Србија го објави конечниот список за Мундијалот во Русија - Канал 5

Србија го објави конечниот список за Мундијалот во Русија

Селекторот на српската фудбалска репрезентација, Младен Крстајиќ, го објави конечниот список од 23 фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство во Русија.

Србија го објави конечниот список за Мундијалот во Русија

Од списокот отпаднаа четири имиња - Матија Настасиќ, Мијат Гачиновиќ, Немања Максимовиќ и голманот Александар Јовановиќ.

Крстајиќ оваа одлука ја донесе пред заминувањето на српската репрезентација на подготовки во Австрија, каде ќе oдигра два контролни натпревари против Чиле и Боливија.

Конечен список:

Голмани: Владимир Стојковиќ (Партизан), Марко Дмитровиќ (Еибар), Предраг Рајковиќ (Макаби Тел Авив)

Одбрана: Антонио Рукавина (Виљареал), Бранислав Ивановиќ (Зенит), Душко Тошиќ (Гвангжу), Александар Коларов (Рома), Никола Миленковиќ(Фиорентина), Милан Родиќ (Црвена Звезда), Урош Спајиќ (Краснодар), Милош Вељковиќ (Вердер)

Среден ред: Лука Миливојевиќ(Кристал палас), Немања Матиќ (Манчестер јунајтед), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Лацио), Душан Тадиќ (Саутемптон), Адем Љајиќ (Торино), Андрија Живковиќ (Бенфика), Марко Грујиќ (Ливерпул), Филип Костиќ (Хамбург), Немања Радоњиќ (Црвена звезда)

Напад: Александар Митровиќ (Њукасл), Александар Пријовиќ (ПАОК), Лука Јовиќ (Ајнтрахт)

Србија на Светското првенство ќе игра во група Е заедно со Бразил, Швајцарија и Костарика./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 14 до 28 октомври во Скопје ќе се одржи 21. издание на фестивалот „Златна лира“

Две децении и повеќе во знакот на камерната музика и македонското исполнителство,14 - 28 октомври, Музеј на македонската борба.

Од 14 до 28 октомври во Скопје ќе се одржи 21. издание на фестивалот „Златна лира“

Од 14 до 28 октомври во Скопје ќе се одржи 21. издание на фестивалот „Златна лира“, со осум концерти на истакнати македонски музички уметници и камерни ансамбли.

Во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ), од 14 до 28 октомври 2026 година, во Музејот на револуционерната борба во Скопје, ќе се одржи 21. издание на фестивалот „Златна лира“. Со континуитет од повеќе од две децении, фестивалот се етаблира како значајна платформа за афирмација на македонската репродуктивна музичка уметност, со особен акцент на камерното музицирање, негувањето на интерпретативната традиција и претставувањето на различните генерации домашни музички уметници.

Годинашната програма опфаќа осум концертни вечери, во кои камерната музика се претставува низ разновидни инструментални состави, стилски епохи и естетски изрази. Од барокната полифонија и класичната формална јасност, преку романтичарската експресивност, до звучните и ритмичките истражувања на музиката на 20 и 21 век, фестивалот нуди широк пресек на камерниот репертоар. Посебно место заземаат делата на македонските композитори, поставени во непосреден дијалог со европското и светското музичко наследство.

Фестивалот ќе биде отворен на 14 октомври со настап на гитарското дуо „Милонга“, кое го сочинуваат Александра Кировска и Дејан Лазаревски. Нивната програма е обликувана околу експресивните и ритмичките особености на гитарската литература, со нагласено присуство на латиноамериканскиот музички идиом. Делата на Максимио Диего Пујол, Астор Пјацола и Зеќиња де Абреу, заедно со композиции од Јохан Каспар Мерц и Војислав Ивановиќ, отвораат простор за стилски контрасти, виртуозност и богата колористичка палета на двете гитари. Кировска и Лазаревски, кои во последните години остваруваат активна заедничка концертна дејност, негуваат репертоар што ги поврзува класичната гитарска традиција и современите изведувачки пристапи.

На 15 октомври ќе настапи Трио „Интерарт“, во состав Александар Стефановски и Емилија Ристевска Стефановска – флејти и Татјана Божиновска – пијано. Ансамблот, основан во 1997 година, зад себе има богата меѓународна концертна биографија и повеќе значајни признанија, меѓу кои и „Diploma d’Onore“ од меѓународниот натпревар во Париз. Програмата со дела од Гери Шокер, Александар Рубцов, Жан-Мишел Дамаз и македонскиот автор Марко Виденовиќ ги истакнува специфичните можности на овој камерен состав, во кој тембровската сродност на двете флејти се надополнува со хармонската и ритмичката улога на пијаното.

Кларинетистот Бранко Павловски и пијанистката Наташа Трбојевиќ ќе настапат на 20 октомври, со програма што ги обединува романтичарската традиција и современата литература за кларинет и пијано. На репертоарот се дела од Норберт Бургмилер, Шарл-Мари Видор, Луј Каузак, Микеле Мангани и Леонид Перминов, како и Сонатата од македонскиот композитор Благој Цанев. Програмата отвора различни аспекти на кларинетскиот израз – од лирската кантилена и суптилното фразирање до виртуозната подвижност и драматуршката разноликост на сонатната форма. Павловски и Трбојевиќ се уметници со долгогодишно концертно и педагошко искуство, чија дејност зазема значајно место во развојот на македонската камерна сцена.

На 21 октомври пијанистите Јасна Аврамовска и Дарко Мариновски ќе се претстават со програма посветена на литературата за пијано четирирачно. Овој специфичен облик на камерно музицирање, кој бара високо ниво на интерпретативна усогласеност и заедничко обликување на музичката фактура, ќе биде претставен преку дела од Јохан Себастијан Бах, Франц Шуберт, Феликс Менделсон и Едвард Григ.

На 24 октомври виолинистот Момчило Куфојанакис и пијанистката Весна Ангелова Христов ќе изведат програма во која се испреплетуваат класичната елеганција, романтичарската лирика и виртуозната виолинистичка традиција. Покрај сонатите од Моцарт и Шуберт, на репертоарот се Чаконата од Томазо Антонио Витали, прочуената соната „Ѓаволски трилер“ од Џузепе Тартини и „Интродукција и рондо капричиозо“ од Камиј Сен-Санс. Програмата вклучува и дело од македонскиот композитор Стојан Стојков, со што домашното творештво добива свое место во поширокиот историски и стилски контекст на виолинската литература. Куфојанакис и Ангелова Христов се долгогодишни камерни партнери со бројни настапи на домашните и меѓународните концертни сцени.

Посебно место во фестивалската концепција има концертот на млади наградени уметници, закажан за 25 октомври. Со оваа програмска определба, „Златна лира“ ја продолжува својата улога не само како сцена за етаблирани интерпретатори, туку и како простор за афирмација на новите генерации музичари, овозможувајќи им непосредно вклучување во професионалниот концертен живот.

На 27 октомври ќе настапат саксофонистот Лазар Соколов и пијанистката Емилија Кабранова Филипова, со програма која ги истражува изразните и колористичките можности на саксофонот во камерната музика. Делата од Анри Томази, Роже Бутри, Жил Демерсман и Еитор Вила-Лобос носат различни стилски влијанија, од француската инструментална традиција до јужноамериканската ритмичка и мелодиска чувствителност. Македонското современо творештво е застапено преку композициите „Apricity“ и „Lullaby for Marika“ од Јана Андреевска. Дуото Соколов – Кабранова Филипова се одликува со репертоарска отвореност и интерес за музичките јазици што се движат на допирните точки меѓу класичната, современата и џез-музиката.

Дваесет и првото издание на „Златна лира“ ќе биде заокружено на 28 октомври со вокален рецитал на мецосопранот Александра Коцевска и пијанистот Глигор Гелебешев. Во фокусот на завршната вечер ќе биде соло-песната како интимна форма на музичко-поетски израз, во која вокалната интерпретација и пијанистичката фактура се обединуваат во единствена драматуршка целина. Програмата опфаќа песни од Морис Равел, како и дела од македонските композитори Сотир Голабовски и Љубомир Бранѓолица. Коцевска, добитничка на наградата „Златна лира“ за врвни уметнички достигнувања во 2024 година, и Гелебешев веќе повеќе од една деценија градат препознатлива камерна соработка, со особен интерес за вокалната лирика и нејзините разновидни стилски облици.

Со своето 21. издание, „Златна лира“ продолжува да ја афирмира камерната музика како еден од најсуптилните облици на музичка комуникација, во кој индивидуалниот уметнички израз се остварува преку дијалог, заемно слушање и интерпретативно единство. Поврзувајќи ги традицијата и современоста, домашното творештво и меѓународниот репертоар, фестивалот ја потврдува својата улога во одржувањето на континуитетот и видливоста на македонската музичка изведувачка уметност.

Организатор: Сојуз на музичките уметници на Македонија (СМУМ)

Место: Музеј на револуционерната борба, Скопје

Период: 14–28 октомври 2026 година

Влезот на сите концерти од програмата е слободен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каква казна очекува Роналдо – отсуство од националниот тим во траење од половина година?

Португалската фудбалска федерација го суспендираше Кристијано Роналдо откако тој го напушти кампот на репрезентацијата по несогласувањата со тренерот Жорже Жесус.

Каква казна очекува Роналдо – отсуство од националниот тим во траење од половина година?

Португалската фудбалска федерација го суспендираше Кристијано Роналдо откако тој го напушти кампот на репрезентацијата по несогласувањата со тренерот Жорже Жесус, а конечната одлука за времетраењето на казната би можела да се движи во опсег од еден до шест месеци.

Според еден португалски весник, суспензијата била автоматски покрената врз основа на дисциплинските правила на Сојузот, додека дисциплинскиот совет ќе одлучува за нејзиното конечно времетраење.

Казна во времетраење од повеќе од еден месец би можела да значи дека Роналдо ќе ги пропушти следните натпревари на Португалија во Лигата на нациите, против Данска и Велс.

Според американската спортска мрежа ESPN, се очекува казната да биде пократка, а при одлучувањето ќе се земе предвид и извинувањето на Роналдо.

Конфликтот изби за време на натпреварот меѓу Португалија и Норвешка, кој Португалија го доби со 4:2. Според медиумите, Жезус го испратил Роналдо на загревање, но потоа не го вклучил во игра, што искусниот напаѓач го доживеал како навреда и одлучил да го напушти репрезентативниот камп.

Роналдо во вторникот им се извини на своите соиграчи и на португалската јавност, признавајќи дека неговите постапки треба да имаат последици.

„Одговорноста е исклучиво моја. Уште еднаш им се извинувам на Португалците, но прекршеното ветување имаше одлучувачко влијание врз мене. Сметав дека моето останување само ќе му наштети на тимот и го направив она што отсекогаш велев дека ќе го сторам доколку повеќе не се чувствувам корисен – си ги спакував работите и заминав“, изјави Роналдо. Тој додаде дека очекува Португалската фудбалска федерација да го казни за напуштањето на кампот, нагласувајќи дека правилата мора да важат за сите играчи, без оглед на нивниот статус во националниот тим.

„Јас не сум кој било играч, јас сум капитен на тимот, што претставува отежнувачка околност“, изјави Роналдо.

Роналдо одигра 234 натпревари за португалската репрезентација и постигна рекордни 146 гола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на улици, нова пешачка патека и набавка на возила во Зелениково

Локалната власт во Општина Зелениково, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатата година работеше на подобрување на локалната инфраструктура, при што беа реконструирани повеќе локални улици.

ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на улици, нова пешачка патека и набавка на возила во Зелениково

Во населеното место Орешани беше изградена нова пешачка патека, од мостот на главната улица до преминот преку Зелениковска Река.

Општината, исто така, набави повеќе видови возила наменети за одржување на патната инфраструктура и за извршување на комуналните дејности.

Особено значаен за Општина Зелениково е и проектот за градски воз на релацијата Зелениково-Скопје, кој на граѓаните им овозможува подобра поврзаност со главниот град.

Општината и во наредниот период ќе продолжи да работи на унапредување на животната средина, подобрување на условите за живот и создавање поквалитетна и поздрава средина за сите граѓани.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер