоски ќе учествува на состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Њујорк

Средбата на лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан доаѓа во пресрет на новата стратегија за проширување која ЕК ќе ја објави точно за една недела, а со која фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, во зависност од напредокот во реформите.

Премиерот Мицкоски претходно од САД повика на вклучување на претставници на ЕУ, со цел да помогнат за подобрување на дијалогот за разликите со Бугарија.

Токму европската перспектива на земјава била една од темите на средбата меѓу премиерот Мицкоски и неговиот словенечки колега Јанез Јанша синоќа во Њујорк. Како што објави Мицкоски на социјалните мрежи, двајцата премиери разговарале и за продлабочување на политичката и економската соработка, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и светот.

- Нашиот став е јасен – европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности. Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер, му рекол Мицкоски на Јанша.

Македонија синоќа во Њујорк беше претставена и од сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, на приемот што го организираше првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери кои учествуваат на 81. Генерално собрание на ОН. Приемот бил организиран во рамките на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“.

– Заедно, ние претставуваме прекрасен спој на култури, јазици, истории и традиции. Сите сме обединети околу една вечна вистина: иднината на нашиот свет ќе биде одредена од она што денес го правиме за нашите деца, порачала првата дама на САД на приемот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа

Документација поврзана со основање на заедничко друштво со странски партнер, владини одлуки, како и финансиски трансакции поврзани со набавката на видеолотариски терминали, се дел од материјалните докази 

Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа

Документација поврзана со основање на заедничко друштво со странски партнер, владини одлуки, како и финансиски трансакции поврзани со набавката на видеолотариски терминали, се дел од материјалните докази кои денеска обвинителството ги изведе пред судот на рочиштето за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра. Според обвинителите изведените докази се однесуваат на надлежностите кои поединечно ги имал секој од обвинетите во предметот.. во наредниот дел од постапката како што пјаснија како сведок на обвинителството ќе се појави и актуелниот директор на државна лотарија Климовски

- Денеска беа изведувани докази во насока на нивната надлежност, односно докази со кои обвинителството ќе се обиде да докаже дека тие ги преќекориле тие овласутавања. Понатаму беа изведувани докази по однос на нивното својство на сторување на делото, на кратко кажано и докази коишто се однесуваат на тоа на кој начин се носени одлуките од страна на органите на управување на друштвото. изјави тонско обвинител Даниел Коцев .

– Во нашата листа на докази е директорот на државна лотарија, кој е предложен како сведок на обвинителството односно како сведок претставник, кој што ќе треба да се произнесе во однос на имотно правното побарување, кривичниот прогон и така натака,- изјави Александар Давчевски.

За одбраната пак, изведувањето на доказите на обвинителството покажало дека дека обвинението е конфузно, но и дека обвинетите не сториле кривично дело.

-Првично по изведените докази се засилува нашата теза дека обвинението е слабо, нејасно и контрадикторно. Од самите докази што ги видовме денеска произлегува дека обвинетите не само што не ги ставиле делата кои им се ставаат на товар туку напротив тие постапувале по инструкции на владата, со претходна согласност од владата и само го штителе државниот интерес,- изјави Јордан Апостолски, адвокат на обвинетиот Бојан Јанев .

Следното рочиште со изведување на материјалните докази на одбрана ќе се одржи на 30 септември. Првообвинет во предметот за проневери во државна лотарија се ексдирекророт Перпарим Бајрами, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, како и уште шестмина други

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер