Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа
1Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа
Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
2Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
БалканСрбија на секој полнолетен граѓанин му доделува по 100 евра Српската влада денеска издаде указ, во услови на епидемија на коронавирус, со која ќе се доделат по 100 евра на секој возрасен граѓанин.Според српската влада, станува збор за еднократна финансиска помош што ќе се исплати во динари откако ќе заврши состојбата на вонредна состојба во таа земја. Не се објавени повеќе детали освен тоа што владата подетално ќе ги регулира постапката, методот и условите на плаќање. Иако некои српски економисти посочија дека паричната помош ќе се исплатува во ваучери, таа сепак ќе се плаќа во готово. Според проценките на српската влада, оваа сума од по 100 евра ќе го чини државниот буџет околу 600 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправаФилипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ.Не сносејќи никаква одговорност, се расфрлаа со лаги, манипулации и со нивните јавни говори се обидоа да го девалвираат банкарскиот систем. Излажаа за забраната на Алта банка, излажаа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне, дека граѓаните ќе останат без своите пари и што ли уште не излажаа. За на крајот да испадне дека сето тоа што го говореа е лага. Да излезе, дека тие биле првите кои влегле во деловни односи со Алта банка и Давор Мацура. Затоа денес бегаат од надзорната расправа и бегаат од вистината која излезе на виделина. Бегаат затоа што знаат што правеле и мислат дека и другите ќе прават како нив. Едноставно кај Филипче и СДС работи Фројд. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизВикторија и Дејвид Бекам во Париз гордо позираа со својот син на премиерата на неговиот прв филмЏет-сет брачната двојка, Викторија и Дејвид Бекам му дадоа поддршка на својот син Ромео на премиерата на неговиот прв филм.Синоќа, тие присуствуваа на светската премиера на филмот *Forty Love* во Париз, каде што на црвениот тепих им се придружија Ромео и неговата девојка, Ким Турнбул. Ова беше значаен момент за Ромео, кој сега се испроба во актерството, пренесува *People*. Викторија на црвениот тепих се појави во црно сако со крој „oversize“ и нагласени раменици, искомбинирано со црни елегантни панталони и чевли со штикла и зашилен врв. Легендарниот фудбалер сега сопственик на Интер Мајами,изгледаше подеднакво елегантно во темно син костум, бела кошула и темна вратоврска. Својот изглед го заокружи со црвен шал околу вратот и кафеави чевли од велур. Ромео носеше костум со дворедно закопчување, искомбиниран со црно-бела кошула на риги и тесна вратоврска со кариран дезен. Ким Турнбул се појави во долг сатенски фустан во бургундска боја, со отворен грб и драпиран израз на деколтето. Ромео и Ким Турнбул започнаа врска во ноември 2024 година. Нивната врска не беше секогаш стабилна, а во јуни 2025 година, „Пипл“ (People) потврди дека тие раскинале. Подоцна истата година, тие се смирија. Во јануари оваа година, беа забележани во Париз во друштво на помладиот брат на Ромео, Круз, и неговата девојка, Џеки Апостел.Тагови: Викторија Бекам Дејвид Бекам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРубио: „Не сме нападнати“ Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека нема докази оти неодамнешните технолошки дефекти кај американските авиокомпании, банки и технолошки фирми се поврзани или се резултат на сајбер-напад.„Не сме изложени на систематски напад. Овие настани немаат никаква меѓусебна поврзаност“, изјави Рубио, откако зачестените технички проблеми поттикнаа шпекулации за можна координирана акција, пренесува Би-Би-Си. Прекините во функционирањето ги зафатија услугите на „Мајкрософт“ и „Епл“, банката „Џеј Пи Морган Чејс“ и компанијата „Јунајтед ерлајнс“, а поради технички дефект, сите летови во САД беа запрени во траење од повеќе од четири часа. Привремено недостапна беше и внатрешната комуникациска мрежа на Агенцијата за национална безбедност на САД. Американски претставници и експерти за сајбер безбедност изјавија дека нема докази оти инцидентите се поврзани, како и дека проблемите настанале поради технички дефекти и ажурирање на застарени системи.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter