БалканСрбија ги ограничи цените на прехрмабените производи во наредните 60 денаСрпската влада денеска ги ограничи цените на основните прехранбени производи на ценовното ниво од 15 ноември годинава за период од 60 дена, со можност оваа мерка да биде продолжена доколку има потреба.Уредбата донесена на денешната седница се однесува на цените на кристалниот шеќер, брашното од типот Т-400, сончогледовото масло за јадење, шунката и свинското месо, млекото со 2,8 отсто млечни масти, соопшти Владата, со образложение дека ценовната граница е поставена за „да се елиминираат штетните последици и спречување на нарушувања на пазарот“. Регулативата нема да важи за веќе намалените цени - распродажби, сезонски намалувања или промотивни продажби - доколку тие важеле на 15 ноември, туку само за редовните цени пред намалувањето. Одлуката, која ќе се применува за 60 дена, со можност за продолжување на рокот доколку е потребно, предвидува производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот за последните 12 месеци, а казните се од околу 850 до околу 16.500 евра, и забрана за вршење дејност во траење од шест месеци до една година. Владата донела и Заклучок за регулирање на меѓусебните права и обврски меѓу јавното претпријатие „Електропривреда Србија“ Белград и откупувачите на електрична енергија на комерцијалниот пазар, со кој се овозможува на сите корисници на кои договорот им истекува на 30 ноември да го продолжат договорот до 31 декември годинава под истите услови, што им гарантира договорни услови за испорака и цени за период од дополнителни 30 дена. Народната банка на Србија (НБС) кон средината на ноември заклучила дека порастот на инфлацијата во Србија најмногу се должи на растот на цените на енергијата и храната, оценувајќи дека таквата состојба може да трае до средината на следната година, кога, според НБС, се очекува инфлацијата да започне на нивото на кое била пред пандемијата. Претходно гувернерката Јоргованка Табаковиќ им порачала на големите трговски синџири дека „како бумеранг се обидуваат падот на прометот да го компензираат со високи цени“. Во средината на ноември, на презентацијата на месечниот извештај на НБС, Табаковиќ потсетила дека инфлацијата во октомври била „6,6 отсто од инфлацијата на годишно ниво, а целниот опсег е три отсто со отстапување од плус-минус 1,5 отсто“. Иако официјалните податоци сугерираат дека инфлацијата на годишна основа во октомври изнесувала 6,6 отсто, економистите прогнозираат дека на крајот на годината, во споредба со декември 2020-декември 2021 година, таа би можела да достигне осум отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
СветПентагон го испраќа трет американски носач на авиони на Блискиот ИстокПристигнуваат 10.000 американски војници на Блискиот Исток. Американскиот весник „Волстрит џурнал“ објави дека Пентагон испраќа трет американски носач на авиони на Блискиот Исток и дека американскиот претседател Доналд Трамп ги разгледува следните чекори кон Иран, вклучително и можноста за продолжување на кампањата на бомбардирање по изборите. Ударната група предводена од носачот на авиони „Теодор Рузвелт“ во неделата замина од Сан Дијего, носејќи меѓу 9.000 и 10.000 војници, а се очекува да пристигне во регионот во ноември. Не е јасно дали распоредувањето на „Теодор Рузвелт“ ќе послужи за замена на друг носач на авиони во регионот или за зголемување на бројноста на американските сили. Во регионот веќе се наоѓаат носачите на авиони „Џорџ Х.В. Буш“ и „Џорџ Вашингтон“, кој во август го замени носачот „Абрахам Линколн“ по неговиот долг престој во регионот. „Џорџ Вашингтон“ вообичаено е распореден во Тихиот Океан и е стациониран во Јапонија. Како што е наведено, Пентагон изготви планови „Теодор Рузвелт“ да биде подготвен за долг престој, што вклучува зголемување на залихите на храна, средства за хигиена и други неопходни материјали, како и подобрување на комуникацијата на морнарите со нивните семејства и на условите за живот на носачот. Минатата недела, Трамп го отфрли предлогот на Иран за седумдневно примирје, оценувајќи го како неприфатлив. Иран најави дека во тој период ќе го отвори теснецот Хормуз, додека високи претставници на американската администрација тврдат дека САД веќе испорачуваат нафта преку тој стратешки премин. Трамп исто така навести можност за продолжување на бомбардирањето на Иран по изборите на средината на мандатот. „Бидејќи со уништувањето на Иран, создадовме мир во светот“, изјави тој вчера за списанието „Тајм“, додавајќи дека „никогаш не може да има мир“ со Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО.Карпош: Доделени спортски стипендии за 2026 годинаПо завршувањето на Јавниот повик за доделување спортски стипендии за талентирани спортисти – жители на Општина Карпош, доделени се спортски стипендии за ученици од VIII и IX одделение за учебната 2026/2027 година. Спортските стипендии од Прва категорија изнесуваат 3.500 денари месечно и се доделуваат за период од осум месеци во текот на учебната година. Спортските стипендии од Втора категорија изнесуваат 3.000 денари месечно и се доделуваат за период од осум месеци во текот на учебната година. Списокот на добитници на спортските стипендии за 2026 година можете да го погледнете на следниот линк: https://shorturl.at/usWM6. Со доделувањето на спортските стипендии, Општина Карпош продолжува со поддршката на младите спортски таленти и нивниот развој, особено на учениците кои со своите индивидуални спортски резултати се издвојуваат на национално и репрезентативно ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИзложба и доделување на наградата ДЕНЕС 2026 во Сули анВо рамки на фестивалот АКТО, денеска, 2 октомври, во Сули-ан (галерија Драгутин Аврамовски – Гуте на Факултетот за ликовни уметности во Скопје), се доделува XX Награда ДЕНЕС 2026.Во рамки на фестивалот АКТО, денеска, 2 октомври, во Сули-ан (галерија Драгутин Аврамовски – Гуте на Факултетот за ликовни уметности во Скопје), се доделува XX Награда ДЕНЕС 2026, најзначајната и најстара независна награда во земјава за млад/а визуелен/а уметник/чка до 35 години. Изложбата на финалистите: Јован Јосифовски, Сергеј Каленикoв и Ана Трајковска и свеченото доделување започнуваат во 20 часот, по што следи DJ сет на Мартина Пенева. Наградата ДЕНЕС, во нов колаборативен формат, годинава носи двомесечен престој во Residency Unlimited (Њујорк) за добитникот/чката, и по едномесечен престој во Галерија „Простор" (Хартефакт, Сплит) и самостојни изложби во Скопје и Сплит (2027) за другите двајца финалисти. Жирито го сочинуваат Натали Онгле (Residency Unlimited, Њујорк), Јелена Мијиќ (мултимедијална уметничка, Белград, добитничка на наградата „Димитрије Башичевиќ Мангелос") и Илија Прокопиев (визуелен уметник, добитник на ДЕНЕС 2011, уметнички директор на галеријата Шкуц, Љубљана). Во првиот круг на жирирање членка беше и Хиба Абид, кураторка во Њујоршката јавна библиотека и членка на комитетот за уметност и култура на градоначалникот на Њујорк. Наградата ДЕНЕС е основана во 2002 од Центарот за современи уметности - Скопје, а од 2015 година ја организира Фaкултет за работи што не се учат во рамки на АКТО, во соработка со мрежата YVAA, Residency Unlimited и Trust for Mutual Understanding (Њујорк).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook