Србија обвиена во црно по двата масакри: Денеска погреб на десет жртви - Канал 5

Србија обвиена во црно по двата масакри: Денеска погреб на десет жртви

На белградските гробишта денеска ќе бидат погребани четворицата ученици и еден обезбедувач кои беа убиени во пукотницата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, додека петте жртви од пукотницата кај Младеновац ќе бидат погребани во Мали Орашје.

Србија обвиена во црно по двата масакри: Денеска погреб на десет жртви

Во недела се закажани уште три погреби, а во понеделник на Новите гробишта во Белград ќе бидат извршени два погреба.

Во Србија денеска е втор ден на жалост поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Смедерево и Младеновац.

Во два масакра во Србија се убиени 17 млади луѓе - во средата 13-годишно момче застрела и уби осум ученици и обезбедувач во училиштето „Владислав Рибникар“, притоа рани шест ученици и наставник, а еден ден подоцна, 21 годишно момче уби осум лица, а рани 14 кога пукаше врз жителите на неколку села во околината на Младеновац и Смедерево.

Шест ученици и ученички од училиштето во Белград се хоспитализирани со прострелни рани, а две деца се уште се во критична состојба.

Граѓаните ширум Србија и регионот им оддаваат почит на жртвите од двете масовни престрелки.

Вчера беше Ден на жалост во Република Српска, Федерацијата БиХ и округот Брчко, додека Владата на Црна Гора донесе одлука неделата 7 мај да се прогласи за Ден на жалост.

Тридневна жалост е прогласена и во српските заедници на Косово и Метохија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попов: Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решение

Дипломатските напори на владата и продолжувањето на дијалогот со Бугарија оценети како позитивен чекор од страна на МАНУ.

Попов: Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решение

Академик Живко Попов во обраќањето по повод денот на Македонската академија на науките и уметности порача дека во надминувањето на спорот со Бугарија потребно е да се вклучат и европските партнери.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски и понуди на опозицијата да се вклучи во процесот околу дијалогот со Бугарија

Каков е планот на Владата за деблокада на македонските евроинтеграции, кои се очекувањата и рокот кога Македонија ќе преземе следен чекор за излез од ќорсокакот- европската перспектива на државата во фокусот на опозициските пратенички прашања.

Мицкоски и понуди на опозицијата да се вклучи во процесот околу дијалогот со Бугарија

Премиерот Мицкоски пред пратениците дециден дека ЕУ останува стратешка цел за Македонија и тука, како што рече, нема поместување ниту милиметар.

Тој нагласи дека Владата ќе го продолжи дијалогот со Бугарија и понуди опозицијата да биде директно вклучена во процесот.

Премиерот одговараше и на прашања за улогата на министрите Албанци во државното одлучување за националните прашања и македонскиот идентитет.

Според Мицкоски наместо дел од пратениците од албанската опозиција да ја дефокусираат јавноста и да ги бранат ДУИ, треба да се извинат за грешките коишто ги направила претходната Влада за уставното име и францускиот предлог.

Од Левица побараа одговори од премиерот за можен судир на интереси и поврзаност според нив на роднини на Мицкоски со бизнис фирми во Бугарија и финансиски интереси.

Мицкоски ваквите наводи на Апасиев ги оцени како клевети и повика обвинувањата да се изнесат на прес конференција за да се соочат на суд. Меѓу темите на интерес на опозицијата беа и економијата, здравството и животната средина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случај

Многу контроверзи го пратат случајот со бегството на Ива Михаилова во Бугарија, кои отвораат редица дилеми.

Од сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случај

Околу нив но и околу ретроспективата на овој случај деталите ги има Михајло Видимлиски.

Во видеото погледнете ја целата ретроспектива.

-Случајот со 23 годишната Ива Михаилова од Кочани која поседува и македонско и бугарско државјанство отвори низа прашања околу тоа како лице обвинето за сообраќајна несреќа со смртни последици, на кое му биле определени мерки за обезбедување присуство, се нашло во друга држава и зошто институциите немаат евиденција за нејзиното преминување на границата?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер