Србија го поднесе барањето до КФОР нејзини безбедносни сили да се вратат на Косово - Канал 5

Србија го поднесе барањето до КФОР нејзини безбедносни сили да се вратат на Косово

Иако без големи очекувања, Србија и официјално го поднесе барањето до КФОР нејзини безбедносни сили да се вратат на северот на Косово. 

Србија го поднесе барањето до КФОР нејзини безбедносни сили да се вратат на Косово

Дека можноста барањето да биде одобрено е минимална, потенцираше и српскиот Претседател Вучиќ кој истакна дека на тој чекор се одлучиле бидејќи сметаат дека така може да се намалат тензиите. Барањето според него, е согласно резолуцијата 1244 и предвидува распоредување на најмногу илјада војници и полицајци. Вучиќ во интервјуто за РТС откри и делови од ажуриранниот Француско – германскиот предлог, кој како што рече, содржи неприфатливи услови за Белград.

-Околу тој најнов документ кој сега стана документ на ЕУ и дел од нашата преговарачка рамка, која е исто така променета. Само слушнете ги член 2 и 3, двете страни ќе се водат од целите и принципите кои се во повелбата на ООН, особено оние кои се однесуваат на суверена еднаквост на сите држави, на почитување на нивната независност, автономија, територијален интегруитет. Едноставно ви доаѓа од кожа да излезете кога ќе го прочитате ова. И ова го даваат на Србија, на која и го уништија територијалниот интегритет.-Александар Вучиќ – Претседател на Србија.

Србија синоќа преку електронска пошта го поднесе барањето до КФОР, истиот ден кога Косово го испрати своето барање за членство во ЕУ. Косовскиот премиер Курти е свесен дека за зелено светло неопходна му е поддршка од Шпанија, Словачка, Грција, Кипар и Романија кои не ја признаваат косовската независност.

-Свесни сме дека нашиот интегративен пат ќе се заснова на нашите заслуги, но интеграцијата значи и признавање, значи и прифаќање, значи и меѓузависност. Покрај нашата заслуга, признавањето од страна на петте земји од Европската унија кои не не признаа секако ќе го олесни забрзувањето на процесот за членство.- Албин Курти – Премиер на Косово.

Шефот на српската диломатија Дачиќ пак, тврди дека имаат силни гаранции од петте земји – членки дека нема да ја променат одлуката за непризнавање. Во меѓувреме, Србите на северот на Косово веќе една седмица протестираат поради апсењето на нивните сонародници, а доцна синоќа излезе и информација дека бил уапсен уште еден Србин од кој до скоро бил дел од припадниците на косовската полиција.

-Барав само информација дали е точно дека е уапсен и каде е? Имаме информација дека е префрлен во Приштина дека не можеме да го видиме и дека е обвинет за воени злосторства. И јас реков кое воено злосторство по 23 години? тој беше и работник во МВР, што е нелогично,-Сузана Трајковиќ – Сопруга на уапсениот полицаец.

Тензиите во Косово се зголемија откако српските претставници во ноември ги напуштија институциите на Косово поради тогашниот проблем со регистарските таблички. Паралелно со српските барикади, седми ден и косовската полиција не дозволува премин на Брњак и Јариње.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар.

Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема.

Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец.

Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин

Денеска, заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“.

Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин

На панел-дискусијата „Градење на компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, говорев за поврзаноста меѓу европската конкурентност, иновациите, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан.

Европа ја црпи својата сила од способноста различноста да ја претвори во соработка, а соработката во заедничко дејствување.

Конкурентноста денес не може да се сведе само на капиталот, големината на пазарите или цената на работната сила, туку сè повеќе зависи од капацитетот да се поврзат знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето и тие врски да се претворат во иновации, продуктивност и одржлив раст.

Западен Балкан не е надвор од Европа, туку е дел од нејзината историја, инфраструктура и безбедносна архитектура, при што Европа и Западниот Балкан ги опишав како „систем на поврзани садови“, во којшто случувањата во еден дел неизбежно влијаат врз другиот.

Прашањето не е само како Западниот Балкан подобро да се поврзе со Европа, туку дали Европа може да си дозволи да остане недоволно поврзана со регион што се наоѓа на пресекот на нејзините стратешки правци, енергетски коридори, пазари и човечки потенцијал, објави на ФБ претседателката Гордана Сиљановска- Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)

Клементин Вон, 22-годишната ќерка на супермоделот Клаудија Шифер и режисерот Метју Вон, ќе го има својот прв настап на престижниот париски бал Le Bal des Débutantes на крајот од месецот.

Ќерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)

Настанот, кој ги собира младите жени од некои од највлијателните семејства во светот, ќе се одржи на 28 ноември и се смета за еден од најексклузивните социјални настани во годината. Меѓу дебитантките оваа година ќе биде Олимпија Баез-Херера, внука на познатата модна дизајнерка Каролина Херера, пишува Hello!.

Клементин има необична сличност со својата позната мајка, од која ја наследила својата препознатлива руса коса, а е заинтересирана за слични области - студира уметност и мода. Клаудија Шифер претходно откри дека двете нејзини ќерки, Клементин и 15-годишната Космина, обожаваат да ѕиркаат во нејзиниот плакар и да позајмуваат облека.

„Уживам гледајќи ги како составуваат модни комбинации. За генерацијата на моите ќерки, споделувањето облека, размената и носењето парчиња од втора рака е нешто сосема природно“, изјави Шифер за „Гардијан“ во 2023 година.

Што е „Le Bal des Débutantes“?

„Le Bal des Débutantes“ е традиционален париски бал чии почетоци датираат од 1957 година. Првично беше замислен како можност за млади жени од угледни семејства да се претстават во општеството и да се запознаат со потенцијални сопруги. Но, во 1997 година, Офели Ренуар го модернизира концептот и го претвори во гламурозен настан што ги слави младите жени, нивните семејства и нивните достигнувања.

Балот е од затворен тип и ги собира членовите на кралските и аристократските семејства и ќерките на влијателни луѓе од светот на бизнисот, уметноста и модата. Посебна карактеристика на настанот се луксузните фустани создадени од познати светски дизајнери за дебитантките, додека на балот ги придружуваат одбрани кавалиери.

Настанот има и хуманитарна цел. Семејствата учеснички собираат средства за добротворни организации со донации, а оваа година парите се наменети за истражување на срцеви заболувања и за Детската болница „Марија Фарери“.

Овогодинешниот бал ќе се одржи во луксузниот хотел „Шангри-Ла Париз“, поранешната палата на принцот Роланд Бонапарта, од која се нуди поглед на Ајфеловата кула.

Кои се другите дебитантки?

Заедно со Клементина, посебно внимание привлекува 21-годишната Олимпија Баез-Херера, внука на Каролина Херера, која на балот ќе носи фустан со потписот на нејзината баба. Меѓу гостите се австриската надвојвотка Зита, која ќе носи креација од Франк Сорбие, и Викторија де Ноај де Муши де Пуа, потомок на француски благороднички и кралски семејства, која го избра дизајнерот Гуо Пеи.

На листата се наоѓаат и близначките Ешли и Брејси Астон, членка на кувајтското владејачко семејство Шајма Ал Сабах и Џулиет Липман, ќерка на коосновачот на издавачката куќа „Република рекордс“, која ќе носи фустан од Оскар де ла Рента.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер