3Муцунски: Досегашните разговори со Софија се без напредок, потребна ни е помош од ЕУ како најзасегната страна
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
БалканСрбија: Новиот мандатар треба да поднесе експозе, да предложи програма и состав на кабинетотПрофесорот на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград, д-р Ѓуро Мацут, е предложен за мандатар за состав на новата Влада на Србија, што треба да биде избрана најдоцна до 18 април.Професорот на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград, д-р Ѓуро Мацут, е предложен за мандатар за состав на новата Влада на Србија, што треба да биде избрана најдоцна до 18 април, кога истекува законскиот рок, а за нејзин избор треба да гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници, јави дописникот на МИА од Белград. Белградски медиуми пренесоа денеска негов став дека - нема да дава изјави за плановите за работата на новата влада се до неговото експозе во Парламентот, кое се уште не е закажано. Одлуката на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кандидат за премиер на Србија да биде Мацут, е доставена денеска до Народното собрание кое треба да закаже посебна седница, предвидена во Деловникот на Парламентот, на која претставникот ќе го образложи предлогот за членови на својот кабинет и ќе ги презентира планот и програмата на новата влада. Предлогот на кандидатот за премиер претседателот на Собранието на Србија го доставува до пратениците веднаш по приемот. Кога претставникот ќе го изнесе излагањето и ќе го предложи составот на новата влада пред пратениците, се отвора дискусија за кандидатот, презентираната програма и кандидатите за членови на Владата. По завршувањето на расправата,претседателот на Собранието закажува ден за гласање на владината програма и избор на претседател и членови на Владата. Владата се избира доколку за нејзиниот избор гласало мнозинството од вкупниот број пратеници, односно најмалку 126. По изборот на владата, претседателот и членовите на Владата полагаат заклетва пред пратениците, со што почнува мандатот на новата влада. Вучиќ вчера во обраќање рече дека новата влада ќе биде избрана до Велики петок. Српскиот парламент на 19 март ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ, по што започна рокот од 30 дена за избор на нова влада. Вучевиќ на 28 јануари поднесе неотповиклива оставка од таа функција, по напад врз студенти во блокада во Нови Сад. Доколку до 18 април на полноќ не се избере нова влада, претседателот на Републиката е должен да го распушти Собранието и да распише избори, кои, според законот, би се одржале на почетокот на јуни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“.Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“, со кој официјално ќе биде означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата. Настанот ќе се одржи во Музејот на Град Скопје, каде АД ЕСМ ќе ја претстави третата фаза од проектот за ревитализација на хидроелектраните. Во рамки на настанот ќе биде отворена и изложбата „моќта на водата ја преточуваме во енергија“, посветена на развојот на хидроенергетиката и значењето на обновливите извори на енергија. Проектот „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“ е кофинансиран од Европската унија, Германската развојна банка и владата на Германија.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
ФудбалМакедонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промениНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, денеска ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. По поразот од Швајцарија во Скопје, селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери. „Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски. Селекторот посочи дека верува во играчите со кои располага и дека атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво. „Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени.“ Капитенот Столе Димитриевски, пак, истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија. „Знаеме дека не одигравме на посакуваното ниво против Швајцарија. Разговаравме меѓу себе и сега мора да покажеме реакција. Имаме малку време меѓу натпреварите, но мора да се подготвиме, да се поддржиме и максимално да одговориме на задачата. Овој дрес и Македонија заслужуваат да дадеме се од себе“, порача Димитриевски. Голманот на Македонија го очекува и новиот дуел со Јан Облак, со кого со години се среќава во шпанската Ла Лига. „Со Облак имаме натпревари повеќе од десет години и добро знам за каков голман станува збор. Тој е еден од најдобрите. Јас се надевам дека ќе ја завршам мојата работа, ќе ја сочувам мрежата и дека заедно ќе одиграме добар натпревар. Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата“, додаде Димитриевски. Натпреварот Словенија – Македонија се игра од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСветскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активностСветскиот ден на срцето се одбележува денеска под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“.Фокусот е на препознавањето на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон носителите на одлуки со цел да се обезбеди универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи. Светскиот ден на срцето е воспоставен во 2000 година со цел јавноста ширум светот да се информира за значењето и мерките за превенција од болестите на срцето и крвните садови. Според најновите податоци на Светската федерација за срце и Светската здравствена организација, болестите на срцето и крвните садови претставуваат водечка глобална причина за смртност, со околу 20,5 милиони смртни случаи секоја година. Се проценува дека денес повеќе од 620 милиони луѓе живеат со некаков кардиоваскуларен проблем, при што најчести се акутниот инфаркт на миокардот и мозочниот удар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook