КошаркаСрбија –Франција за место во големото финале на Мундобаскетот Светскиот кошаркарски шампионат во Шпанија вечерва ќе го добие и вториот финалист. За место во големото финале на Мундобаскетот вечерва од 22 часот во Мадрид ќе играат европскиот шампион Франција и одличната Србија.Победникот од второто полуфинале ќе биде противникот на актуелниот мундијалски шампион САД во големото финале. Фрабција и Србија на шампионатот во Шпанија веќе одиграа еден натпревар во групната фаза. Мечот заврши со среќна победа на Франција од половина кош. И вечерва кога влогот е огромен место во големото финале се очекува двете извонредни селекции да одиграат уште еден одличен натпревар. Франција местотот во полуфиналето го избори со изненадувачкиот триумф над домашната Шпанија, а Србија со убедливиот триумф над фаворизираниот Бразил. Вечерва многу работи на теренот повторно ќе зависат од двајцата лидери Борис Диао кај Франција и Милош Теодосиќ во редовите на Србија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахтиОпштина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните. „Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСпасено мече фатено во стапица на планината ЈакупицаНа планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес. Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла. Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар. Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово. Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЗаболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години.Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter