Спуштена завесата на 60-тото јубилејно „Охридско лето" - Канал 5

Спуштена завесата на 60-тото јубилејно „Охридско лето"

Со театарската претстава „Бог на масакрот" во изведба на НУ Турски театар Скопје, вчеравечер на сцената „Долни Сарај" беше спуштена завесата на 60-тото јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето".

Спуштена завесата на 60-тото јубилејно „Охридско лето"

Директорката на НУ „Охридско лето" , Наташа Поповиќ, истакна дека ова јубилејно „Охридско лето" поради ситуацијата со коронавирусот се одржа во термин различен од традиционалниот, пред строго ограничен број гледачи кои во текот на изминатите 27 фестивалски денови можеа да уживаат во 26 музички концерти и шест театарски претстави прилагодени според протоколите за здравствена заштита.

-Уметноста, естетското доживување на врвните концерти и театарски претстави на автентичните локалитети, Античкиот театар, црквата „Св.Софија", предворјето на „Св. Софија", „Долни Сарај", кои ги понудивме на 60-то фестивалско издание се сведоштво дека силата на музиката и театарот се храна за човечкиот дух и во кризни времиња како ова – времето на короната. Бевме пример дека може да се реализира врвна манифестација и покрај сите протоколи што ги предвиде Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство. Покажавме дека културата е таа која може да го промени светот, да го преобрази, да ја победи и болеста, и за миг да внесе убавина во нашето секојдневие. Музиката и театарот нѐ обедини сите, станавме посилни и барем за миг, ги оттргнавме мислите од статистичките бројки на оваа страшна пандемија, рече Поповиќ.

Директорката Поповиќ упати огромна благодарност до сите изведувачи кои, како што кажа, имаа храброст да дојдат во време на најголемата здравствена криза предизвикана од ковид-19 и да настапат пред фестивалската публика.

-Огромна почит и благодарност и до сите кои придонесоа да славиме уште едно возвишено издание на „Охридско лето", до Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, како покровител на фестивалот, со што „Охридско лето" низ годините ја гради својата величина и го оджува приматот на најзначајна културна сцена со богата традиција која ги негува вистинските вредности на уметноста, до Владата на Република Македонија и Министерство за култура за вложувањата во развојот и унапредувањето на културата во државава. Нивната поддршка претставува пример како треба да се негува и одржува еден фестивал. Благодарност и до Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески за заложбите да ја доближиме културата и туристичката понуда до сите гости, посетители, уметници. Упатувам благодарност и до нашите спонзори, помагатели, пријатели, љубители на уметноста, поддржувачи на културните вредности ... посебно до нашиот генерален спонзор, Македонски Телеком, како наш најголемиот партнер на патот кон успесите. Тука се и Амбасадите на Италија, Чешка, Франција и Делегацијата на Европската Унија во земјава со чија помош се реализираа дел од годинешните концерти, рече Поповиќ, потсетувајќи дека приказната „Охридско лето" започна пред шест децении со оперската певица Ана Липша Тофовиќ, чие семејство добива плакета по повод јубилејот, а во знак на неизмерна почит и благодарност кон певицата која го одржа првиот концерт на фестивалот.

Годинешното јубилејно издание, според Поповиќ, немаше да биде беспрекорно организирано без тимот на фестивалот кој професионално, посветено и неуморно работеше на реализацијата на фестивалските вечери, без селекторите на музичката и драмската програма, Даница Стојанова и Александар Поповски, како и без Управниот одбор на фестивалот. Од „Охридско лето", синоќа беше врачена плакета и до екипата на документарецот „Медена земја" за промоција на македонската култура.

Затворајќи го годинешното „Охридско лето", и Турскиот театар од Скопје одбележа 7 децении од постоењето.

-Последната претставата ја одигравме на 28 февруари годинава, и оттогаш сцената во нашата национална установа се затвори. Но, ние направивме напор, и од сѐ што досега има сработено Турски театар, од сите претстави, пробавме да направиме видео-записи. Се надеваме дека од септември ќе се изнајде протокол, ако ништо повеќе, барем да ги подготвиме проектите што ни ги одобри Министерството за култура, а тоа се четири претстави, сите наменети за јубилејот, изјави директорката на Турски театар-Скопје, Несрин Таир.

Претставата со која беше спуштена завесата на „Охридско лето" ја режираше Билге Емин, на текст од Јасмина Реза. Актерите Сузан Акбелге, Филиз Ахмет, Џенап Самет и Селпин Керим на сцената покажаа дека насилството постои во луѓето, дивјаштвото што демне во секој од нас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА

Азиската фудбалска конфедерација (AFC) го поддржа Џани Инфантино за нов мандат како претседател на ФИФА. 

Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА

Ова е целосен пресврт, бидејќи истата организација пред само два месеци остро го критикуваше светскиот фудбалски лидер и го обвини за предавство на нивната доверба.

На вонредниот Конгрес на AFC во Токио, претседателот на конфедерацијата, шеикот Салман бин Ибрахим ал-Калифа, јавно го поддржа Инфантино, прегрнувајќи го пред членовите. „Ја потврдуваме нашата целосна поддршка за вас и вашето лидерство во вашата кандидатура за нов мандат како претседател на ФИФА“, рече шеикот Салман. „Посетивте многу азиски земји и разговарав со многу членови од овој континент. Запознаен сум со вашите ставови и гледам дека вашата посветеност е јасна.“

AFC обединува 47 национални асоцијации. Дури и ако не сите се согласуваат со ставот на шеикот Салман, овие гласови би можеле да бидат клучни за Инфантино да обезбеди нов мандат. Изборите за претседател на ФИФА ќе се одржат во март, а номинациите се прифаќаат до 18 ноември. Досега, Инфантино нема противник.

Од критики до поддршка

Поддршката претставува остар пресврт за шеикот Салман. Во август, АФЦ им се придружи на УЕФА и Конфедерацијата на фудбалски асоцијации на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) велејќи дека Инфантино направил „фундаментално кршење на довербата“. Во отворено писмо, тие повикаа на „лидерство кое му служи на фудбалот, а не на такво кое се обидува да му диктира“.

Шеикот Салман, во своето обраќање до Инфантино, истакна дека не сите членови веројатно би се согласиле со одлуката да го поддржат, но додаде дека очекува мнозинството да го поддржи. „Уверен сум дека мнозинството од нашите членови го делат моето мислење“, рече тој. „Ви го кажав ова и претходно“.

Пресвртот дојде откако Инфантино се извини пред Советот на ФИФА, кој самиот го води, во Цирих минатата недела за „грешките“ поврзани со планот од 4,2 милијарди долари. Планот оттогаш е напуштен и предвидуваше продажба на делови од Светското првенство на приватни инвеститори.

Шеикот Салман се осврна на овие несогласувања во својот говор. „Да, имавме проблеми за кои разговаравме и претходно“, рече тој. „Но, не треба да ги поврзувате двете. Мислам дека на нашите последни состаноци во Цирих јасно ставивте до знаење дека постои разбирање меѓу нас.“

Повеќе пари за сојузите

Дури и пред поддршката од Азија, Инфантино беше блиску до обезбедување на супермнозинство гласови од 211-те асоцијации членки на ФИФА. Најсилниот аплауз на конгресот дојде на крајот од говорот на шеикот Салман, кога тој ја повтори својата поддршка за Инфантино. Претседателот на ФИФА потоа се качи на говорницата и призна одредени пропусти. „Кога многу работиш, правиш многу добри работи, што се надевам, но се случуваат некои грешки“, рече тој.

Тој доби нов аплауз кога спомена дека под негово водство, асоцијациите добиваат значително повеќе пари. „Пред да станам претседател на ФИФА, а некои од вас беа тука и се сеќаваат на тоа, секоја федерација добиваше еден милион долари на секои четири години. Од 1 јануари следната година, таа сума ќе биде 25 милиони долари“, заклучи Инфантино.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

На овој ден човек чувствува потреба внимателно да ги избере зборовите, затоа што зборува за луѓе кои своите зборови ги потврдувале со непосредни дела, а најчесто и со сопствениот живот. 

Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

За луѓе кои прифатиле да изгубат сè што имале, уверени дека нивните деца заслужуваат да добијат нешто поголемо, повозвишено и подобро, слободна татковина.

Пред повеќе од еден век, во Солун, започна организираното револуционерно движење кое длабоко ќе ја одбележи македонската историја. Формирањето на ВМРО недвосмислено одбележа една неповторлива епоха и голгота кои се автентичен израз на македонската слободарска мисла и дејание. Но имале вера, имале храброст, имале цел. Имале убедување дека нашиот народ заслужува слобода и решеност за таа слобода да преземат лична одговорност.

И кога некој од страна, а неретко и некој од сопствениот род, ќе сака да си поигра или да ја омаловажи улогата и големината на нашето револуционерно дело, да нè прикаже како вакви или такви, како мали и неважни, нека не заборава дека сè уште во нас живее пркосот на Узунов, посветеноста на Груев, мудроста на Татарчев, храброста на Питу, големината на Гоце. Тоа се луѓето од нашиот род пред чие дело и чии свети идеали се поклонуваме.

Од таа нивна решеност израснаа генерации кои ја носеа македонската идеја низ прогони, затвори, востанија и војни. Татковината се создаваше низ лелеци и крици, низ постојана жртва, не низ аплаузи и подарени слободи.

Денес ја имаме таа држава. И токму затоа нашата одговорност е толку голема. Да бидеме свои на своето е нашата најважна потреба, важна за нашето опстојување. Да бидеш свој на своето значи да стоиш со крената глава на земјата што ги памети твоите предци и да градиш иднина што ќе ги чува твоите деца. Тоа е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме. А оние кои се шнајдери на историјата што мислат дека со вето можат да ни ја прекројат историјата, им порачувам: нашето паметење не подлежи на нивно одобрување. Ниту еден притисок не може да го избрише Гоце Делчев од срцето на македонскиот народ. Затоа што Гоце е вткаен во нашата борба, во нашата слобода, во нашето постоење, Гоце е Македонија!

Нашиот ред да изградиме држава во која човекот ќе има достоинство, младите ќе имаат надеж, а родителите ќе имаат спокој. Сакам еден ден нашите деца да можат да кажат: „Нашите родители веруваа во Македонија. Останаа исправени кога беше тешко. И ни оставија земја во која вреди да се живее.“ Тоа ќе биде нашиот најголем успех. Тоа ќе биде нашиот одговор пред историјата.

Затоа, да се исправиме пред одговорноста на нашето време! Со сета сила што ја имаме, со сета љубов што ја носиме, да ја направиме оваа земја достојна за соништата на нашите деца!

Ова е нашиот дом. Ова е нашето време. Ова е нашата одговорност.

Свои на своето - денес и за сите што доаѓаат по нас!

Нека е вечен споменот на македонските револуционери.

Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес од 5,6 степени ја погоди јужна Италија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на Сицилија, соопшти ЕМСЦ. 

Земјотрес од 5,6 степени ја погоди јужна Италија

Земјотресот е регистриран во 12:19 часот по локално време, на длабочина од 10 километри.

Епицентарот бил на околу 99 километри североисточно од Палермо и 76 километри северозападно од Капо д'Орландо. Засега нема информации за штети или повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер