2Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
БалканСрбија формира тим за борба против приемот на Косово во Советот на Европа Министерот за надворешни работи со технички мандат, Ивица Дачиќ, кој е на чело на Владата по изборот на Ана Брнабиќ за претседател на Собранието, потврди за РТС дека е формиран тим за борба против приемот на Приштина во Советот на Европа.Ивица Дачиќ како гостин во Утринската програма на РТС изјави дека на чело на тимот ќе биде тој и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, пишува РТС. „Најголем број луѓе ќе бидат од МНР, но има и од Народното собрание, од кабинетот на претседателот на Републиката, од други министерства, некои други министри - Тања Мишчевиќ, која е за европска интеграција, министерот Момировиќ, кој има многу контакти во однос на надворешната трговија“, изјави Дачиќ. Дачиќ предупредува дека одлуките во Советот на Европа ќе се носат не со закон и правда, туку со сила. „Немаме дилеми. Правдата и правото нема да се видат овде. Овде ќе ја гледаме силата – односно дали некој сака на сила да ја наметне или не“, рече Дачиќ. Тој забележува и дека Советот на Европа е единствената организација каде што имаат шанса да влезат, за разлика од ОН, за што, како што вели, можат само да сонуваат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСрбин е уапсен вчера на Табановце- во јули возел со 166 км/час кај Демир КапијаЛишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 166 км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80 км/ч .На 23.10.2026 во 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(39) од Србија. При проверка на патничко возило „баик“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 15.07.2026 на автопатот Гевгелија - Демир Капија, М.П. го управувал возилото со брзина од 166 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен и задржан во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?Пред дебаклот во Брвеница на предвремените локални избори, Венко изјави дека ќе обзнани анкети во кои СДС имал голем рејтинг и граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ.Две недели по таа изјава на Филипче, ниту трага и глас од анкетите. Го прашуваме Филипче, каде се тие негови анкети во кои СДС има голем пораст во рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ пад? Зошто не ги покаже во јавноста? Зошто ги крие? Дали тие анкети се направени во штабот на СДС? Додека Филипче ветуваше анкети, во реалниот свет, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница со 4 спрема 1, поддршката на Филипче во СДС е на завидно ниво, кој стигне му бара оставка, но ние како ВМРО-ДПМНЕ му даваме целосна поддршка. Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски имаат најголема поддршка од граѓаните, а СДС полека но сигурно со Филипче станува маргинална партија. Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче. Граѓаните ја ценат работата, посветеноста и вистинската грижа која ВМРО-ДПМНЕ ја пружа. Затоа Филипче не сака избори, затоа што ќе доживее дебакл, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсен е Албанец- бил фатен додека пали пожар во прилепско Лишен од слобода албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отвореноНа 23.10.2026 во 14:20 часот на место викано „Коливади“ во атар на с.Житоше, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода М.Џ.(38) од Република Албанија. Тој бил затекнат како предизвикува пожар на сува трева на отворен простор. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп и за настанот бил известен јавен обвинител. Лицето било предадено во ОВР Прилеп, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик – „Предизвикување на општа опасност“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook