Срамна одлука на ЕХФ, финалниот реванш од европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК неодигран - Канал 5

Срамна одлука на ЕХФ, финалниот реванш од европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК неодигран

Финалето на европскиот ракометен ЕХФ куп меѓу Алкалоид и АЕК во полната арена Борис Трајковски во Скопје не се одигра. Гостинската екипа од Атина одби да го игра мечот. 

Срамна одлука на ЕХФ, финалниот реванш од европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК неодигран

Според информациите од Борис Трајковски претседателот на АЕК добил забрана од навивачите ракометарите да го одиграа дуелот во Скопје.

Нејасно е зошто ова го дозволува европската ракометна федерација.Ова сигурно преставува преседан во историјата на европскиот спорт, бидејќи сериозните европски федарации сигурно не дозволуваат ваков дилетантизам.

ЕХФ откако раководството на АЕК не им дозволи на ракометрите, кои се загреваа пред мечот, да го одиграат ревашот, требаше само да го прогласи Алкалоид за победник а натпреварот да го регистрира со службен резултат од 10-0.

Управата на АЕК наводно добила ултиматум од навивачите дека не смее да се одигра мечот без присуство на фановите во Борис Трајковски. Инаку, Алкалоид пред реваншот ги исполни сите законски одредби од правилата на ЕХФ за број на влезници за гостински навивачи.

Срамно, ЕХФ наводно во вторник ќе донесе одлука што ќе се случи со реваншот, дали Алкалоид ќе биде прогласен за победик, или реваншот ќе се игра друг ден.

На првиот меч минатата недела во Атина, Алкалоид победи со 29:25.

Официјалните преставници на Алкалоид како и цела Македонија очекуваат европската куќа на ракометот во вторник да го регистрира мечот со службени 10-0 за македонскиот преставник, и Алкалоид да стигне до првиот европски трофеј во својата четиригодишна историја, титулата во ЕХФ европскиот куп.

Коментаторот на грчката национална телевизија информира дека раководството на АЕК бара одложување на натпреварот со Алкалоид, поради неприсуството на невините навивачи во СЦ „Борис Трајковски“, јави дописничката на МИА од Грција.Од АЕК во текот на денот преку соопштение ги информираа нивните навивачи дека „по утрински безбедносен состанок и покрај упорноста и титанскиот напор на клубот да обезбеди што е можно повеќе билети за натпреварот, локалните власти на земјата донесоа непопустлива одлука дефинитивно да доделат 200 билети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воена воздухопловна база под напад: Се слушаат силни експлозии, се издига густ чад (ВИДЕО)

Областа околу Идлиб и воената воздухопловна база Тафтаназ во Сирија денес беше место на експлозии со непознато потекло, објави информативната мрежа „Сирија нау“, повикувајќи се на очевидци.

Воена воздухопловна база под напад: Се слушаат силни експлозии, се издига густ чад (ВИДЕО)

Според извештаите, експлозиите започнале во 8:00 часот наутро, токму во моментот кога извидувачки авион прелетувал над локацијата.

Снимките што кружат на интернет го прикажуваат моментот кога густ чад се издигнал од кругот на воздухопловната база, експлозиите продолжиле во текот на час и половина.

Локалните жители претпоставуваат дека експлозиите можеби биле предизвикани од детонација на неексплодирани убојни средства во базата, каде што и во минатото се случувале слични експлозии.

Воената воздухопловна база Тафтаназ била втора по големина база за хеликоптери во Сирија пред да стане место на воени операции за време на годините на сириската револуција, објави Ал Џезира.

Таа била под контрола на опозициски фракции сè додека не била претворена во турска набљудувачка станица по договорот за деескалација постигнат во март 2020 година меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот лидер Владимир Путин.

Во текот на септември, во северозападна Сирија се случија низа експлозии, од кои најновата беше во воен објект во близина на градот Ал-Еис, јужно од Алепо. На 9 септември, 14 припадници на Министерството за одбрана загинаа, а неколку други беа повредени во експлозија во привремен магацин за оружје и неексплодирани убојни средства во Сармада, близу Идлиб.

Претходно истиот месец, пет лица загинаа во градот Биниш во експлозија на автомобил натоварен со муниција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.И.(29) и Х.З.(18), двајцата од Скопје, М.И.(21) и Ш.А.(35) од с.Студеничани, скопско, Р.С.(30) и С.М.(19) од Тетово, А.Ф.(25) од с.Врапчиште, гостиварско, Л.М.(48) од Гостивар и Н.Т.(49) од с.Преглово, Општина Пласница.

Додека пак, со активна забрана за управување на моторно возило, возел А.В.(33) од Прилеп. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каранфилова Пановска: Фон дер Лајен потврди дека ЕУ го признава македонскиот идентитет

Пораката на фон дер Лајен го потврдува она што СДСМ го говори од 2022 година.

Каранфилова Пановска: Фон дер Лајен потврди дека ЕУ го признава македонскиот идентитет

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес конференција со Мицкоски јавно потврди дека местото на Македонија е во Европската Унија, заедно со македонскиот јазик, култура и идентитет што уште една потрда на она што говори СДСМ, рече на денешната прес-конференција заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска.

„Денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред сите, пред целата јавност, кажа дека местото на Македонија е во Европската Унија.“ рече Пановска.

Пораката на фон дер Лајен го потврдува она што СДСМ го говори од 2022 година — дека Европската Унија е унија на различности и дека европскиот пат подразбира целосно признавање на македонскиот јазик и идентитет.

„Воедно, фон дер Лајен кажа дека тие во Европската Унија нè чекаат нас со широко отворени раце, заедно со нашиот јазик, со нашата култура и со нашиот идентитет.“ додаде таа.

Пристапните преговори беа отворени во 2022 година, а скрининг-процесот беше заокружен во 2023 година, за време на Владата предводена од СДСМ. ВМРО и Мицкоски, пак, ширеа хистерија за наводно предавство и ветуваа враќање на името, раскинување на Преспанскиот договор и подобри преговарачки позиции.

„Нè викаа нас предавници. Велеа дека ќе го вратат името. Ветуваа дека ќе го раскинат Преспанскиот договор, ветуваа дека ќе обезбедат подобри преговарачки позиции. И што се случи? Дојдоа на власт. По доаѓањето на власт, Преспанскиот договор за нив стана ремек-дело на дипломатијата. Ветувањата за подобри преговарачки позиции се претворија во блокиран европски процес„ рече Каранфилова – Пановска.

Одолговлекувањето ја влошува позицијата на Македонија. Наместо исчекор во преговорите со Европската Унија, Мицкоски доби упатување кон билатерални разговори со Бугарија, потенцираше заменик претседателката на СДСМ.

„Наместо европеизација добивме билатеризација. Колку се повеќе го одолговлекуваме процесот, позицијата на Македонија ќе се влошува. И тоа денеска се случи.“ рече Каранфилова – Пановска.

Додека другите земји кандидати напредуваат и отвораат кластери, Македонија останува без патоказ.

„Македонија, за жал, после 30 години сериозна стратешка определба, битки и жртви на патот за Европската Унија, ќе остане без патоказ.“ рече Пановска.

Блокадата има последици за иднината на државата: младите и бизнисите заминуваат, а граѓаните остануваат посиромашни. Зад изјавите за наводна заштита на идентитетот останува блокиран европски пат, за кој одговорноста ја носат ВМРО и Христијан Мицкоски.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер