Србија им дава по 100 евра на младите од 18 до 29 годишна возраст - Канал 5

Србија им дава по 100 евра на младите од 18 до 29 годишна возраст

Србија исплаќа по 100 евра државна помош за време на пандемија на младите луѓе на возраст од 16 до 29 години од 1-ви до 3-ти февруари, што критичарите на владата го гледаат како обид за купување гласови пред парламентарните и претседателските избори.

Србија им дава по 100 евра на младите од 18 до 29 годишна возраст

За државна финансиска поддршка од 100 евра во противвредност во динари се пријавиле 1.019.796 млади лица, соопшти министерот за финансии Синиша Мали. За оваа мерка помош од државниот буџет се обезбедени нешто повеќе од 12 милијарди динари или околу 101,7 милиони евра.

Мали најави и дека на 10 февруари за еднократна помош на пензионерите ќе бидат исплатени 20.000 динари, нешто помалку од 170 евра, додека здравствените работници во средината на јануари добиле по 85 евра.

„За време на кризата со коронавирусот, од државниот буџет беа издвоени 8,7 милијарди евра за помош на економијата, претприемачите и граѓаните, што е речиси 18 отсто од БДП“, рече Мали, додавајќи дека државата покажува колку е стабилна и силна.

Истовремено, критичарите на власта посочуваат дека кога ќе се соберат сите пари што државата им ги дала на граѓаните во последните две години непосредно пред изборите, тие изнесуваат околу 1,4 милијарди евра.

Владата вложила толку пари во обид да купи нови гласови, велат соговорниците на порталот Нова.рс. Даница Поповиќ, професорка на Економскиот факултет во Белград, тврди дека буџетот на Србија е веќе во дефицит и дека нема пари за нова помош за младите.

Затоа поради овој предизборен обид за купување гласови дополнително ќе се задолжиме“, рече Поповиќ. Според неа, „секоја влада поткупува гласачи, помалку примитивно и очигледно, но тоа го прави“.

„Вучиќ сега почна да лови гласачи и мора да стави мамка на јадицата, а процени дека може да ги купи со пари, сега од каде ни се тие пари, немаме, буџетот е веќе во дефицит и ќе мора да земеме заеми, за жал, најверојатно од Кинезите, под услови кои ќе останат тајна“, рече Поповиќ.

Политикологот Цвијетин Миливојевиќ не се сомнева дека новата рунда државна помош е обид за „купување гласови пред избори“.

Тој вели дека на граѓаните им е полесно да прифатат да добијат „100 евра од нивните пари“ отколку да слушнат дека државата ќе треба да плати 1 милијарда евра обештетување на рударската компанија Рио Тинто за ископ на литиум или дека се платени 600 милиони за телевизиски пренос од англиската Премиер лига.

Втората работа е што мнозинството граѓани мислат дека Вучиќ им дал пари, а зошто е тоа така, затоа што Вучиќ е и претседател на државата, премиер, министер на сите министерства и претседател на владејачката партија. “, изјави Миливојевиќ за Нова.рс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер